Блумберг: Основачот на „Зум“ заработи 4,2 милијарди долари за неколку часа


САД – Ерик Јуан, основач на американската компанија „Зум видео комуникејшнс“ за само неколку часа стана побогат за 4,2 милијарди долари, објави Блумберг. На берзата вчера, акциите на „Зум“, која нуди главно услуги поврзани со видеоврски и видеоконференции, за неколку часа пораснаа за околу 26 отсто, на скоро 410 долари. Според познавачите, ако овој тренд продолжи уште […]

Заев со претставници на оштетени граѓани од „Еуростандард банка“


Премиерот Зоран Заев, придружуван од Фатмир Битиќи, заменик на претседателот на Владата за економски прашања, денеска се сретна со претставници на Иницијативниот одбор за формирање здружение на оштетени граѓани од „Еуростандард банка“.На состанокот, како што соопшти владината прес-служба, се споделени некои од проблемите со коишто се соочуваат оштетените граѓани, физички и правни лица, по пропаѓањето […]

НЛБ банка со нова можност за одложување на отплатата на кредитите за физички лица


Периодот на одложена отплата на месечните кредитни обврски на клиентите – физички лица согласно Јавната понуда на НЛБ Банка за промена на договорните услови за кредитни производи за клиенти-физички лица со број 03-7502 завршува заклучно со 30.9.2020 година. Поради продолжувањето на несаканите ефекти на пандемијата предизвикана од Covid-19 вирусот, а со цел да излезе во пресрет на своите клиенти […]

Поддршка за туристичко-угостителскиот сектор и во четвртиот пакет мерки, најави Бектеши


Поддршката на туристичко-угостителскиот сектор ќе продолжи и во наредниот период преку Четвртиот пакет мерки кој е во фаза на подготовка, најави денес министерот за економија Крешник Бектеши на средба со претставници од Здружението за туризам и угостителство при Стопанската комора на Македонија. „Мерките ќе се носат со целосна вклученост и консултација на секторот врз основа […]

Штип ќе добие Сити мол


Градежните машини  почнаа со расчистивање на теренот, каде што ќе се гради  првиот Сити мол во Штип. На површина од 11.000 метри квадратни се проектирани трговски центар и хотелски комплекс. Трговскиот центар е на четири ката со површина од 7.500 метри квадратни. Сопственикот, Горан Јордев, кој е и косопственик на фирмата „Дик Фагус“, вели дека изградбата на […]

Формирано здружение на банкарски клиенти „Ануитет“


Од 1 септември почна со работа Здружението на банкарски клиенти Ануитет“. Мисијата на здружението, како што информираа денеска, е заштита на банкарските клиенти и остварување на нивните права при воспоставување на деловниот однос со банките и другите финансиски институции. – Водејќи се од секојдневните проблеми на граѓаните и компаниите кои ги имаат со деловните банки […]

До крајот на мандатот ќе се укинат 75 отсто од парафискалните давачки, ветува Владата


Во наредните четири години, односно до крајот на мандатот ќе бидат укинати 75 отсто од парафискалните давачки, најави денес премиерот Зоран Заев на средба со стопанствениците од Сојузот на стопански комори. „Таргет на новата Влада е до крајот на мандатот 75 отсто од парафискалните давачки да ги отстранува и истовремено да има одредено намалување на […]

ССМ бара различни услови за одење во пензија во зависност од дејноста


Сојузот на синдикати на Македонија е задоволен поради тоа што е прифатен нивниот предлог за воведување повеќе услови за пензионирање, но дополнително ќе се разгледува кои од условите ќе бидат земени предвид. ССМ кон средина на јули уште еднаш јавно побара да се разгледаат нивните предлози, искажани преку ставовите на работниците, веднаш по изборот на […]

Буџетот и во август на „диета“ – приходите помали за 14 отсто, пад кај ДДВ, добивката и персоналецот


Приходите во буџетот во август изнесуваат 14,2 милијарди денари што е помалку за 13,9 отсто во однос на лани. Кумулативно од почетокот на годината приходите изнесуваат 119,6 милијарди денари и се на пониско ниво за 8,2 отсто во однос на лани, што е пак благо подобрување во однос на првото полугодие кога приходите кумулативно приходите беа […]

Во вториот квартал имало слободни 6.866 работни места


Во второто тримесечие од годинава стапката на слободни работни места изнесувала 1,36 отсто, односно имало 6.866 слободни работни места, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Преработувачката индустрија, градежништвото и трговијата се секторите во кои имало најмногу слободни работни места. Кај преработувачката индустрија слободни биле 2.081, во трговијата 1.232 и во градежниот сектор 1.073. Највисока […]

