ЕУ инвестира милијарди во иднината на транспортот: Железници, пристаништа и патишта низ Европа подготвени за голема модернизација


Европската Унија инвестира милијарди евра во реновирање на железници, пристаништа, патишта и аеродроми низ целиот континент за да го направи патувањето побрзо, побезбедно и поеколошки. Европската Унија инвестира речиси 2,8 милијарди евра во 94 нови транспортни проекти низ целиот континент, со цел подобрување на врските меѓу европските градови и региони, но и да го направи […]

Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот


Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја продолжи расправата по амандманите на Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2025 година. Вчера беа разгледани, но не добија поддршка неколку амандмани поднесени од опзициските пратеници, меѓу кои и амандманот од пратениците од СДСМ за одредување буџетски средства за повредените во пожарот во […]

Цените на ретките земни метали пораснаа поради новите кинески извозни контроли


Цените на ретките земни метали нагло пораснале во мај, откако Кина воведе построги извозни контроли, покажува месечниот индекс на суровини на Баварската индустриска асоцијација (vbw), јави ДПА. Вкупно, цените на овие метали – клучни за високотехнолошко производство во електрониката, автомобилската и одбранбената индустрија – пораснале за 8 проценти во доларски износ. Некои елементи забележале и […]

Акциите на Тесла потонаа откако Маск најави политичка партија


Акциите на Тесла паднаа за речиси 7% еден ден откако извршниот директор Илон Маск објави формирање нова политичка партија, наречена „Американска партија“, со што пазарната вредност на компанијата се намали за повеќе од 68 милијарди долари. Маск во саботата изјави дека партијата би можела да се фокусира само на „2 или 3 места во Сенатот […]

БРИКС го осуди негирањето на климатската криза и донесувањето закони против уништувањето на шумите


Лидерите на земјите во развој, членки на БРИКС, денеска разговараа за заедничките предизвици на глобалното затоплување, за време на кои тие презентираа барање богатите земји да го финансираат ублажувањето на емисиите на стакленички гасови во посиромашните земји, а исто така беа осудени и воведувањето данок на јаглерод и донесувањето закони против уништувањето на шумите, објавија […]

Мизо: Глобалните случувања ќе влијаат врз инвеститорите во земјава и нивните одлуки


Глобалните случувања ќе влијаат врз компаниите што се во земјава, но и врз нивните одлуки каде и како да ги пласираат своите производи, оцени денеска претседателот на Советот на странски инвеститори Виктор Мизо. Како што истакна Мизо на прес-конференција во Владата, царините што ги воведе Трамп имаат делумно влијание и тоа главно врз фирмите што […]

АЦВ со зголемен капитал и ликвидност, извештајот за 2024 усвоен од собраниската комисија


Собраниската Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање денеска без дискусија и едногласно со шест гласа „за“ го усвои Извештајот за реализација на годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2024 година. Претходно, претседателот на Комисијата ги извести членовите на Комисијата, дека Владата на Република Северна Македонија […]

Мицкоски верува дека ќе бидеме во групата земји со најниски царини за извоз во САД


Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција во Владата изрази уверување дека земјава ќе биде во групата држави кои ќе имаат најповолни услови за да извезуваат на американскиот пазар.  – Разговарано е со САД за можните царински олеснувања. Верувам дека ќе бидеме во групата земји кои ќе имаат најповолни услови за да извезуваат на американскиот пазар, […]

Не помина амандманот за средства од буџетот за повредените во пожарот во Кочани


Во Собраниската Комисија за финансирање и буџетирање денеска започна амандманската расправа по предлог ребалансот на буџетот. Пратениците разгледаа повеќе амандмани, меѓу кои и амандманот за одредување средства од буџетот за повредените во пожарот во Кочани.  Заменик министерот за финасии Николче Јанкуловски рече дека не го прифаќа затоа што има системски решенија, и има фондови преку […]

Мицкоски: За брзата пруга има интерес од големи финансиски институции кои досега не биле присутни во овој дел од Европа


Премиерот Христијан Мицкоски денеска, одговарајќи на новинарски прашања во Владата, изјави дека има интерес за финансирање на проектот за брзата пруга од Коридорот 10 од финансиски институции кои досега не биле присутни во овој дел од Европа. Откако ќе биде направена анализата, како што најави, ќе се излезе со детали во јавноста.  – Набрзо од […]

Ламерт: ЕУ има Директива за заштита на странските сезонски работници од експлоатација


Истрагите за обвинувања за експлоатација на сезонски работници од трети земји во ЕУ и надминувањето на пријавените проблеми во врска со тоа е во надлежност на националните власти на државите членки, изјави денеска портпаролот на Европската комисија за внатрешни работи, демократија, правда и владеење на правото Маркус Ламерт.  Изјавата на Ламерт претставуваше коментар на новинарско […]

Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува


Од полноќ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,73% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република […]

Инфалцијата во јуни во однос на мај беше 0,8 отсто, годишната е 4,5 отсто


Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јуни 2025 година, во однос на мај 2025 година, изнесува 0,8 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Индексот на трошоците на животот во јуни 2025 година, во однос на јуни 2024 година, пак, бележи зголемување од 4,5 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување […]

Карол Межеван, нова директорка на Светска банка за Косово и Македонија


Светската банка ја назначи Карол Межеван за нова директорка за Косово и Северна Македонија, започнувајќи од 1 јули 2025 година. Во својата нова улога, Межеван ќе го предводи ангажманот на Светска банка во Косово и Северна Македонија, во спроведување на Рамките за партнерство со земјите. Овие рамки ги поддржуваат двете економии во нивните напори да создадат попродуктивни […]

Сѐ повеќе граѓани плаќаат преку телефон и со картички


Според податоците од  платежната статистика на Народната банка, и во првите три месеци од 2025 година граѓаните сѐ повеќе користат мобилни апликации и картички за да плаќаат, наместо да одат на шалтер и да користат хартиени налози. Како што стои во соопштението на Народна банка, во споредба со истиот период лани, бројот на плаќањата со […]

Кина складира огромни залихи на никел


Кина складира огромни количини никел, користејќи ниски цени за да ги зголеми своите резерви на металот, кој е клучен за нерѓосувачки челик и батерии за електрични возила, во услови на ескалација на трговската војна со САД. Се проценува дека Пекинг купил до 100.000 тони никел за своите државни резерви од декември, според две лица запознаени […]

Трамп: Испраќаме писма за царини до сите земји


Соединетите Американски Држави ќе испраќаат писма до своите трговски партнери за нови договори и царини почнувајќи од денес, изјави американскиот претседател Доналд Трамп. Во април, Трамп воведе основни царини од 10% за увоз од речиси сите трговски партнери, по што следеше бран повисоки, таканаречени реципрочни тарифи за поединечни земји врз основа на трговски дефицити. Потоа […]

Продолжува расправата за ребалансот на Буџетот


Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да продолжи расправата по Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2025. Општиот претрес за ребалансот почна на 2 јули, а заедно со амандманската расправа трае десет дена. Поднесени се над 200 амандмани.  Со ребалансот се врши реалокација на средства меѓу буџетските корисници, се дообезбедуваат […]

Трамп најави дополнителни царини за секој што ќе соработува со „антиамериканскиот сојуз БРИКС“


Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека секоја земја што ја поддржува политиката на сојузот БРИКС, која е спротивна на интересите на САД, ќе се соочи со дополнителна царина од 10 проценти. „Секоја земја што се усогласува со антиамериканските политики на БРИКС ќе плати дополнителна царина од 10 проценти. Нема да има исклучоци“, објави Трамп […]