Шведска ја планира првата нова нуклеарна централа по 50 години


За прв пат по 50 години, Шведска планира да го прошири својот нуклеарен капацитет. Електраната Рингхалс на југозападот од земјата ќе добие три до пет таканаречени мали модуларни нуклеарни реактори со вкупен капацитет од околу 1.500 мегавати, објави владата. Ова е еквивалентно на приближно два конвенционални реактори. „За прв пат по 50 години, во Шведска […]

Влада: Се ефектуира Договорот за грант од 3,7 милиони евра од ЕИБ за железничкиот Коридор 8 кон Бугарија


Владата преку Министерството за транспорт продолжува со силната активност за доизградба на железничкиот Коридор 8 кон Република Бугарија, информираат попладнево од владината прес-служба. – По средбата на високо ниво меѓу вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и вицепремиерот и министер за транспорт на Бугарија, Гроздан Караџов, а понатаму и работните групи од двете земји, […]

Инвестициите во обновливи извори на енергија во САД се намалија за 36 отсто поради политиката на Трамп


Инвестициите во проекти за обновлива енергија во Соединетите Американски Држави се намалија за 36 проценти во првата половина од 2025 година, како резултат на промените во политиката на Белата куќа што ги зголемија ризиците и ја намалија довербата на инвеститорите, според извештајот на Блумберг објавен денес. Според податоците, инвестициите се намалени за 20,5 милијарди долари […]

УЈП: Илјадници граѓани веќе користат нови електронски услуги


Управата за јавни приходи соопшти дека континуирано ја унапредува соработката со даночните обврзници и инвестира во современи услуги што се брзи, сигурни и достапни без физичко присуство. Во февруари годинава, УЈП ја воведе новата дигитална услуга „е-Уверение за остварен доход“, која им овозможува на граѓаните целосно електронски, бесконтактно и преку сигурна постапка да го добијат […]

ЕК ги отфрли заканите на Трамп во врска со регулирањето на технолошките компании


Суверено право на ЕУ и нејзините земји-членки е да ги регулираат економските активности на нивна територија, одговори  Европската комисија на заканите на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување тарифи за сите земји што ги регулирале активностите на американските технолошки компании. Суверено право на Европската унија и нејзините земји-членки е да ги регулираат економските активности на […]

Германската автомобилска индустрија затвори 52.000 работни места за една година


Германскиот индустриски сектор брзо се ослободува од работни места, а автомобилската индустрија е предводник, покажуваат податоците од консултантската фирма EY. За една година, автомобилскиот сектор затворил околу 51.500 работни места, или речиси седум проценти од работната сила, според анализата што ја видела ДПА. Во 12-те месеци до 30 јуни, целиот индустриски сектор забележа пад на […]

Комерцијална банка го донесе Apple Pay за своите клиенти во Македонија


Комерцијална банка денеска го воведе Apple Pay за корисниците на нејзините картички. Apple Pay е лесен, безбеден и личен начин за плаќање во продавница, преку апликација или онлајн. За плаќање во продавница клиентот едноставно кликнува двапати на страничното копче, се автентицира и го држи својот iPhone или Apple Watch блиску до терминалот за да направи […]

Откупот на пченицата за стоковните резерви ја зголеми цената за еден денар


Откупот на пченицата за стоковните резерви предизвика зголемување на цената на лебното зрно за еден денар. Потпреседателот на Асоцијација на земјоделци, Гоце Сарафимов вели дека одредени млинови почнале да ја откупуваат пченицата по 13 денари, колку што изнесува и цената за откуп за стоковните резерви. -Претходно пченицата беше по 12 денари. Но, таа цена беше […]

Поповолни услови за кредит за оние кои првпат купуваат стан за живеење, Народната банка наскоро ќе ги објави мерките


 Лицата кои ќе сакаат да купат стан за живеење и кои првпат ќе аплицираат за кредит ќе имаат поповолни услови од оние кои купуваат стан за други намени. Мерките што ги подготвува Народната банка, а се во оваа насока, се очекува да бидат објавени за една до две недели.   – Релативно готови сме со мерките […]

Славески за инфлацијата: Има охрабрувачки сигнали


Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, денеска изјави дека централната банка настојува инфлацијата да ја сведе под три проценти, како и дека за тоа има охрабрувачки сигнали од страна на Владата. „Ние навистина сакаме инфлацијата да се симне под три проценти. Има охрабрувачки сигнали од страна на Владата, помалку популизам од аспект на притисоците за […]

