Вучиќ: Земјите од Отворен Балкан ќе привлекуваат над 80 отсто од инвестициите во Западен Балкан


  Иницијативата Отворен Балкан ќе им овозможи на трите земји кои во неа учествуваат да привлекуваат над 80 отсто од странските инвестиции во Западен Балкан, рече на прес конференција српскиот претседател Александар Вучиќ. Тој рече дека во изминатите три години Србија привлекла околу 60 отсто од странските инвестиции во регионот, и смета дека иницијативата Отворен […]

„Порше“ вложува 63 милиони евра во нова германска вселенска агенција


САД – Автомобилската компанија „Порше аутомобил холдинг СЕ“, која меѓу другото ја контролира и „Фолксваген групацијата“, е најновиот голем инвеститор којшто се стреми кон улога во вселенската трка, преку развој на ракети и на технологиите на иднината. Компанијата, која е во мнозинска сопственост на семејството Порше-Пих од 1931 година, најави инвестиција во германската „Исар аероспејс“ – […]

Нула минути чекање на граница и една работна дозвола – бара бизнис заедницата


„Нула минути на граница“, тоа е нашата цел, им порачаа денеска стопанствениците на политичките лидери Зоран Заев, Еди Рама и Александар Вучиќ. На економскиот панел во рамки на Регионалниот економски форум, бизнис заедницата укажа и на потребата од воведување една работна дозвола. -Без нула минути не можеме да бидеме конкуреннти во ЕУ. Од друга страна, […]

Цената на парното се намалува за 4 отсто


Регулаторната комисија за енергетика одлучи да ја намали цената на парното греење во Скопје за 4 отсто, а веќе августовската сметка, што ќе дојде за наплата во септември, ќе биде со новите цени. – Најголемата компанија која снабдува 56.000 потрошувачи, БЕГ, ќе има намалување на цената за парното за 4,35 проценти. Фиксниот надоместок останува ист, […]

Бектеши: Над 3.500 граѓани со ниски приходи ќе добијат 12.000 денари за летување во домашните туристички капацитети


Министерството за економија обезбеди дополнителни 23 милиони денари за ваучери за туризам од 12.000 денари за лица со ниски приходи кои што аплицираа на Јавниот повик. Со ребалансот на Буџетот за 2021 година, обезбедени се дополнителни средства за ваучери за туризам, со што над 3.500 граѓани со ниски приходи оваа година ќе може да летуваат […]

(Во живо) Економски форум за регионална соработка


Проследете го Економскиот форум за регионална соработка во живо.  Главен панел „Поврзан Балкан“ со воведни излагања на премиерите на Северна Македонија Зоран Заев, на Албанија Еди Рама и на претседателот на Србија Александар Вучиќ

Водата филтрирана со Aquaporin го спасува светот од отпад


Секоја минута во светот се продаваат повеќе од еден милион пластични шишиња со што се создаваат огромни количини пластичен отпад кој ја уништува планетата и му штети на целиот жив свет на неа. Трендот на голема и масовна потрошувачка на пластични шишиња постојано расте и покрај многубројните апели на екологистите и на еколошки свесните луѓе […]

Заев, Вучиќ и Рама на Економски форум во Скопје, дебати и договори за поврзан Балкан


 „Поврзан Балкан“ е насловен главниот панел на Регионалниот економски  форум што ќе се одржи денеска во Скопје, со учество на премиерите на Северна Македонија Зоран Заев, и на Албанија Еди Рама, претседателот на Србија Александар Вучиќ, како и претставници на повеќе од 300 компании од регионот и од меѓународни институции. На настанот ќе биде објавено […]

Повеќе пари за здравството, капитални расходи, економијата и граѓаните со усвоениот ребаланс на Буџетот


Повеќе приходи во буџетот, повеќе средства за капитални расходи, за мерки за поддршка на стопанството и граѓаните поради ковид-кризата, за здравството, земјоделството, за редовна исплата на плати и пензии и социјални права, се обезбедени со ребалансот на Буџетот за 2021 година што го усвои вчера Собранието. Вкупните приходи со измените и дополнувањата на Буџетот на […]

