Нафтен гигант отпушта 9.000 луѓе

Иако многумина можеби помислија дека е негативна цената на целокупната нафта, има нијанси

Лондон – „Ројал Дач Шел“ денес објави дека планира да отпушти од 7.000 до 9000 работници до крајот на 2022 година.

Нафтениот гигант потенцираше дека оваа бројка вклучува околу илјада и пол луѓе кои прифатиле доброволно да ја напуштат компанијата.

Според своите изгледи за третиот квартал, компанијата вели дека „намалувањето на комплексноста на организацијата“ и други мерки се очекува да резултираат во одржливи годишни заштеди од две до две и пол милијарди долари до 2022 година.