Бесими: Владата со низа мерки влијае врз ублажување на ценовниот ефект од енергетската криза


Со одлука на Влада, АД ЕСМ достави предлог за Универзалниот снабдувач со електрична енергија ЕВН Хоум со цена која ќе биде пониска од цената на чинење на струјата за да се ублажи ценовниот ефект од енергетската криза на глобално ниво и на европските пазари и да нема дополнително значајно зголемување на цената на електрична енергија […]

Бавен откупот на преспанското јаболко, производителите бараат продолжување на субвенциите


Откупот на преспанското јаболко тече многу бавно, јаболко производителите бараат владината мерка од три денари по килограм продадено индустриско јаболко, да продолжи до 30 јуни идната година. Претседателот на Здружението на овоштари Љубен Пампулевски во изјава за МИА посочи дека околу 40 проценти од индустриските јаболка останале недособрани, а голем дел од собраните стоеле поради немање […]

Трајно се намалуваат или укинуваат царинските стапки на 258 производи


Вкупната индиректна поддршка за стопанството, со намалувањето на тарифите со овој Предлог-закон изнесува 13 милиони евра на годишно ниво   Поголема конкурентност на домашните компании, зголемување на извозот, зголемено ангажирање на работна сила, отворање на нови работни места, вклучување на глобални синџири за создавање на додадена вредност и забрзување на економскиот раст на државата ќе […]

Бесими: Денарот е стабилен, а така и ќе остане, шпекулациите не користат никому


Денарот е стабилен, а така и ќе остане бидејќи стабилноста на валутата е во основата на напшиот економски модел, порача денеска министерот за финансии Фатмир Бесими. Тој додаде дека и покрај повисоката инфлација, вредноста на националната валута ќе остане стабилна, а гаранција за тоа е Народната банка и девизните резњерви со кои што располага. „Девизниот […]

Народна банка: Инфлацијата до ноември е 3,1 отсто, растот на БДП е 4,6 отсто во првите три квартали


Основната каматна стапка и натаму изнесува 1,25 отсто, а на денешната аукција ќе се понуди непроменет износ од 10 милијарди денари благајнички записи. Со ова, се задржува приспособливиот карактер на монетарната политика на севкупните макроекономски и финансиски услови, што воедно придонесува за натамошна поддршка на кредитните текови во економијата. Ова беше заклучено на редовната седница […]

УСАИД промовира прекугранична економска соработка во Западен Балкан


УСАИД денеска одржа регионална конференција за зајакнување на прекуграничната соработка во регионот на Западен Балкан и на ЦЕФТА, во рамки на ЦЕФТА Неделата 2021 година, во партнерство со ЦЕФТА, Транспортната заедница, Групацијата на Светска банка и Министерството за економија на Северна Македонија. – Учесниците од земјите на Западен Балкан и ЦЕФТА разговараа за напорите за подобрување […]

„Макпетрол“ – граѓаните да не учествуваат во лажната наградна игра на „Фејсбук“


На социјалната мрежа „Фејсбук“ неодамна се појави наградна игра преку корисничкиот профил „Макпетрол Македонија“. Компанијата нагласува дека и наградната игра и споменатата интернет-страница се лажни и немаат никаква допирна точка со „Макпетрол“. Како дел од наведената игра, невистинито се наведува дека се доделуваат ваучери од 6.000 денари за гориво, за тие што ќе ја заследат […]

Oдливот на мозоци го чини скапо Балканот


Иселениците од Македонија праќаат дома шестпати помалку пари од тие што се иселени од Косово. На дното според дознаките од иселениците покрај Македонија се и Романија и Бугарија    „Одливот на мозоци“ стана тажен рефрен во земјите од Балканот, каде што многу млади сонуваат за живот и работа во странство. Но, дали одливот на мозоци […]

Претпоследен ден од собраниската расправа за Предлог-буџетот за 2022


Во Собранието денеска е претпоследниот ден од расправата за Предлог-буџетот за 2022 година. Според Деловникот за работа, расправата за Предлог-буџетот на пленарна седница трае пет дена. Во текот на изминатите денови, власта и опозицијата излегоа со спротиставени ставови. За власта, Предлог-буџетот има силна развојна компонента и со него ќе се забрза економскиот раст, ќе се […]

Полска бара реформирање на системот за тргување со квоти за јаглеродни емисии


Полските власти имаат намера да го покренат прашањето за реформирање на европскиот систем за тргување со квоти за јаглеродни емисии на самитот на ЕУ на 16 декември. Ова денеска го изјави премиерот на Полска Матеуш Моравјецки. „За време на претстојниот самит на ЕУ, ќе предложам промена во функционирањето на ЕТС (системот за тргување со квоти […]

