Новите закани за американски санкции ја зголемија цената на нафтата


Цените на нафтата се зголемија за повеќе од три отсто, достигнувајќи го највисокото ниво од ноември 2018 година, поради најавените санкции од САД за купувачите на иранската нафта. Цената на нафтата брент се зголеми за повеќе од три проценти и утрово барел се продава за повеќе од 74 долари, додека цената на американската лесна нафта […]

Со замрзнување на придонесите против платите во кеш


Како една од мерките за намалување на исплатите во готово се планира фиксирање на придонесите, велат неофицијално владини извори, посочувајќи дека тоа би важело за одредени сектори. Најавата доаѓа откако премиерот Зоран Заев неодамна укажа дека ќе има промени во делот на севкупното давање на плата, а засегнатите министерства и институции најавија дека работат на […]

Електричните автомобили поштетни од дизелашите?!


Германско истражување ја доведе во прашање еколошката прифатливост на електричните автомобили. Научниците по новата анализа укажаа дека електричните автомобили ѝ помагаат на климата само на хартија и дека, всушност, се полоши за околината од дизел-возилата. Кристоф Бучал, професор по физика од Келн, со колегите Ханс-Дитер Карл и Ханс-Вернер Син за Институтот за економски истражувања составија […]

Велигденска треска: Бугарите изнакупуваа јајца во Делчево


Квалитетни производи, разновидна понуда и поевтини цени. Ова се само дел од причините поради кои тезгите на градскиот пазар во Делчево и денеска беа преплавени од бугарски државјани, кои годинава купуваа масовно во пресрет на Велигденските празници. – Обично ние Велигден го славиме порано од вас, но оваа година празникот се совпаѓа и во двете […]

Светска банка ќе поддржи проекти вредни 420 милиони евра


Светска банка ќе ја поддржи реформската агенда во Македонија што ќе се реализира до јуни 2023. Приоритетите во Рамката за партнерство меѓу СБ и Македонија се поставени во систематската дијагностика за земјата и се однесуваат на поддршка за постигнување побрз, инклузивен и одржлив раст што ќе им овозможи на граѓаните поголеми можности за вработување, општествена […]

Просечната нето плата во февруари 24.192 денари


 Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари 2019 година, изнесува 24.192 денари и бележи раст од 4,5 отсто во однос на февруари лани, објави Државниот завод за статистика. Зголемувањето  се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите дејности на здравствена и социјална заштита за 11,6 отсто, транспорт […]

Комплексот „Козјак“ го загрозува стратегискиот извор на вода за Скопје


Стручната јавност бара итно да се запре градењето во „Јасен“, во месноста Рудина, зашто се загрозуваат стратегиските интереси на државата. Пред сè, снабдувањето со пивка вода на градот Скопје, во случај да се јават проблеми со изворот Рашче. Во средата била одржана средба на која покрај претставници на УНДП, присуствувале професори и претставници од министерства […]

Светска банка ја одобри новата четиригодишна рамка за партнерство со Северна Македонија


Бордот на извршни директори на Групацијата Светска банка ја одобри денеска четиригодишната рамка за партнерство која има за цел поддршка за побрз, сеопфатен и одржлив раст во Република Северна Македониjа. Како што најави министерот за финансии претходно со ова на земјава и се ставаат на располагање 420 милиони долари. Стратегијата, како што стои во соопштението […]

Компаниите надвор од Скопје да аплицираат за грантовите на Фондот за иновации


Повикот за кофинансирачки грантови за комерцијализација и иновации на Фондот за иновации и технолошки развој по презентациите во Скопје денеска беше претставен пред компании од тетовскиот регион. Министерот за економија Крешник Бектеши ги повика фирмите да аплицираат на овој втор повик земајќи го предвид позитивното искуство од минатата година кога преку овој повик фирмите креирале […]

Со екологија до бизнис


Филантропија за зелени идеи е годишен конкурс кој поддржува развој на мали, локални одржливи бизнис идеи во Албанија, Косово, Македонија, Црна Гора , Србија, БиХ и Грција. Терминот „зелени идеи“ означува идеи кои придонесуваат кон животната средина, кои користат ресурси од локалната заедница и кои придонесуваат кон одржлив развој како интеграција на локалните, економските, социјалните […]

