До 30 септември земјоделците можат да ги поднесуваат барањата за субвенции за 2026 година


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги потсетува земјоделските стопанства дека крајниот рок за поднесување барања за финансиска поддршка од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година е 30 септември 2026 година. Барањата се поднесуваат електронски преку системот на веб-страницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Земјоделците можат самостојно […]

Германија ги намалува квотите за работници од Балканот, 25.000 визи помалку


Германската влада планира да ги промени правилата за вработување работници од Западен Балкан и да ја преполови годишната квота од 1 јануари 2027 година. Наместо сегашните 50.000, годишно би можеле да се издаваат само 25.000 одобренија. Истата намера беше објавена минатата година, откако беше потпишан коалицискиот договор меѓу ЦДУ/ЦСУи СПД. Според сегашните правила, граѓаните на […]

Дизелот поевтинува 4,5 денари за литар, бензините поскапуваат за еден денар


Од полноќ, литар дизел на бензинските пумпи низ државата ќе чини 100 денари за литар, односно 4,50 денари помалку од цената денеска. Кај бензините, пак, според најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, ќе има нагорна промена од еден денар за литар во однос на цената во изминатите седум дена, па така, моторниот бензин ЕУРОСУПЕР […]

Kомората бара посебен статус за транспортерите: Не е логично возачите кои ја сервисираат европската индустрија да се третираат како туристи


Посебен статус за професионалните возачи и нивно изземање од шенгенските ограничувања што важат за туристите е предлогот на Стопанската комора за решавање на проблемот со транспортерите. Како што објасни денеска координаторот за меѓународна соработка во Комората, Даниел Матракоски, ваквиот предлог би бил паралелен механизам на билатералните визи. -Возачите се соочуваат со неодржлива административна пречка. Стоката […]

Објавена листата производи со намалени царини меѓу САД и Кина, ги нема чиповите, електричните возила и батериите


 САД и Кина денеска објавија листи на производи, за кои ќе бидат намалени царините во рамките на договорот, за кој се очекува да ја поттикне билатералната трговија. Намалени се царините за производи во вредност од 30 милијарди долари. Листите се објавени по минатонеделната средба на американскиот и кинескопт претседател Доналд Трамп и Шји Џинпинг. На […]

Средба на Азески со стопанственици од Прилеп, Битола и Кичево: Неопходни се промени во Законот за јавни набавки


Проблемите на компаниите за поголем и поквалитетен локален економски развој беа предмет на дискусија на состанокот што претседателот на Стопанската комора Бранко Азески го имаше со бизнисмените од регионалните комори во Прилеп, Битола и Кичево, во присуство на градоначалникот на градот Дејан Проданоски и претставници на Управниот одбор на СКСМ. Клучен проблем на кој треба […]

Владата ја продолжи мерката за ДДВ од 10 отсто за горивата до 12 октомври


На денешната седница, Владата донесе одлука за продолжување на рокот за примена на намалената стапка на ДДВ за горивата од 18% на 10%, до 12 октомври 2026 година, пишува во денешното соопштение на Владата, што МИА го пренесува интегрално. Со одлуката се обезбедува продолжување на мерката со која се овозможува намалена даночна стапка, со цел […]

КЗК: Контроли во 30 откупни центри на земјоделски и градинарски производи, констратирани можни прекршувања на прописите


Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата спроведе контролни активности опфатени со над 30 откупни центри кои вршат откуп на земјоделски и градинарски производи. Предмет на контролата беше и откупот на пиперка и јаболко. Контролите биле спроведени преку непосредни увиди и прибирање податоци и документација, со цел да се утврди начинот […]

Голем интерес за капацитети за обновливи извори на енергија


Предвидлива регулаторна рамка, подобра институционална координација и поврзување на регулативата со пристапот до финансирање се клучни за инвестицискиот интерес за обновливи извори на енергија да се преточи во реални и одржливи проекти. Ова била една од главните пораки на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини на форумoт „Управување со паметни згради и зелено финансирање […]

Истекува мерката за помало ДДВ за дизелот


Мерката со која ДДВ за дизел-горивото беше намалено од 18 на 10 проценти истекува денеска. Намалената даночна стапка почна да се применува на 15 септември, како мерка за ублажување на ценовниот притисок врз граѓаните. Владата треба да одлучи дали повластеното ДДВ за дизелот ќе продолжи да важи и во наредните две недели. Регулаторната комисија за […]

Администрацијата на Трамп ќе ги намали ги регулативите за контрола на загадувањето од автомобилите


Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп денеска ќе објави нови стандарди за потрошувачка на гориво, со кои ќе се намалат регулаторните барања за производителите на автомобили за контрола на загадувањето од возилата и лесните камиони на бензин. Трамп пред два дена на „Трут соушл“ (Truth Social) објави дека помалку строгите барања за потрошувачката на гориво […]

Како бензинските пумпи во Малта можат да продаваат дизел за 1,2 евра по литар?


