ЕФСЕ и натаму ќе финансира проекти на Народната банка во сферата на финансиската писменост и финтек-секторот


Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ) и во натамошниот период ќе ја поддржува Народната банка во нејзините активности во сферата на финансиската едукација и финансиската инклузија, коишто овозможуваат значајни придобивки за населението на долг рок. Оттука, ЕФСЕ со задоволство иницира вклучување на Народната банка и во циклусот на стратегиско планирање на Фондот, за да се …

ЕФСЕ и натаму ќе финансира проекти на Народната банка во сферата на финансиската писменост и финтек-секторот Read More »

Нема конкретен предлог за реформа на даночната политика, вели Битиќи


Во моментов само разговараме за евентуални реформи во даночната политика и немаме конкретен предлог од никого, ниту од Владата, но сепак се прават анализи затоа што мораме да се подготвиме за следните мерки. Сметам дека има поле за разумен разговор, оцени денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. -Секој предлог е добредојден ако оди во …

Нема конкретен предлог за реформа на даночната политика, вели Битиќи Read More »

Битиќи: И јас имам возило на лизинг, така што Владата не погреши при набавката на возила


Оперативниот лизинг е стандардна форма во целиот развиен свет во која одржуваш добар возен парк, кој овозможува сигурност, и секогаш е поевтин отколку да купиш возило и да го амортизираш и понатаму да не знаеш што да правиш  со железото кое ќе остане, порача денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. – Правевме одредени анализи …

Битиќи: И јас имам возило на лизинг, така што Владата не погреши при набавката на возила Read More »

Народната банка и Комисијата за хартии од вредност ќе ја унапредуваат финансиската стабилност


Финансиската стабилност е заеднички приоритет, но и обврска на финансиските регулатори и во изминатиот период се потврди дека унапредената соработка меѓу регулаторите и новиот формат на Комитетот за финансиска стабилност, во којшто се вклучени сите финансиски регулатори, придонесува за заедничката цел – финансиската стабилност, па затоа сето ова обврзува на натамошно унапредување на меѓусебната соработка, …

Народната банка и Комисијата за хартии од вредност ќе ја унапредуваат финансиската стабилност Read More »

РКЕ и Регулаторното тело за вода на Албанија склучија меморандум


Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги склучи Меморандум за соработка со Регулаторното тело за вода на Албанија. Како што соопштија од РКЕ, размена на искуства, информации и практики од регулирањето на водните услуги и управување со системите за отпадни води се дел од точките за кои Марко Бислимоски, претседателот на РКЕ и Ндричим Шани …

РКЕ и Регулаторното тело за вода на Албанија склучија меморандум Read More »

Промоција на Националната платформа за женско претприемништво


Вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи денеска ќе присуствува на воведниот настан за промоција на проектот „Национална платформа за женско претриемништво“, финансиран од Европската Унија во рамки на ИПА Програмата (Програма за претпристапна помош) за Граѓанско општество и медиуми 2018-2019. Креирањето на платформата е проект кофинансиран од Европската Унија …

Промоција на Националната платформа за женско претприемништво Read More »

Компанијата „Лутекс“ планира инвестиции од 1,2 милиони евра и нови работни места


Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денес оствари посета на компанијата Лутекс, лоцирана во селото Долно Оризари во општина Велес, каде оствари средба со сопственикот на компанијата Маркус Туч и изврши обиколка на производствените погони. Вицепремиерот Битиќи изрази задоволство што со инвестиции на оваа …

Компанијата „Лутекс“ планира инвестиции од 1,2 милиони евра и нови работни места Read More »

Предлог-законот за буџети пред пратениците – опозицијата бара јавна расправа


Собранието денеска ја продолжи 41. седница, на која пратениците дискутираа за Предлог-законот за буџети во прво читање. Гласањето по оваа точка ќе биде дополнително закажано, соопшти претседателот на Собранието Талат Џафери. Заменик-министерот за финансии Димитар Ковачевски го образложи законот и рече дека досегашниот бил од 2005 година. Посочи дека е наметната потреба да се создаде …

Предлог-законот за буџети пред пратениците – опозицијата бара јавна расправа Read More »

Преполовен бројот на превезени патници во првото тримесечје


Бројот на превезени патници во патничкиот патен превоз во првото тримесечје од 2021 година изнесува 9.158.000 и во однос на истиот период лани е намален за 44,5 отсто, објави Државиот завод за статистика. Според видот на превозот, бројот на превезените патници во градскиот превоз е намален за 42,8 отсто, во приградскиот превоз за 45,3 отсто, …

Преполовен бројот на превезени патници во првото тримесечје Read More »

Акадамик Таки Фити e против зголемување на ДДВ, до повеќе јавни приходи преку намалување на евазијата


Акадамик Таки Фити не препорачува зголемување на стапката на ДДВ во постковид периодот, како можен извор за поголеми јавни приходи, но не се противи на прогресивна стапка данок од доход за физичките лица и за оданочување на имотот. Тој исто така смета дека не треба да се чепка во данокот за фирмите, а зголемувањето на …

Акадамик Таки Фити e против зголемување на ДДВ, до повеќе јавни приходи преку намалување на евазијата Read More »

Топилница Велес еколошка бомба – по вчерашната експлозија инспекторите на терен


Државниот инспекторат за животна средина информира дека направил итен увид во кругот на поранешната Топилница во Велес, откако по силната експлозија на 19 мај изби пожар. -Топилницата е индустриско еколошко жариште, а објектите се во сопственост на Метрудхем. Увид на терен направија и инспектори од СВР Велес и констатирано е дека пожарот избувнал во текот …