Програмата за практиканство на „Алкалоид“ се проширува во две средни училишта


По успешната имплементација на програмите за практиканство со четири факултети при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, „Алкалоид АД Скопје“ одлучи соработката од овој вид да ја прошири и со средните училишта. Во првиот циклус од програмата насловена „Серијална практична обука“, компанијата потпиша меморандуми за соработка со две средни училишта на територијата на град Скопје: средното […]

Побарана поддршка од европарламентарците за името на винскиот регион Македонија


Здружението на најголеми извозници на вино „Вина од Македонија“ побара поддршка од европарламентарците за користењето на името на винскиот регион Македонија. Во вторникот, претставници на „Вина од Македонија“ пред Комисијата за земјоделство на Европскиот парламент во Стразбур, ги презентираа состојбите и плановите за унапредување на винската индустрија во регионот, со цел успешна интеграција во глобалната […]

Заев: Јавната администрација се намалува, дел од вработените ќе се мотивираат за префрлање во приватниот сектор


Јавната администрација во континуитет се намалува, а во иднина вработените ќе се мотивираат да прифатат подобро платени, перспективни работни места во приватниот сектор. Ова го изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање во врска со тврдењата дека се зголемува бројот на вработените во јавниот сектор. Тој денеска е во посета на Гевгелија, каде […]

Кој сака да го избетонира „Јасен“?


Туризам во „Јасен“ треба и добро е да има, но каков е прашањето што се поставува откако почна изградбата на туристичко-рекреативниот комплекс во месноста Рудина. Во 2010 година била направена Студија за валоризација на природните вредности на повеќенаменско подрачје Јасен, изработена од истражувачкото друштво „Урсус спелеос“ од Скопје, во рамки на проект на УНДП. На […]

Шокантна судиска одлука: Американска компанија мора да плати дури 14 милијарди фунти!


„Мастеркард“ се соочува со една од најголемите тужби во својата историја, а ако го загуби спорот, би можел да должи на секое лице во Британија по 300 фунти. Шокантната судска одлука против американската компанија за финансиски услуги „Мастеркард“ отвора можност да бидат обештетени околу 4,6 милиони Британци, кои поскапо плаќале провизија. „Многу сум задоволен со […]

Николовски: Деновиве ќе се распише тендерот за зелена нафта


Во текот на наредните денови ќе биде распишан тендерот за набавка на зелената нафта согласно со сите постапки и процедури, неопходни за воведување една нова мерка во Програмата за директна поддршка за 2019 година, најави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски при денешниот престој во Прилеп. -Обезбедени се над 200 милиони денари за […]

Фазлиу: До крајот на годината се очекува општините да ги исплатат долговите


До крајот на јуни се очекува општините да ги завршат преговорите со доверителите, а до крајот на годината да ги вратат долговите. Општините имаат обврска да објават и детален извештај за редоследот на исплаќање на долговите. Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу денеска повторно побара од градоначалниците да бидат одговорни и транспарентни во трошењето на […]

Камионџиите чекаат предолго на граничните премини


Најголем дел  од времето што превозниците го поминуваат во чекање на граничните премини отпаѓа на  процедурите за фитосанитарна и ветеринарна контрола, што ги задржува на границите околу три часа, но и подолго од еден ден, покажуват резултатите од мониторингот на товарните возила на граничните премини Ќафасан и Табановце, што го спровеле завчера тимови на Стопанската […]

(Фото) Никнува цел туристичко-рекреативен комплекс на Козјак


Туристичко-рекреативниот центар „Козјак“ ќе се гради во непосредна близина на главниот град на државата и ќе опфаќа површина од 45,3 хектари. Се наоѓа западно од селото Нова Брезница, на околу 5 километри. И за него дознавме откако се појави информација дека приватен инвеститор гради ресторан со придружни содржини, во заштитеното подрачје „Јасен“. Токму недостигот на […]

Поместување тешки товари и повторувачки движења се најчести ризици за вработените на работа


Повторувачките движења, несреќите предизвикани на работа во возила, како и поместувањето на тешки товари се најголемите ризици со кои се соочуваат вработените на работното место, покажува истражувањето што го спроведе Европската агенција за безбедност и здравје при работа, а со кое беше опфатена и нашата земја. Како најчести причини зошто одредените ризици на работното место […]