Славица Кутиров е нова директорка на Царина на местото на Сугарески


Владата на Република Северна Македонија на 93-та седница ја прифати одлуката на Комисијата за именување, Горан Сугарески да го разреши од должноста в.д. директор на Царинска управа, и на оваа позиција да ја именува Славица Кутиров, досегашен заменик-директор.   -Ми беше чест и задоволство да бидам директор на една ваква институција како што е Царинската […]

Еднократна финансиска помош во висина од 111 милиони денари за 382 угостители


 Владата вчера на 92-та седница донесе одлуки за трите јавни повици, дел од мерките од шестиот економски пакет, со кои се одобрува исплата на еднократна финансиска помош за лиценцирани туристички агенции, категоризирани ресторани за свадби и за ноќни клубови, кои поднесоа барања за финансиска поддршка и притоа бележеа загуби како последица на пандемијата предизвикана од […]

Русија размислува за привремени ограничувања на извозот на горива


Руската влада размислува за воведување на привремени ограничувања за извоз на гориво, со цел да се стабилизира домашниот пазар, изјави вицепремиерот Александар Новак. Можно е Министерството за енергетика да даде таков предлог во блиска иднина, рече Новак. „Ова се разгледува, а Министерството за енергетика треба да даде предлог во блиска иднина. Во принцип, го разгледуваме […]

„Геокс“ не е прв: Ги снема државните субвенции и инвеститорите си одат од Врање


Државата Србија му даде на „Геокс“ 14 милиони евра субвенции за плати, но италијанската компанија очигледно сакаше уште   Веќе сигурното затворање на „Геокс“ е најсилниот, но не и првиот удар за социјалната состојба на југот на Србија. „Покрај тоа што голем број работници ќе останат без работа, имаме и трајна последица дека ова е […]

Српски Телеком основа компанија во Северна Македонија


 Генералниот директор на компанијата „Телеком Србија“, Владимир Лучиќ, за српските медиуми изјави дека во четвртокот во Скопје започна основање на компанијата „Телеком“ во Северна Македонија, кое ќе се вика Мтел. Лучиќ посочи дека со работа ќе започне за еден месец, најпрво со нудење услуги за сателитска телевизија, а до крајот на годината, како што изјави, […]

НБ: Просечната каматна стапка на вкупните кредити во јуни се намали на 4,54 отсто


Продолжува трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити и во јуни годинава таа се сведе на ниво од 4,54 отсто, додека просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 0,84 отсто, информира Народна банка (НБ). -Просечната каматна стапка на вкупните кредити во јуни 2021 година изнесува 4,54 отсто и бележи месечен и годишен […]

Битиќи: Убедени сме дека во Законот за автопати нема ништо што е спротивно од законските одредби


Законот за автопати ни дава рамка во која се започнуваат преговорите за да се финализира како ќе изгледа следниот договор за градење на автопатиштата. Тоа ни дава можност да ангажираме соодветни експерти што треба да ни помогнат и да ни дадат рамка и затоа не гледам зошто би требало да почекаме одреден исход кога евентуалното […]

Во јуни раст од 9,5 проценти на индустриското производство на годишно ниво


Индустриското производство во јуни годинава, во однос на јуни лани бележи раст од 9,5 отсто, а од 6,6 отсто во првата половина од годината споредено со истиот период од минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2021 година, во однос […]

Доделени последните 35 договори од ТАВ програмата за инфраструктурни проекти


Задоволен сум од соработката со ТАВ Македонија и сите општини кои аплицираа за договорите, а плод на ова трипартитно партнерство се вкупно 94 инфраструктурни проекти кои се директно насочени кон секојдневните реални потреби на граѓаните во вредност од 49,7 милиони евра што во наредниот период ќе се реализираат во 75 општини низ  целата земја, порача […]

Со 2,5 милиони евра ќе се поттикнува претприемништвото кај Ромите


Премиерот Зоран Заев денеска го промовираше Мечинг Фонд на Владата, на Министерството за труд и социјална политика, на Агенцијата за вработување и на Иницијативата за економски развој на Ромите – РЕДИ, вреден 2,5 милиони евра во вид на исклучително поволни кредитни линии за невработени лица и регистрирани субјекти заради создавање на услови за нови вработувања, […]

Повик до стечајните работници да се пријават за надомест ако ги исполнуваат новите законски услови