Државната политика за ограничување на цените на горивата, која Малта ја спроведува од кризата со коронавирусот, сè повеќе го оптоварува државниот буџет. Иако цените за граѓаните и бизнисите се фиксни и ниски, Министерството за финансии предупредува дека трошоците за субвенции стануваат неодржливи, пишува Форбс. Според Европската комисија, просечната цена на дизелот во еврозоната минатата недела […]

Цени на гас над 70 евра: ЕУ е поканета да ја намали потрошувачката


Европскиот комесар за енергетика, Дан Јоргенсен, предупреди дека земјите-членки на Европската Унија треба да размислат за намалување на потрошувачката на гас поради ненадејниот пораст на цените. Складирањата за гас во Европа во моментов се полни со околу 70 проценти, додека цената на гасот на холандскиот референтен пазар TTF е над 70 евра за мегават-час со […]

Пензионерите инсистираат минимална пензија да е 70 отсто од минимална плата


Партијата на пензионери бара минималната пензија во Македонија законски да се врзе со минималната плата и да изнесува најмалку 70 отсто од нејзиниот износ. Предлогот предвидува најниската пензија да се усогласува двапати годишно – во март и во септември. Според податоците што ги посочува партијата, минималниот износ на пензија во моментов е 20.228 денари, а […]

Хаос во Италија поради одлуката на синџир бензински пумпи


Одлуката на енергетскиот гигант Ени предизвика голема вознемиреност на италијанскиот пазар на горива. Компанијата одлучи да ги ограничи цените на бензинот и дизелот на своите бензински пумпи во текот на 30 дена, што возачите го поздравија, но конкурентите предупредуваат дека овој потег би можел сериозно да го наруши пазарот. Ени објави дека од 28 септември […]

ЕУ предупредува на криза со цените на енергијата и повикува на намалување на побарувачката


Европската Унија се соочува со криза на цените на енергијата предизвикана од последиците од војната со Иран врз пазарите на нафта и гас, предупреди денеска комесарот за енергија на ЕУ во писмо, повикувајќи ги земјите да разгледаат мерки за намалување на побарувачката на енергија. „Се соочуваме со криза на цените што е поврзана со криза […]

„Фајненшл тајмс“: ЕУ бара Велика Британија да ги зголеми царините за кинеските автомобили


 Европската Унија бара Велика Британија да ги зголеми царините за кинеските автомобили и да ја усогласи својата трговска политика со на ЕУ, со цел да се избегнат ограничувањата за британскиот извоз, кои произлегуваат од стратегијата „Произведено во Европа“ (Made in Europe), јави „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на два неименувани извори. Како одговор на барањата на […]

Американски гас го преплавува Западен Балкан, тоа го загрозува патот кон ЕУ


ВИЕНА — Напорите на американските енергетски компании да го зајакнат своето влијание на Западен Балкан поттикнуваат загриженост во ЕУ дека регионот би можел да стане зависен од американски фосилни горива – токму во моментот кога се обидува да ги постигне целите за чиста енергија со цел поблиска интеграција со блокот. Албанија, Косово и Босна и […]

„Пивац холдинг“ почна постапка целосно да го преземе „Краш“


По завршувањето на процесот на преземање на „Краш“, заедно со Капа Стар Лимитед, „Пивац холдинг“ го започна процесот на пренос на акции со право на глас на малцинските акционери, објави денес „Пивац“. Барањето за спроведување на постапката е поднесено до Централната депозитарна и клириншка компанија (SKDD). Како што истакнува членот на Управниот одбор на „Пивац […]

Помали даноци, субвенции… Како европските влади го ублажуваат шокот од цените на горивата


Европските влади ги намалуваат даноците на гориво, нудат субвенции и ги прилагодуваат енергетските правила за да го ублажат влијанието на рекордните цени на бензинот и дизелот. Франција, Германија и Шпанија се меѓу земјите што ја прошируваат поддршката, додека ЕУ се соочува со дополнителен ризик од можни ограничувања на САД за извоз на дизел. Војните на […]