ММФ ја одобри најголемата транша досега од нејзините резерви: Повеќето повторно за најбогатите земји


Одборот на гувернери на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја одобри најголемата распределба на Специјални права на влечење (СПВ) досега од нејзините резерви, во износ од 650 милијарди долари, а одлуката стапува на сила на 23 август. Земјите -членки на ММФ ќе имаат на располагање Специјални права за влечење – валутата на Фондот конвертибилна во долари, […]

Димовски: Машинскиот персонал е во бојкот, нема да тргнат возовите по 16 часот


Машинскиот персонал во Железници на Република Северна Македонија (ЖРСМ) Транспорт донесе одлука за бојкот поради неисплатениот втор дел од платата за јуни годинава, поради што попладне по 16 часот нема да ги извршува работните задачи, изјави за МИА Тони Димовски, претставник на машинскиот персонал во ЖРСМ Транспорт. Како што информира Димовски, одлуката е донесена на […]

Банките може да делат дивиденда, Народна банка ја укина одлуката за привремено ограничување


Народната банка ја укина одлуката за привремено ограничување на распределбата и исплатата на дивиденда на акционерите на банките. Одлуката е укината денеска на седница на Советот на Народната банка откако се согледани актуелните околности во глобалното и домашното опкружување и показателите за банкарскиот систем во првата половина од годинава. Одлуката за укинување ќе стапи на […]

Горивата поскапуваат од 1,5 до 3,5 денари за литар


Дизелот од ноќеска на полноќ поскапува за 3,5 денари за литар, Екстра лесното масло за домаќинство за 1,5 денари, а бензините за по два денара по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со оваа одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,36 отсто. Новата малопродажна цена на […]

Нови пет милиони евра од ЕБОР за подобрување на енергетската ефикасност во домовите


 Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) преку Шпаркасе банка Македонија АД Скопје обезбеди нов финансиски пакет од пет милиони евра за подобрување на енергетската ефикасност во домовите во рамки на Фондот за Западен Балкан за финансирање на зелена економија (ГЕФФ II). Средствата од заемот ќе бидат достапни за инвестиции во зелени технологии со високи […]

Раст на биткоинот откако Илон Маск соопшти дека го враќа во игра


САД– Крипровалутите неодамна доживеаја пад. Биткоинот падна за речиси 50 отсто од 14 април, кога достигна рекордно ниво од над 64.900. Последниве неколку дена, цената на биткоинот скокна за повеќе од 8.000 долари, а некои предвидуваат и целосно закрепнување. „Индекс“ потсетува што сѐ се промени околу биткоинот последниве месеци и што му претходеше на падот? […]

МТСП: Законот за стечајци стапи на сила, пријавете се во рок од 30 дена во Агенцијата за вработување


Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, популарно наречен Закон за стечајци стапи на сила. Стечајците коишто ги исполнуваат условите треба во рок од 30 дена да се пријават во подрачните единици на Агенцијата за вработување. Законот за стечајци кој минатата недела едногласно беше усвоен во […]

Никола Поповски: Јавниот долг станува застрашувачки


Јавниот долг на Македонија добива димензии кои се застрашувачки . Ова е коменатр на универзитетскиот професор Никола Поповски за Алсат ТВ кој смета дека доколку продолжиме со ова темпо да се задолжуваме земјава ќе падне во должничка криза.  Нема да можеме да ги сервисираме долговите ако продолжи да расте зголемувањето на јавниот долг, смета Поповски. Професорот потенцира дека […]

Поштите на Србија и Северна Македонија потпишаа Протокол за деловна соработка во рамките на „Отворен Балкан“


Директорите на Поштите на Србија и Северна Македонија, Зоран Ѓорѓевиќ и Јани Макрадули денеска во Белград потпишаа Протокол за деловна соработка, во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“, јави допсиникот на МИА од Белград. Документот е потпишан три дена по Економскиот форум за регионалан соработка во Скопје, како дел од иницијативата „Отворен Балкан“ и е првиот […]

За членките на ММФ на располагање 650 милијарди долари врз основа на Специјални права на влечење


САД – Бордот на гувернери на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја одобри досега најголемата распределба на Специјални права на влечење (СДВ) од своите резерви, во износ од 650 милијарди долари, а таа одлука стапува во сила на 23 август. Земјите-членки на ММФ ќе имаат на располагање Специјални права за влечење – валута на Фондот конвертибилна во […]

„Сите 1.200 работници остануваат без работа“ – „Геокс“ официјално им се обрати на вработените во Врање


„Геокс“ ги извести работниците дека е донесена одлука за започнување постапка за ликвидација и за гаснење на друштвото во Врање, пишува белграддски „Блиц“. Покрај објаснувањето за континуираното намалување на производството, кое беше дополнително намалено за време на пандемијата, се наведува и дека на работниците им престанува работниот однос и дека за тоа индивидуално ќе им […]

Кога возрасните сточари веќе не можат, помладите најчесто ги продаваат стадата


Дваесет и една година без престан пасам овци, речиси не знам што е свадба сите овие години, на погреб на блиски луѓе не можев да отидам поради обврските околу стадото, а најболно од сè ми е што на крштевката на роденото внуче што го носи моето име не можев да присуствувам како што посакував, оти […]

Основачите на Гугл продадоа акции од над милијарда долари од мај годинава


Основачите и сосопствениците на Гугл (Алфабет), Лари Пејџ и Сергеј Брин, продадоа акции во вредност од над 1 милијарда долари од мај оваа година. Пејџ продаде акции во вредност од 462 милиони долари, додека Брин продаде акции во вредност од 610 милиони долари. И двајцата продаваат акции според однапред утврден план за тргување со акции. […]

Статистика: Среде пандемија зголемен бројот на милионери


Минатата година, кругот на милионери уште еднаш се прошири, и покрај фактот дека пандемијата имаше катастрофално економско влијание врз земјите низ целиот свет. Според податоците обезбедени од BlockArabia.com, повеќе од 5,2 милиони луѓе се приклучија на клубот на милионери среде пандемија, а една третина од нив беа од САД. Бројот на милионери во САД скокна […]

Светски берзи: Загриженост поради ширење на делта сојот


Цените на акциите на Волстрит паднаа минатата недела, и покрај подобрите од очекуваните деловни резултати за повеќето компании, а претпазливо се тргуваше и на другите големи светски берзи поради понатамошното ширење на делта сојот на корона вирусот. На Волстрит, Дау Џонс минатата недела падна за 0,4 отсто, на 34.935 поени, додека S&P 500 се лизна […]

Американските маркетинг фирми годинава ќе инвестираат 3,6 милијарди долари во т.н. инфлуенсери


Истражувачката и аналитичка куќа Инсајдер Интелиџенс (Insider Intelligence) ја објави својата анализа на пазарот за маркетинг во врска со рекламирањето на социјалните мрежи со користење на влијателни и познати луѓе, т.н. инфлуенсери. Според нивните податоци, оваа година, само во САД, маркетинг компаниите ќе инвестираат 3,69 милијарди долари преку инфлуенсери. Тоа ќе биде првпат оваа форма […]

„Пензионирање“ на РЕК Битола и вистинска праведна транзиција – единствениот пат за чист воздух и задоволни граѓани


Енергетската транзиција е неизбежна, како во светот, така и кај нас. Ќе дојде денот кога РЕК Битола ќе замине во историјата, но оттаму егзистираат оргомен број луѓе од Битолскиот регион. За чистиот воздух, кон кој сите се стремиме, тоа е единствениот пат, но она што е од курцијално значење е спроведувањето на праведна транзиција. РЕК […]

Евростат: БДП на еврозоната зголемен за два отсто во однос на првиот квартал


Според првата проценка на статистичката служба на ЕУ објавена денеска, бруто домашниот производ (БДП) на еврозоната се зголеми за два проценти во периодот од април до јуни во споредба со првиот квартал годинава. Економските активности во областа на единствената валута на еврото се зголемија за 13,7 проценти во споредба со истиот период во 2020 година, […]

Со капиталната инвестиција во јужната долина на Вардар ќе се наводнуваат нови 2.150 хектари


Во предвидениот рок е реализирана втората фаза на „Проектот за наводнување на јужната долина на реката Вардар“, што за земјоделците значи намалување на трошоците за производство и предуслов за осовременување на агро-секторот. Станува збор за модерен систем за водоснабдување во земјоделството, кој е од витално значење за овој крај. Без правилно и рационално управување со […]

Ќе ги затвори ли проблемите на бизнисот иницијативата Отворен Балкан


Чекањето на камионите на граница не е единствениот проблем. Проблем се институциите кои ги следат сите тие работи, вели Светозар Јаневски   Мирче Јовановски Нула минути чекање на границите меѓу Албанија, Македонија и Србија за превозниците, но и целосна мобилност на работната сила, што ќе им овозможи на граѓаните од трите земји да барат вработување […]