Стартот на СЕПА ќе доцни два месеци, наместо во октомври ќе почне во декември


Наместо во октоври, како што беше најавено, поевтините плаќања во рамки на Единствената област за плаќање во евра (СЕПА), же почне во декември, изјави денеска гувернерот на Народната банка, Трајко Славески. Причината е, како што кажа, подготовка на системот. „Заради подготовката на системот нам ќе ни требаат уште два дополнителни месеци и до крајот на […]

Европските акции во пад по новата криза на француската влада


Европските акции завршија со пад, бидејќи инвеститорите на берзите ги оценуваа корпоративните вести и политичките вести од Франција. Така, паневропскиот Stoxx 600 го заврши тргувањето со пад од 0,45 проценти, а германскиот DAX изгуби 0,42 проценти, објави CNBC. Францускиот CAC 40 падна за околу 1,64 проценти, откако премиерот на таа земја, Франсоа Бајру, објави дека […]

Анализа: Инфлацијата не се победува со популизам туку со структурни реформи и строга буџетска политика


Проекцијата од 2,7% инфлација за годинава станува се понеостварлива. Според последните податоци од Заводот за статистика во јуни годинава во споредба со истиот месец лани инфлацијата е зголемена за 4,8% а цените на мало се зголемиле за дури 5,3%, пишува Порталб.мк. Премиерот Мицкоски најави “непопуларни “ мерки за намалување на ценовниот притисок на долг рок. […]

Разочарани и незадоволни – пелагониските земјоделци во загуба со пиперката-ајварка


  БИТОЛА – Почна откупот на пиперката ајварка од првата берба во Пелагонија и земјоделците од самиот почеток се разочарани од откупната цена. Наместо 35 денари за прва-втора класа, како што се договорија земјоделските асоцијации со откупувачите, на терен друга слика. Разочарувачка, велат земјоделците. Килограм ајварки оди од 25 до 27 денари. Пред нецел месец […]

Трамп ѝ се закани на Европа заради даноците на Гугл, Епл и Aмазон


Претседателот на САД, Доналд Трамп, им се закани на земјите што имаат дигитални даноци со „дополнителни царини ex-post“ на нивните стоки доколку не ги укинат регулативите. Извори претходно изјавија дека администрацијата на Трамп размислува за воведување санкции врз службениците на Европската Унија или земјите-членки одговорни за спроведување на Законот за дигитални услуги што Унијата го […]

Трамп тестира до каде оди неговата моќ, ја отпушти гувернерката Кук бидејќи земала два станбени кредити


Вашингтон   -Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ја отпушта гувернерката на Федералните резерви, Лиза Кук, поради наводни неправилности при добивање хипотекарни кредити. Во јавноста, потегот на Трамп се оценува како чекор без преседан што би можел да ги тестира границите на претседателската моќ над независното тело за монетарна политика, доколку биде оспорено на суд. Трамп […]

Американската Keurig Dr Pepper го купува производителот на кафе Jacobs и Douwe Egberts за 18 милијарди долари


  Американскиот гигант за безалкохолни пијалоци Keurig Dr Pepper е на добар пат да стане глобален лидер за кафе, кој ќе му конкурира на лидерот на пазарот „Нестле“, со договор од 18 милијарди долари за преземање на „ JDE Peet’s“, најголемата компанија во Европа во последните од две години. Договорот, објавен во понеделник, нуди премија […]

Димитриеска-Кочоска во Загреб: Интеграцијата на регионалните пазари на капитал поголем пристап до извори на финансирање и европски стандарди


Министерката за финансии, Гордана Димитриеска- Кочоска учествуваше на панел-дискусија на министрите за финансии и економија и на претставници на институции од земјите од Централна и Југоисточна Европа во Загреб. Панел-дискусијата на тема „Зајакнување на националните пазари на капитал преку заеднички иницијативи и соработка“ се одржа во рамки на иницијативата на Министерството за финансии на Хрватска […]

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук


Европската унија минатата година произведе вкупно 62,2 милиони тони свеж зеленчук, што е за шест отсто повеќе од претходната година. Најголеми производители беа Шпанија со 14,8 милиони тони, Италија со 13,9 милиони тони и Франција со 5,8 милиони тони, кои заедно сочинуваат 55 отсто од вкупното производство, објави денеска Евростат. Производството на домати во ЕУ […]

Македонија и уште седум земји – членки на ЕУ, заедно ќе ги развиваат пазарите на капитал


Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска заедно со министрите за финансии и економија на Бугарија, Хрватска, Унгарија, Полска, Романија, Словачка и Словенија денеска во Загреб потпишаа Меморандум за разбирање за соработка во развојот на пазарите на капитал. – Оваа иницијатива има за цел поттикнување на заедничкиот развој на националните пазари на капитал на земјите учеснички преку […]