Топилница Велес еколошка бомба – по вчерашната експлозија инспекторите на терен Read More »

Битиќи: Се засилуваат активностите за проекти за енергетска ефикасност


Унапредувањето на соработката помеѓу Владата и развојните агенции на Германија и Франција во насока на реализација на проекти за енергетска ефикасност, беше тема на разговор на денешната средба на вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи со амбасадорот на Република Франција Сирил Бомгартнер, заменикот амбасадор на Сојузна Република Германија Ото …

Битиќи: Се засилуваат активностите за проекти за енергетска ефикасност Read More »

Заев: Развиваме огромни енергетски проекти со соседна Грција, тоа се важни геостратешки приоритети


Целиот свет е посветен на темата инвестирање во обновливите извори, енергетската ефикасност, заштеда на енергијата, енергетиката и дигитализацијата генерално и ние сме посветени на овие приоритети, порача денеска премиерот Зоран Заев. Во денешното утринско интервју за „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ посочи дека при неодамнешната посета на Грција во фокусот на средбите биле поддршката на …

Заев: Развиваме огромни енергетски проекти со соседна Грција, тоа се важни геостратешки приоритети Read More »

Прва научна конференција на МФ и МАНУ за предизвиците на Ковид-19 и идните економски политики


„Предизвици на фискалната политика во периодот на пандемијата од Ковид-19 и перспективи во посткризниот период“ е тема на првата научна конференција што ќе се одржи денеска во организација на Министерството за финансии и Македонската академија на науките и уметностите. Заедничката конференција меѓу Министерството за финансии и МАНУ е дел од активностите на Министерството за финансии …

Прва научна конференција на МФ и МАНУ за предизвиците на Ковид-19 и идните економски политики Read More »

ЕЦБ предупредува на ризик од банкроти и финансиска нестабилност во еврозоната по корона кризата


Ризикот од финансиска нестабилност ќе се зголеми во еврозоната по крајот на кризата предизвикана од пандемијата со Ковид-19, предупреди Европската централна банка (ЕЦБ). – И покрај економското закрепнување, бројот на корпоративни банкроти се очекува да се искачи од многу ниско ниво во 2020 година, делумно поради нерешените побарувања за банкрот, се нагласува во најновата анализа …

ЕЦБ предупредува на ризик од банкроти и финансиска нестабилност во еврозоната по корона кризата Read More »

Заев: Европскиот инвестициски план кон Западен Балкан доаѓа во вистинско време за обнова на економијата


Виенскиот економски форум е исклучително успешен и ја остварува својата мисија да биде точка за унапредување на регионалната економска соработка на земјите од Западен Балкан и Југоисточна Европа. Особено е важно што форумот на најкреативен и инспиративен начин ги поврзува политиките на владите од регионот и нивните амбиции и заложби помеѓу претставниците на бизнис заедниците, …

Заев: Европскиот инвестициски план кон Западен Балкан доаѓа во вистинско време за обнова на економијата Read More »

Вархеи: ЕУ ќе инвестира милијарди во Западен Балкан за да се интегрира побрзо


Еврокомесарот Оливер Вархеи учествуваше денес на форумот „Економски разговори за Западен Балкан“ во Виена каде што ги престави економскиот, енергетскиот, транспортниот, планот за дигитализација, за развој на пазарот на трудот, за запирање на одливот на мозоците од регионот и слично, кои според него ќе повлечат 28 милијарди инвестиции и ќе го забрзаат интегрирањето на земјите …

Вархеи: ЕУ ќе инвестира милијарди во Западен Балкан за да се интегрира побрзо Read More »

Стопанска банка АД – Скопје со донација на вредна медицинска опрема за Клиниката „Св. Наум Охридски“ (фото)


Стопанска банка АД – Скопје денеска иницираше постапка за реализација на донација на дополнителна хируршка и лапароскопска опрема за Универзитетската клиника за  хируршки болести „Св. Наум Охридски“ – Скопје. Оваа опрема се надоврзува на донацијата на ултразвучниот апарат наменет за хируршки постапки од 2019 година, соопштија од Стопанска банка – Скопје, нагласувајќи дека со ова …

Стопанска банка АД – Скопје со донација на вредна медицинска опрема за Клиниката „Св. Наум Охридски“ (фото) Read More »

Министерство за финансии: Мисијата на ММФ оцени дека нашата економија заздравува


Економијата на Република Северна Македонија заздравува, оцени мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), која се одржа од 6-17 мај. Тие посочуваат дека добрите политики и владиниот стимул го амортизирале ударот од Ковид-19 кризата врз нашата економија и посочуваат дека фискалната политика треба и понатаму да биде насочена кон поддршка на стопанството и граѓаните. Станува збор …

Министерство за финансии: Мисијата на ММФ оцени дека нашата економија заздравува Read More »

„Алкалоид“ пушти во употреба нова инвестиција за сопствено производство на влажни марамчиња


Влажните марамчиња Becutan се производ од портфолиото на брендот, за првпат воведени на пазарот во 2006 година, изработени според оригинална рецептура на фармацевтските експерти од „Алкалоид“. По 15 години нивно производство надвор од земјава, денес е пуштен во употреба капацитет во кој целосниот процес ќе се спроведува во погоните на компанијата на локалитетот „Лафома“ во …

„Алкалоид“ пушти во употреба нова инвестиција за сопствено производство на влажни марамчиња Read More »