Просечната нето плата во октомври е 23.356 денари


Просечната исплатена нето-плата во октомври изнесува 23.356 денари и е зголемена за четири проценти во споредба со октомври лани, објави денеска Државниот завод за статистика. Според објавените податоци, зголемување на нето-платата има во секторите уметност, забава и рекреација, рударство и вадење на камен и преработувачка индустрија. Во однос на септември зголемување на нето-платата е забележано …

Просечната нето плата во октомври е 23.356 денари Read More »

Граѓаните зовреа од игрите за парното греење


Кој ќе поставува мерачи на радијаторите, колку ќе поскапи парното греење, треба ли постоечките корисници да стават калориметри или само новите, ќе треба ли исклучените од парно да ставаат мерачи? Ова се дел од дилемите во јавноста откако минатиот викенд Константин Димитров од МАЦЕФ, еден од креаторите на новиот закон за енергетика, објави дека сите …

Граѓаните зовреа од игрите за парното греење Read More »

Дојдовниот туризам ќе креира нови работни места


Нова и поквалитетна туристичка понуда договараа повеќе од 150 претставници на туристички агенции, хотели, ресторани, музеи и на винарии, туристички водичи, транспортери, студенти и претставници на Владата во рамки на Втората туристичка берза, организирина од Националната асоцијација за дојдовен туризам на Македонија. – Дојдовниот туризам влијае на повеќе сектори во економијата и директно и индиректно …

Дојдовниот туризам ќе креира нови работни места Read More »

Стрес тест на НБРМ: Банкарскиот систем стабилен и отпорен на шокови 


Банкарскиот сектор во третиот квартал годинава покажува стабилност и отпорност, со задоволителна ликвидносна позиција и стабилна и висока солвентност, со се уште слаби остварувања во кредитната и депозитната активности. Растот во третиот квартал е 0,2 проценти и е позабавен во однос на претходниот квартал и во однос на истиот квартал од минатата година. Спроведеното стрес-тестирање …

Стрес тест на НБРМ: Банкарскиот систем стабилен и отпорен на шокови  Read More »

Николов: Рудниците успешно ќе ја завршат 2017 година


Тековната 2017 година главно завршува успешно за рударскиот сектор и нема значителен пад на производството иако турбуленциите во политиката имаа свој одраз, оцени денеска Николајчо Николов, претседателот на Македонската асоцијација на рударството (МАР) при Стопанската комора на Македонија. За рудникот Бучим 2017 година, нагласи, можеби ќе биде една од најуспешните во постоењето. – Очекуваме да …

Николов: Рудниците успешно ќе ја завршат 2017 година Read More »

Тевдовски ја повика опозицијата да учествува во дебатата за буџетот


Дополнетиот предлог буџет за 2018 година утре е на пленарна седница. Министерот за финансии Драган Тевдовски смета дека треба да има конструктивна дебата и оти би требало во неа да учествува и опозицијата. – Би сакал да има конструктивна дебата бидејќи буџетот е  најсериозниот акт што се донесува во една година. Мислам дека за да …

Тевдовски ја повика опозицијата да учествува во дебатата за буџетот Read More »

„Лакталис“ повторно повлекува производи поради салмонела


Француската млечна индустрија „Лакталис“ вторпат за еден месец повлекува милиони производи ширум светот поради салмонела. Како и минатата недела и сега се повлечени производите за бебиња под претпоставка дека се заразени со салмонела. „Лакталис“ на почетокот од месецот повлече неколку милиони производи врз база на млеко за бебиња, а сегашното повлекување е „поради превентивни мерки“ …

„Лакталис“ повторно повлекува производи поради салмонела Read More »

Пониски цени на земјиштето за пензионерски, детски и студентски домови


Во 58 општини во реоните пет и шест, градежното земјиште за дооформување на парцела за изградба на ученички или студенстки домови, како и домови за престој на стари лица, за деца без родители или за незгрижени лица ќе се продава со непосредна спогодба по цена од 70 денари за метар квадратен. Како што појасни на …

Пониски цени на земјиштето за пензионерски, детски и студентски домови Read More »

Ќе мрзнеме ли и покрај централното греење: И исклучените ќе купуваат мерачи за греење


Граѓаните што не користат парно и во иднина ќе мора да плаќаат паушален износ, пресуди вчера Уставниот суд. Уставните судии вторпат ја отфрлија иницијативата поднесена од членовите на Здружението за заштита на човекови права „Но пасаран“, кои бараа да се оцени уставноста на членот 66, од правилата за снабдување со топлинска енергија, донесени од Регулаторната …

Ќе мрзнеме ли и покрај централното греење: И исклучените ќе купуваат мерачи за греење Read More »

Кинески компании заинтересирани за купување на термоцентрали во Грција


Седум кинески компании пројавиле интерес за учество во продажбата на 40 проценти од сопственоста на термоцентралата „Мелити“ кај Лерин и постројката „Мегалополи Аркадија“ на Пелопонез. Грчката државна енергетска компанија ДЕИ е принудена да продаде дел од своите капацитети, како обврска преземена со програмата за спас на Грција, чие спроведување е услов за доставување помош од …

Кинески компании заинтересирани за купување на термоцентрали во Грција Read More »