Бислимовски: ЕВН дистрибуција побара 100 отсто повисока цена


Пристигна првото барање за цената на електричната енергија доставено од страна на ЕВН дистрибуција. Согласно нивното барање, пред се заради зголемени трошоци за набавка на загуби за електрична енергија, се предвидува во 2022 година цената да биде 220 евра за мегават-час. За споредба, во однос на  цената од изминатата година од 56 евра,тоа значи дека […]

ЕУ предлага минимална брзина од 160 км/час за патничките возови


Европската комисија предлага минималната брзина на патничките возови на главните линии да биде 160 километри на час до 2040 година. Иницијативата е вградена во новиот пакет за развој на чист транспорт, со кој Брисел се надева дека ќе помогне да се постигне целта на Европскиот зелен пакт за јаглеродна неутралност до 2050 година. „Употребата на […]

Утврден Предлог-законот за гаранции за финансирање на интерконекторот за гас од Грција


Владата на денешната седница го утврди Предлог законот за гаранции на  Македонија за обврските по финансискиот договор наменет за финансирање на проектот „Интерконектор за пренос на природен гас Грција – Северна Македонија, делот на Северна Македонија“, кој ќе се склучи меѓу Европската инвестициона банка (ЕИБ) и АД за вршење на енергетски дејности „Национални енергетски ресурси“ […]

Владата предлага намалување на царините за суровини и репроматеријали за домашната индустрија


Владата на денешната 127-ма редовна седница, со која претседаваше првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби ги утврди измените на Законот за Царинската тарифа со кои се предлага намалување на царинските стапки за одредени стоки кои како суровини или репроматеријали се користат во домашната индустрија. – Со донесување на […]

Либор заминува во историјата


Со првиот ден од новата година, лондонската меѓубанкарска понудена стапка, или Либор заминува во историјата, референтна каматна стапка која со децении беше појдовна точка за цените на финансиските инструменти, за на крајот да ѝ пресуди алчноста. Деценија по обелоденувањето дека банките спогодбено го местеле Либор и со тоа оштетиле милиони клиенти, една од најпознатите референтни […]

„Харли Дејвидсон“ оди на берза со бизнисот со електрични мотоцикли


Познатиот производител на култни мотоцикли Харли-Дејвидсон планира да го спои својот оддел за електрични мотоцикли, познат како LiveWire, со AEA Bridges Impact Corp., за да излезе на берза, по примерот на другите производители на електрични возила. Секторот за производство на електрични мотоцикли LiveWire ќе се спои со AEA Bridges Impact Corp преку преземање за специјална […]

Прифатени 23 амандмани за Предлог-буџетот, дали тоа ќе биде доволно


Собранието денеска ја продолжи расправата за дополнетниот Предлог-буџет за 2022 година, кој е проектиран на 4,4 милијарди евра. За власта, Предлог-буџетот има силна развојна компонента и е во насока на подобрување на секојдневното живеење на граѓаните во услови на здравствена и енергетска криза, додека опозицијата смета дека се работи за мегаломански буџет во кој фиктивно […]

ЕСМ достави понуда до ЕВН Хоум, цената е за 13,6 отсто повисока од лани


АД ЕСМ достави понуда до Универзалниот снабдувач со електрична енергија ЕВН Хоум за задоволување на 100 отсто од планираните потреби за тарифните потрошувачи за првата половина на наредната година. Понудата што ја достави на петтиот тендер на ЕВН Хоум изнесува 41 евро за мегават час електрична енергија и е за 13,6 отсто повисока од понудата […]

Под мраз цените и на оризот, тестенините и јајцата


Владата донесе одлука да се замрзнат цените и на оризот, тестенините и јајцата до 31 јануари 2022 година, информира министерот за економија Крешник Бектеши. -На предлог на Министерството за економија, Владата на денешната седница донесе одлука за проширување на листата на производи за кои ќе важат цените кои се применувале на 1 декември 2021 година […]

Прогласени најдобрите трговски објекти во Скопје за 2021 година


Градот Скопје денеска ги прогласи најдобрите трговски објекти за 2021 година, како дел од традиционалната манифестација „Месец на трговијата”. Плакетите на најдобрите трговски објекти ги додели претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески кој им посака понатамошна успешна работа и задоволни купувачи. Проектот „Месец на трговијата” традиционално се спроведува петнаесетта година по ред од […]