За секој трет договор за итните набавки за КОВИД-19 се преговарало само со еден понудувач


Дури за 68 проценти од склучените договори институциите ја прекршиле законската обврска да ги објават договорите во рок од десет дена од потпишувањето, се вели во извештајот на Центарот за граѓански комуникации за мониторингот на итните јавни набавки поврзани со КОВИД-19      Вкупно 6,7 милиони евра е вредноста на договорите за итни јавни набавки …

За секој трет договор за итните набавки за КОВИД-19 се преговарало само со еден понудувач Read More »

Експлозија на бројот на нови сиромашни луѓе во Франција


Според најновиот барометар на Секурс Популер (Народна помош), општите мерки на изолација предизвикаа експлозија на бројот на лицата кои бараа помош за храна во Франција. Скоро половина од барателите досега и биле непознати на оваа каритативна организација, јави дописникот на МИА. Според испитувањето на Ипсос, кое се прави еднаш годишно, за време на двата месеци …

Експлозија на бројот на нови сиромашни луѓе во Франција Read More »

Ако мерките го раздвижат стопанството, работа ќе има и за превозниците, велат од Макам-транс


Доколку мерките од четвртиот пакет го придвижат стопанството тоа ќе значи и поголема работа и за превозниците во државата и надвор од незините граници. Со тоа ќе се зголеми капацитетот со кој работат, а кој сега се движи меѓу 60 и 70 проценти, велат од Асоцијацијата на транспортни превозници Макам-транс. -Четвртиот пакет  мерки генерално би …

Ако мерките го раздвижат стопанството, работа ќе има и за превозниците, велат од Макам-транс Read More »

Нафтен гигант отпушта 9.000 луѓе


Лондон – „Ројал Дач Шел“ денес објави дека планира да отпушти од 7.000 до 9000 работници до крајот на 2022 година. Нафтениот гигант потенцираше дека оваа бројка вклучува околу илјада и пол луѓе кои прифатиле доброволно да ја напуштат компанијата. Според своите изгледи за третиот квартал, компанијата вели дека „намалувањето на комплексноста на организацијата“ и …

Нафтен гигант отпушта 9.000 луѓе Read More »

„Дизни“ укинува 28.000 работни места


САД–  Компанијата „Волт Дизни“ намалува работни места за 28.000 вработени во своите забавни објекти во САД. Ова е најновиот сигнал дека патувањата ќе бидат со потешкотии во земјата долго време. Намалувањето влијае на тематските паркови на компанијата, крузери и трговијата на мало, соопштија од Дизни. Тие вклучуваат и менаџери, иако 67 проценти од отпуштените се …

„Дизни“ укинува 28.000 работни места Read More »

Избор на најуспешни жени менаџери


Најуспешните жени менаџери за 2019 година ќе бидат промовирани вечер на манифестацијата што традиционално веќе 24 години ја организира агенцијата „Марили“. Најуспешните жени менаџери за 2019 се избрани според веќе воспоставени критериуми, доаѓаат од успешни компани од различни области и дејности од целата држава. Тие најчесто биле препорачани, но, сепак, се почитувала и нивната лична …

Избор на најуспешни жени менаџери Read More »

Поедноставени условите за исклучување од парно греење


Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) ги поедностави условите за исклучување на корисниците на топлинска енергија од системот чии што станови се празни, односно не се користат, информира денеска преседателот на РКЕ Марко Бислимоски. – Во текот на минатата недела донесовме измени на Правилата за снабдување со топлинска енергија, бидејќи воочивме дека има …

Поедноставени условите за исклучување од парно греење Read More »

Шахпаска: Со четвртиот пакет мерки над 283.000 граѓани ќе добијат вкупно 27,6 милиони евра


Поддршката на граѓаните и стопанството продолжува и никој нема да биде изоставен. Четвртиот пакет економски мерки кој се однесува на делот на директна поддршка преку ваучери опфаќа над 283.000 граѓани, а нејзината вредност е 27,6 милини евра, рече денеска на прес-конференција министерката за труд и социјална политика Јагода Шехпаска. Таа истакна дека во овие сериозни …

Шахпаска: Со четвртиот пакет мерки над 283.000 граѓани ќе добијат вкупно 27,6 милиони евра Read More »

Струјата ќе поевтини ако енергетските компании достават такво барање


Нашите одлуки за цената на електрична енергија може да се променат доколку енергетските компании достават барање до Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) со нови податоци. Досега компаниите немаат доставено никакви податоци, а доколку достават подготвени сме во рок од 24 часа да ги промениме нашите одлуки, потврди денеска претседателот на РКЕ Марко …

Струјата ќе поевтини ако енергетските компании достават такво барање Read More »

Пандемијата го зголеми германискиот јавен долг на рекордни 2,1 билиони евра


Јавниот долг на Германија оваа година поради пандемијата на коронавирусот достигна рекордни 2,1 билион евра, објави Државниот завод за статистика. – Вкупниот јавен долг на државата, покраините и општините е зголемен во споредба со крајот на минатата година за 11 отсто, па кон крајот на јуни изнесувал 2,1 билион евра, се наведува во соопштението на …

Пандемијата го зголеми германискиот јавен долг на рекордни 2,1 билиони евра Read More »