Кабинет на Анѓушев: Не е задолжително инсталирањето калориметри во објекти приклучени на мрежата


Не е задолжително поставувањето на мерни уреди (калориметри) во објекти кои се веќе приклучени на дистрибутивната мрежа, односно тоа е оставено на избор на самите потрошувачи и со самото тоа ќе нема никакви наметнати дополнителни трошоци за постојните корисници, велат од Кабинетот на вицепремиерот Кочо Анѓушев. Во врска со дилемите во јавноста за Предлог-законот за …

Кабинет на Анѓушев: Не е задолжително инсталирањето калориметри во објекти приклучени на мрежата Read More »

Шекеринска: РКЕ треба да каже дали „Пуцко петрол“ има дозвола да работи со мазут


Побаравме од Регулаторната комисија за енергетика, како единствено задолжено тело, да каже дали компанијата што победи на електронската аукција има дозвола да работи со мазут или не. Ќе постапиме така како што ќе извести РКЕ, договорот не е реализиран, а досега ниту еден денар не е исплатен врз основа на овој договор. Ова денеска го …

Шекеринска: РКЕ треба да каже дали „Пуцко петрол“ има дозвола да работи со мазут Read More »

Текстилците сакаат да креираат сопствен бренд, бараат помош од државата


Се повеќе текстилни компании од земјава се охрабруваат лон – производството да го заменат со готов производ, да креираат сопствен бренд кој освен тука, би го пласирале и на надворешниот пазар. За тоа бараат поддршка од државата која би обезбедила, како што велат, субвенции за нови технологии и современи капацитети, но и од турските стопанственици …

Текстилците сакаат да креираат сопствен бренд, бараат помош од државата Read More »

Европски суд: „Убер“ е транспортна, а не комуникациска компанија


Европскиот суд на правдата денеска одлучи дека „Убер“ мора да се третира како транспортна, а не како комуникациска компанија, иако таа не оперира со професионални превозници. Со ова Судот најави построго регулирање на услугите на популарната глобална компанија, која нуди евтини такси-услуги што може во иднина да опфати и други компании кои работат на слични …

Европски суд: „Убер“ е транспортна, а не комуникациска компанија Read More »

Уставен суд донесе одлука: Исклучените од парно сепак ќе плаќаат сметки


Уставниот суд денеска ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на членот 66, од правилата за снабдување со топлинска енергија, донесени од Регулаторната комисија за енергетика, со кој всушност беше воведена обврска граѓаните кои не користат парно да плаќаат надоместок. Од Судот велат дека по членот 66 решавале во 2013 година и уште тогаш иницијативата е отфрлена. …

Уставен суд донесе одлука: Исклучените од парно сепак ќе плаќаат сметки Read More »

Туризмот се развива, но неопходна е сеопфатна стратегија


Развојот на туризмот бележи нагорна линија во последните години, но за уште подобри резултати потребен е развој на туристичките зони, изградба на инфраструктура, зголемување на бројот на хотелски сместувачки капацитети, законски измени за намалување на нелојалната конкуренција, но и поголем фокус на домашните туристи. За сето ова потребно е донесување на Национална стратегија, која во …

Туризмот се развива, но неопходна е сеопфатна стратегија Read More »

За раст на екомомијата потребна е бизнис клима без мешање на политиката


Со бизнис клима ослободена од политика и поддршка на извозната ориентација на фирмите, но истовремено со политичка стабилност и владеење на правото, ќе се обезбеди  развој на македонската економија која моментно нема клучен мотор за придвижување, оценија учесниците на денешната тркалезна маса „Растот на македонската економија-состојби, проблеми и перспективи“, во организација на Македонската академија на …

За раст на екомомијата потребна е бизнис клима без мешање на политиката Read More »

Германски грант од девет милиони евра за два проекта во Македонија


Владата на Сојузна Република Германија денеска и додели грант од девет милиони евра на македонската Влада преку КфВ банката, од кои четири милиони евра се наменети за проектот Програма за наводнување на јужната долина на реката Вардар, а пет милиони евра за подобрување на водоснабдувањето во општините Гевгелија и Кавадарци. За таа намена денеска во …

Германски грант од девет милиони евра за два проекта во Македонија Read More »

Владата ќе бара грант за автопатот Гостивар – Кичево


Владата насиноќешната седница ја разгледа и усвои Информацијата за поднесување на Апликација за инвестициски грант за изградба на Автопат А2 Гостивар – Кичево делница Букојчани – Кичево. Усвоена е информацијата и за Апликација за инвестициски грант за градежни работи за рехабилитација и проширување на државниот пат А2 Крива Паланка – Деве Баир (граница со Бугарија), …

Владата ќе бара грант за автопатот Гостивар – Кичево Read More »

Пари за пензии ќе има, па дури и вишок


Идните пензионери не треба да стравуваат од крах на пензискиот систем. Пари ќе има за исплата на пензии и без да се зголемат старосната граница за пензионирање и процентот на придонеси. И без да се направат реформи во пензискиот систем, тој ќе може сам да се одржува и да создава дури и вишоци. Ова го …

Пари за пензии ќе има, па дури и вишок Read More »