Министерството за труд и социјална политика ги повикува стечајните работници кои ги исполнуваат условите за добивање надомест согласно со новиот Закон за стечајци, што беше изгласан вчера во Собранието, да се пријават во Агенцијата за вработување во рок од 30 дена. Со новиот Закон за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со […]

Совет на Народна банка: Економијата закрепна во вториот квартал, инфлацијата во првото полугодие 2,4 отсто


Советот на Народната банка одржа редовна седница на којашто беше усвоен најновиот Квартален извештај. Како што е нагласено во Извештајот, во текот на вториот квартал дојде до видно стабилизирање на епидемиолошката состојбa и олабавување на рестриктивните мерки, со што и показателите за глобалната економска активност се поволни. Главните извори на неизвесност и ризици во глобални […]

Грција одговорила на повикот да отвори зелен коридор за земјите од Балканот


Ги поканивме членките на ЕУ, соседи на земјите од Западен Балкан да ги отворат зелените коридори, како прв чекор за сите земји од регионот. Грција е таа која прва се јави и веќе на тоа работи администрацијата, информира денска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на пратенички прашања во Собранието. Според него, со ова Грција треба да […]

Турската компанија „Текнопанел“ ќе инвестира во ТИРЗ Скопје


Турската компанија „Текнопанел“ ќе инвестира 16 милиони евра во изградба на нов производствен капацитет во ТИРЗ Скопје. Одлуката за инвестиција е постигната на средбата во Истанбул на директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски и менаџментот на компанијата. „Текнопанел“ е еден од најголемите извозници во Турција и на листата Топ 500 водечки индустриски компании во земјата, со […]

„Отворен Балкан“ – една економија, без царини, без задржувања на границите и со сто проценти слободна трговија


Доколку работите одат со предвидениот тек земјава во 2023 година практично нема да има граници со Албанија и Србија. Ова го предвидува иницијативата „Отворен Балкан“ што вчера во Скопје ја потпиша премиерот Зоран Заев со албанскиот колега Еди Рама и српскиот претседател Александар Вучиќ во присуство на повеќе од 350 претставници од бизнис секторот од […]

Економијата на САД се зголеми 6,5 отсто во вториот квартал, под очекувањата на аналитичарите


Американската економија забележа раст од 6,5 проценти на годишно ниво во вториот квартал од 2021 година, објави денеска Министерството за трговија. Тоа е мало забрзување на растот на бруто домашниот производ на САД во однос на 6,3 проценти во првиот квартал, но стапката е значително под прогнозата на аналитичарите, кои предвидуваа во просек експанзија од […]

Еве колку заработи АстраЗенека од продажбата на своите вакцини во вториот квартал


Компанијата АстраЗенека  (AstraZeneca) заработи приближно 900 милиони американски долари од продажба на нејзините вакцини против КОВИД-19 во вториот квартал, што е многу помалку од американскиот ривал „Фајзер“, кој инкасираше 7,8 милијарди долари од продажбата на неговата поскапа вакцина во истиот период, објави Фајненшл тајмс. (ФТ) . Англо-шведската фармацевтска група, исто така, во соопштението наведува дека […]

Заев: Целта е нула царини за стоките и услугите


„Оваа иницијатива менува тектонски сѐ во регионот“, изјави Вучиќ. Рама вели дека другите три земји кои уште не се приклучиле кон иницијативата само грбат време   Премиерот Зоран Заев денеска се заложи целокупната размена на стоки и на услуги помеѓу Македонија, Србија и Албанија да биде без било какви царини или дополнителни давачки, што ќе […]

За шест месеци „Алкалоид“ има 121 ново вработување и 524 милиони денри инвестиции


„Алкалоид“ со инвестиции во износ од над 524 милиони денари, со 121 нови вработувања во земјата и со раст на консолидираниот профит од 14% во периодот јануари-јуни 2021 година Приходи од продажби  Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари-јуни 2021 година, продажбите достигнуваат 4.788.760.106 денари, што е за 1% повеќе во споредба со истиот […]

Шахпаска: Ги намалуваме критериумите за поголем број стечајци да добиваат месечен надомест од 9.242 денари


Постојат стечајци на кои им недостигаат по неколку месеци работен стаж и затоа границата за остварување на паричниот надоместок ја спуштивме од 15 на 14 години работен однос во претпријатија со доминантна сопственост на државата, рече министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, образложувајќи го Предлог-законот за стечајци, на денешната собраниска Комисија за труд […]