Вучиќ: За Србија посетата на Скопје е многу важна


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска пристигна во дводневна посета на Скопје, каде ќе се сретне со премиерите на Северна Македонија, Зоран Заев и Албанија, Еди Рама, во рамки на регионалната иницијатива за соработка позната како „Мини Шенген“. Вучиќ за српските медиуми изјави дека посетата на Скопје е многу важна, посочувајќи ги притоа договорите што […]

Донесен ребалансот на Буџетот


Собранието попладнево со 56 гласови „за“ и 37 „против“, го донесе ребаланост на Буџетот за 2021 година. За ребалансот се гласаше на петтиот ден од расправата во законодавниот дом. Со ребалансот вкупните приходи се планирани на ниво од 222,6 милијарди денари и се за околу 10 милијарди денари или 4,7 проценти повисоки во однос на […]

Нафтата се доближува до 75 долари за барел


На меѓународните пазари денеска цената на нафтата се зголеми на 75 долари за барел, во пресрет на извештајот од кој се очекува да покаже пад на американските резерви над очекувањата. На лондонскиот пазар цената на барелот во однос на претходното затворање се зголеми за 23 центи и изнесуваше 74,71 долари, додека на американскиот пазар, барелот […]

Во Република Српска забранет увоз на 400 килограми македонски сливи


 Републичката фитосанитарна инспекција на Република Српска, како дел од редовната инспекција на пратките во надворешната трговија, забрани увоз на пратка од 400 килограми сливи со потекло од Северна Македонија, бидејќи се пронајдени остатоци од пестициди над пропишаното максимално ниво, соопшти Инспекторатот на Република Српска, јави дописникот на МИА од Белград. Контролата на овошјето и зеленчукот […]

Последен ден расправа за дополнетиот ребаланс на Буџетот


Собранието денеска, во рамки на 47 седница, ја продолжи општата расправа за дополнетиот ребаланс на Буџетот. Ова е последен, петти ден според Деловникот кога пратениците дебатираат за буџетот. И денеска пратениците ги повторија спротивставените ставови. За пратениците од СДСМ, ребалансот е развоен и ќе овозможи инвестиции, а за нивните колеги од ВМРО-ДПМНЕ тој е за […]

Ќе се заострат условите за експлоатација на минералните сурови, полесно до раскин на договорите за концесија


Повеќе основи за едностран раскин на договорот за концесија за експлоатација на минерални суровини од страна на државата и зајакнати мерки за следење на наплатата на концесиски надоместоци со јасни и прецизни услови за достава на финансиска гаранција која би покрила настанати штети, доколку концесионерот не го рекултивира земјиштето кое што е деградирано со експлоатацијата, […]

Над 4.000 ваучери за домашен туризам ќе бидат поделени следната недела


На сите граѓани што аплицирале и што ги исполнуваат условите за добивање ваучер за домашен туризам ќе им бидат врачени во текот на наредната недела и нема да важи условот „прв дојден, прв услужен“ што се применуваше досега, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши. -Министерството за економија во соработка со Министерството за финансии, пратениците […]

Чадеж: Во Скопје започнуваме нова ера на економска и политичка соработка


Србија– Бизнисмени од Србија, Северна Македонија и Албанија денеска и утре во Скопје ќе разговараат за можностите за подобра економска соработка во регионот. Претседателот Александар Вучиќ, како и премиерите Еди Рама и Зоран Заев, ќе ја охрабрат соработката, пишуваат српските медиуми, според кои српскиот претседател во Скопје пристига со преставници на над 200 компании, јави […]

Потпишани 12 договори вредни 3,6 милиони евра за прекугранична соработка со Бугарија и Косово


Дванаесет договори за кофинансирање на проекти за прекугранична соработка со Бугарија и со Косово во вкупна вредност од 3,6 милиони евра потпиша денеска министерот за локална самоуправа Горан Милевски со претставници на граѓанскиот сектор, на неколку општини и на два центри за развој. Средствата се обезбедени од ИПА Програмата на Европската Унија за прекугранична соработка, […]

(Во живо) Прес-конференција на министерот Бектеши за предлог-измените во Законот за минерални суровини


Проследете ја прес-конференцијата на министерот за економија Крешник Бектеши. Тема на прес-конференцијата е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини.