Апелациски суд: Постапено е согласно законот по жалбата на оштетените штедачи на Еуростандард банка


Апелацискиот суд Скопје постапува согласно законот и Судскиот деловник, каде на јасен начин е регулиран начинот на заведување, предавање и постапување на судските предмети, соопштија утрово од Апелација по обвинувањата за брзото постапување по предметот ТСЖ.бр.1554/21 оформен по жалбата на група доверители на Еуростандард банка. -Согласно чл. 175 ст.2 од Судскиот деловник, предметите од итна […]

Договор за стратешко партнерство на регулаторните тела за ревизија на Македонија и Грција


Врз основа на договорот од Преспа со кој Република Грција доброволно се обврза да помага на институциите на Р.С.Македонија во делот на евроинтеграциите Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Северна Македонија (СУНР) и Хеленскиот одбор за надзор на сметководствените и ревизорски стандарди денеска во Атина ќе потпишат договор за стратешко партнерство. Како […]

ММФ: Цените на енергијата треба да паднат на почетокот на 2022 година


Цените на енергијата, кои се зголемија во последните денови, најверојатно ќе останат високи во наредните месеци, но ќе почнат да паѓаат на почетокот на следната година, изјави главниот економист на ММФ, Гита Гопинат. Иако цените на енергијата „ќе растат“ во следните неколку месеци, „очекуваме да паднат до крајот на првиот квартал следната година и во […]

Ковачевски: МФ подготвува нова Програма за реформа во управувањето со јавните финансии 2022-2025


Во Министерството за финансии отпочнати се активности за подготовка на Програмата за реформа во управувањето со јавните финансии за периодот 2022 -2025 година во која приоритет е управувањето на внатрешната ревизија. – Владата на Република Северна Македонија е посветена на спроведувањето на реформите во управувањето со јавните финансии. За таа цел е донесена „Програмата за реформа […]

ММФ предвидува раст на македонскиот БДП од 4 отсто оваа и 4,2 отсто наредната година


Македонската економија годинава ќе оствари раст од 4 отсто предвидува Меѓународниот монетарен фонд во најновиот Светски економски преглед објавен за време на Годишните средби на ММФ и Светска банка. За наредната година според проекциите на ММФ македонскиот БДП ќе оствари раст од 4,2 отсто, а во 2026 година тој ќе изнесува 3,6 отсто. Инфлацијата во […]

Во август издадени за 50 проценти повеќе одобренија за градба, вредноста на објектите повисока за скоро 100 отсто


Во август се издадени 276 одобренија за градба што е за 50 проценти повеќе во споредба со истиот месец лани, објави денеска Државниот завод за статистика. Предвидената вредност на објектите е 6.248.028 илјади денари што е за 96,9 проценти повеќе во однос на минатата година. – Зголемената предвидена вредност се должи на фактот дека во референтниот […]

„Тиквеш“ и годинава откупи најмногу грозје по повисоки цени од просечните


Анализата на податоците од годинешниот откуп покажуваат дека винарската визба „Тиквеш“ и оваа година откупи најголема количина грозје, по повисоки цени во однос на  просечните цени за вкупната реколта. Имено, од 92 милиони килограми грозје, колку што вкупно се откупени оваа година, „Тиквеш“, со откупени 25 милиони килограми, што е повеќе од 25 отсто од […]

Рјабков: „Газпром“ ги зголемува испораките на гас за Европа од сопствените резерви


„Газпром“ посегна од своите резерви за да го зголеми снабдувањето со природен гас преку гасоводната мрежа и да ги стабилизира цените, изјави во вторникот владин претставник на Москва. Рускиот заменик -министер за финансии, Сергеј Рјабков, во интервју за Би -Би -Си ги отфрли тврдењата дека Русија ги прекина испораките на европскиот пазар каде што цените […]

Цената на струјата нема да се менува до крајот на годинава, рано е да се предвиди што после 1 јануари, велат Заев и Бислимоски


До крајот на годинава нема да се менува цената на електричната енергија, а сега е многу рано да предвидиме што ќе се случува после тоа, порачаа денеска премиерот Зоран Заев и претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ),  Марко Бислимоски. Премиерот Заев посочи дека стабилноста на цената на електричната енергија за домаќинствата […]

Нов скок на цената на нафтените деривати


Нафтените деривати од полноќ поскапуваат од два до два ипол денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 поскапуваат за два денари, а дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство за 2,5 денари. Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 75,5 денари за литар, додека Еуросупер БС-98 ќе се продава по […]

Германската компанија „Впд“ ќе гради ветерен парк кај Куманово за 500 милиони евра


Паркот на ветерни електрани што ќе го гради германската компанија „Впд“ ќе има моќност од дури 415 мегавати. Ова најголемата директна инвестиција во Македонија по независноста. За споредба, трите блока на РЕК „Битола“, кои користат јаглен, имаат моќност од близу 700 мегавати   Во Македонија наскоро ќе почне изградбата на 415 мегаватна ветерна електрана на […]

(Во живо) Премиерот Заев за изградбата на ветерна електрана во Кумановско


Премиерот Зоран Заев, заедно со Андреа Бјорн Шолет, овластен претставник за германската компанија WPD, како и германската амбасадорка Анке Холштајн, ќе одржат прес-конференција за стратешкиот инвестициски проект, изградба на 415 мегаватна ветерна електрана  на потегот Куманово – Старо Нагоричане – Крива Паланка, во вредност од околу 500 милиони евра.

Дали Америка ќе може да ги враќа долговите?


Кина има американски обврзници во вредност од повеќе од билион долари. Ако почне да ги продава, тоа ќе му овозможи на официјален Пекинг да го симне доларот од позицијата најпосакувана светска валута Минатата недела беше напната за американскиот претседател Џо Бајден. Не само што постоеше можност да не може да го реализира својот амбициозен план […]

Извршниот одбор на ММФ ја потврди целосната доверба во Георгиева


САД – Извршниот одбор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја потврди целосната доверба во директорката на фондот, Кристалина Георгиева, откако ги испита обвинувањата против неа за наводни притисоци врз вработени во Светска банка да изменат податоци за Кина. Извршниот одбор ја донесе одлуката по проучувањето на извештајот на адвокатската фирма Вилмер Хејл, во кој се обвинува […]

Нобеловата награда за економија за тројца експерти за пазарот на трудот


Нобеловата награда за економија за 2021 година ја добија Дејвид Кард, роден во Канада, Американецот Џошуа Д. Ангрист и Гвидо В. Имбенс од Холандија-Америка. Кралската шведска академија на науките рече дека наградата е за работата на „извлекување заклучоци од несакани експерименти“. Се наведува дека работата на лауреатите „целосно ја преобликувала емпириската работа во економските науки“. […]

Фајненшел тајмс: Поделбите околу судбината на Георгиева може да го засенат годишниот состанок на ММФ


САД и Јапонија сакаат шефицата на ММФ да замине, додека европските држави ја поддржуваат, пишува влијателниот весник Поделбите меѓу САД и Европа околу тоа дали Кристалина Георгиева треба да остане на својата функција како директор на ММФ, ќе ги засени главните годишни состаноци на фондот оваа недела, бидејќи Вашингтон сака таа да замине, но европските […]

Сме се отруле со лекови: Лани аптеките имале приход од 131 милион евра


    Ковид, паниката кај граѓаните им ги наполни сметките на аптеките. Едно четирчилено семејство заболено од Ковид кое се лечеше во домашни услови трошеше најмалку 500-ини евра за лекови. Граѓаните ги полнеа своите полици со разно разни витамини, антибиотици како резерва и се што сметаа дека би им помогнало полесно да го поминат вирусот. […]

Бесими и Ангеловска-Бежоска ќе учествуваат на Годишните средби на ММФ и Светска банка


Министерот за финансии Фатмир Бесими ќе учествува на Годишните средби на ММФ и Светска банка, кои поради пандемијата и овојпат се организираат онлајн. На состаноците, што ќе се одржуваат во текот на наредната недела, Бесими ќе ги истакне клучните реформи и активности што се поврзани со процесот на зајакнување на фискалната консолидација, Планот за финансирање […]

Недвижностите во ЕУ за 11 години поскапеле 34 отсто, само во последната година за 7,3 отсто


Цените на кириите и куќите во ЕУ, според податоците на Еуростат, го продолжија својот континуиран раст во вториот квартал од 2021 година. Кириите пораснаа за 1,3 отсто, додека цените на куќите пораснаа дури за 7,3 отсто во споредба со вториот квартал минатата година. Сличен раст имало помеѓу 2010 и вториот квартал од 2011 година, но […]

Топ листа на телекомите во регионот: Телеком Србија го престигна Хрватски телеком


Со приходи од 820 милиони евра во 2020 година, Телеком Србија е на врвот на листата на 20 најголеми телекоми на Балканот, објави хрватскиот портал Медиа дејли, специјализиран за медиумска и телекомуникациска индустрија. Во традиционалната Топ листа на 20 телекоми за 2020 година во однос на приходите, профитот и бројот на вработени, што годишно ја […]