Индустриското производство во август пониско за 9,1 отсто од истиот месец лани


Индустриското производство во август годинава во однос на август лани бележи пад од 9,1 отсто, а во периодот јануари ‒ август 2020 година, во однос на периодот јануари ‒ август 2019 година, намалување од 13,2 отсто, објави Државниот завод за статистика. Според објавените податоци, индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во август 2020 …

Индустриското производство во август пониско за 9,1 отсто од истиот месец лани Read More »

Битиќи: Во последниот квартал следи закрепнување на економијата


Проекциите кои ги имаме до крајот на годината се дека во последниот квартал  следи закрепнување кое доколку успешно го премостиме можеме да влеземе во пост ковид периодот со добра основа за развој и стабилизирање, рече денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Осврнувајќи се на најновите статистички податоци за индустриското произвдоство оцени дека движењето на …

Битиќи: Во последниот квартал следи закрепнување на економијата Read More »

Распишан тендерот за изградба на брана на реката Отиња


Министерството за транспорт и врски распиша јавна набавка за избор на најповолен понудувач за изградба на брана на реката Отиња. Како што соопшти денеска министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, проценетата инвестициска вредност за изградба е 460 милиони денари или 7,5 милиони евра. Средствата се обезбедени од Буџетот на Министерството за транспорт и врски, …

Распишан тендерот за изградба на брана на реката Отиња Read More »

Поддршката за исплата на платите ќе зависи од падот на приходите на компаниите


Поддршката за исплата на плати, една од мерките во четвртиот пакет мерки, ќе се врши скалесто, во зависност од тоа колку компаниите ги чувствуваат последиците од корона кризата. Односно, оние кои имаат поголем пад на приходите ќе добијат поголема поддршка, рече денес вицепремиерот Фатмир Битиќи, на заедничката прес конференција со министерката за труд и социјална …

Поддршката за исплата на платите ќе зависи од падот на приходите на компаниите Read More »

Македонски Телеком ќе користи обновливи извори на енергија за своите дата центри


Македонски Телеком постави сопствен систем за производство на енергија од сончево зрачење на најголемиот дата центар во Скопје. Системот се состои од 148 соларни панели и инвертор на површина од 300 метри квадратни  на покривот на ТК објектот во центарот  на Скопје и годишно ќе произведува повеќе од 80 илјади kWh зелена електрична енергија за …

Македонски Телеком ќе користи обновливи извори на енергија за своите дата центри Read More »

Компаниите во земјава помалку оптоварени со бирократски процедури во споредба со држави од ЕУ


Северна Македонија е подобро рангирана од земји членки на Европската унија во поглед на оптовареноста на компаниите со бирократски процедури. На една македонска компанија и се потребни годишно 154 часа за усогласување со регулативата што е значително помалку во однос на некои европски држави. Во Словачка, на пример, се потребни 240 часа, а во Шпанија, …

Компаниите во земјава помалку оптоварени со бирократски процедури во споредба со држави од ЕУ Read More »

Во стопанството од трите пакети мерки се слеале најмалку 145 милиони евра, вели Битиќи


Во стопанството до сега од трите пакети мерки се слеале најмалку 145 милиони евра директна поддршка, рече на прес конференција за четвртиот пакет мерки вицепремиерот Фатмир Битиќи, одговарајќи на новинарско прашање. Во брзата пресметка, како што рече, 75 милиони евра се однесуваат на исплатените субвенции за плати на вработените, потоа 26,7 милиони евра преку платежните …

Во стопанството од трите пакети мерки се слеале најмалку 145 милиони евра, вели Битиќи Read More »

(Видео) Битиќи и Шахпаска за дел од економските мерки од четвртиот пакет


Денеска со почеток во 13:30 часот, заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, ќе одржат прес-конференција, на која ќе бидат презентирани дел од мерките на четвртиот пакет економски мерки за ревитализирање на економијата во услови на …

(Видео) Битиќи и Шахпаска за дел од економските мерки од четвртиот пакет Read More »

Туристичката комора задоволна од мерките на владата, но ќе почека да ги види условите за користење


Туристичките работници ќе ги почекаат условите под кои ќе се доделуваат субвенциите и кредитите за секторот туризам пред да дадат конечна оцена за мерките од четвртиот пакет што ги објави владата. Ова денес во Штип го изјави претседателот на Стопанската комора за туризам, Емил Димитровски, пред седницата на Управниот одбор на комората на која се …

Туристичката комора задоволна од мерките на владата, но ќе почека да ги види условите за користење Read More »

Хаѕидакис: Интерконекторот за природен гас и нафтоводот може да ги приближат Северна Македонија и Грција


На интерконекторот за природен гас и надградба на нафтоводот, како на два енергетски проекти кои можат да ги приближат Северна Македонија и Грција, меѓу другото, се задржал министерот за животна средина и енергија на Грција, Костис Хаѕидакис за време на тркалезната маса „Регионална енергетска безбедност и соработка“ што вчера се одржа во Солун, јави дописничката …

Хаѕидакис: Интерконекторот за природен гас и нафтоводот може да ги приближат Северна Македонија и Грција Read More »