Австралиската економија во рецесија, првпат во 28 години


Австралиската економија во периодот април-јуни претрпе најдлабок квартален пад од Големата депресија поради пандемијата Ковид-19, а податоците објавени денеска потврдуваат дека земјата влезе во првата рецесија во последните 28 години. Според најновите статистички показатели, бруто домашниот производ на Австралија падна за 7,0 проценти во вториот квартал, што е најголем квартален пад според достапните податоци евидентирани […]

Заев ветува битка за секое работно место


Една од првите грижи на Владата е да се спречи отпуштањето на вработените од страна на работдавачите по завршувањето на мерката што ја нудеше државата за зачувување на работните места. Веднаш ќе работиме на мерки за да може државата да помогне за да се заштити секое работно место во нашата земја, тоа ќе ни биде […]

Владиниот економски тим во ССК: Бизнисот очекува нови мерки за поддршка од Владата


Соодветна финансиска поддршка за компаниите во четвртиот пакет мерки за да се надмине кризата предизвика од пандемијата со Ковид-19, значително намалување на парафискалните давачки и заедничка борба против корупцијата и сивата економија, побара денеска Сојузот на стопански комори на Македонија од новата Влада, а премиерот Зоран Заев вети стабилност и предвидливост во следниот период и […]

Заев ќе им нуди работа на поранешните пратеници за да не земаат апанажа


 Апанажата секогаш е актуелна после парламентарните избори и е законско право што го користат пратениците и другите функционери. Дури и да донесеме сега измена во Законот за апанажа, може да важи отсега па натаму, не може да важи ретроактивно, одговори премиерот Зоран Заев по денешната прва официјална средба во Сојузот на стопански комори на Македонија […]

Средба во ССК со премиерот и економскиот тим на новата Влада


Сојузот на стопански комори на Македонија, денеска организира официјална средба со премиерот и економскиот тим по формирањето на новата Влада. Како што информираат од ССК во фокусот на средбата ќе бидат најважните економски приоритети за потребите на реалното стопанството кои треба итно да се преземат. На средбата присутни ќе бидат и вицепремиерот за економски прашања, ресорните […]

Од наредниот месец редовна отплата на кредитите на оние на кои не им е потребно одложување, новото продолжување само за погодените од кризата


Одложена отплата на кредитите  за нови шест месеци, заклучно со март 2021 година овозможуваат банките, но тоа ќе важи само за оние  кои имаат реална неопходна потреба за одложување. Ваквата одлука ја соопшти Народната банка вчера, а следеше по неколкуте одржани состаноци со Македонската банкарска асоцијација со цел да им се помогне на клиентите погодени […]

Индустриското производство во Хрватска паѓа девет месеци по ред


Индустриското производство во Хрватска опадна во јули, деветти месец по ред на годишно ниво, иако со малку пониска стапка од јуни. Државниот завод за статистика (ДЗС) денеска објави дека индустриското производство паднало за 1,6 проценти на годишно ниво во јули, додека се зголемило за 5,6 проценти во споредба со претходниот месец, пренесува порталот Seebiz. Хрватската […]

Железницата во Македонија не е безбедна


Независниот синдикат на градежни работници, инженери и трговци во градежништвото (НСГРИТ) бара детална анализа од стручни лица за состојбата на железничката мрежа врз основа на којашто, како што вели претседателот на овој Синдикат Атанас Трајковски, ќе се подобри состојбата на терен која долги години се запоставувала, а како резултат на тоа на терен има одрони […]

Советот на НБ: Финансискиот сектор е отпорен на ковид-кризата


Советот на Народната банка одржа редовна седница на која го разгледа и го усвои Извештајот за финансиската стабилност во 2019 година. На седницата се заклучи дека во текот на минатата година, во услови на стабилен амбиент, домашниот финансиски сектор остана здрав и стабилен, а ризиците за финансиската стабилност се задржаа во умерени рамки. Анализите презентирани […]

Вработените со бенeфициран стаж до 30 септември да изберат во кој пензиски фонд ќе продолжат


Членовите на задолжителните капитално финасирани пензиски фондови кои имаат бенeфициран стаж најдоцна до 30 септември треба да изберат дали ќе го продолжат членството во задолжителен пензиски фонд. Ако не достават изјава со која ќе го направат изборот, членството во задолжителниот пензиски фонд ќе им престане на 1 октомври годинава. По престанување на членството пензиското друштво […]