Руска мафија убила српски градежни работници, па ги забетонирала во темелите на хотел


Истражните органи на Краснодарската област ја сопреле истрагата за исчезнувањето на група српски работници по сознанието дека телата на работниците се наоѓаат забетонирани во темелите на ексклузивен хотел, пишува српскиот портал „Бука“. Српските работници се водат за исчезнати во 2013 година во црноморскиот град Анапа, а нивната судбина сѐ уште е мистерија. Се верува дека […]

Мицотакис: Случајот со руските дипломати да не се поврзува со протестите


Посакувам, некои да не користат едно прашање од надворешната политика за внатрешно политичка употреба. Бидејќи гледам дека постои обид за поврзување на случајот со руските дипломати, со според нашето мислење, оправданите реакции што постојат кај мнозинството од грчкото општество за прашањата од Договорот од Преспа, рече претседателот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис на прес конференција […]

Коѕијас: Јас ќе сакав да се викаат Северна Алјаска


Меѓудржавните договори се резултат на компромис, склучивме договор со придобивки и за двете земји, рече шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас во говорот на крајот од конференцијата за правните аспекти на Договорот од Преспа што се одржа во грчкото МНР. Коѕијас анализирајќи го решението меѓу Македонија и Грција, се осврна како на преговорите така и […]

Колинда стана почесен граѓанин на Берат


Претседателката на Хрватска стана почесен граѓанин на албанскиот град Берат. Признанието,за кое едногласна одлука донесе Советот на општината пред два дена,на посебна свеченост, попладнево и го врачи градоначалникот, Петрит Синај. Заблагодарувајќи се, таа Берат го нарече непроценливо богатство заштитено од УНЕСКО. Хрватската претседателка посочи дека Албанија и Хрватска секогаш имале блиски односи, историја без конфликти […]

Влада на Црна Гора: Имаме мировна политика; Амбасада на САД: Црна Гора е сојузник


 Владата на Црна Гора денеска соопшти дека земјата е горда на својата историја и традиција и мирна политика, „ која ја доведе до позицијата стабилизирачка земја во регионот и единствена држава во која не се војуваше при распадот на поранешна Југославија” . – Земја која прими и заштити 120.000 несреќни луѓе и семејства. Државата, која прва […]

Јанша го враќа мандатот за состав на влада поради немање поддршка


Релативниот победник на парламентарните избори во Словенија, Јанез Јанша го информираше претседателот дека нема доволно поддршка за формирање влада. Тој вчера повика за формирање потенцијала коалиција на партии од десницата и центарот без три партии кои учествуваат во сегашната техничка влада на Миро Церар. Јанша бараше предност во формирањето на идната коалиција да добијат двете […]

Исламот не е тероризам


Голем број влади и безбедносни агенции се скептични околу крајот на војната во Сирија и поразувањето на ИСИС. Распуштањето на армијата на Исламска држава предизвикува страв поврзан со последиците од враќањето на терористите во своите домови. Овој страв не е поради пренесување на војната во Европа или во други региони, туку во однос на начинот […]

(ВИДЕО) Силна експлозија пред градинка во Дубровник, разнесен автомобил


Силна експлозија одекна рано утрово во Дубровник околу 3 часот пред една градинка, објавија локалните медиуми. Според првичните информации, возило „опел вектра“ со дубровачки регистарски ознаки е целосно уништено, а ветробранското стакло на автомобилот летало 40 метри. Index.hr известува дека службеник одделот за криминалистика излегол на терен и дека истрагата е во тек. Како што […]

Апсење во Приштина по налог на Интерпол


Косовската полиција уапси четири лица во Приштина под сомнение дека се поврзани со убиства и криминал. Акцијата е спроведена по налог на Интерпол. Меѓу уапсените двајца се државјани на Црна Гора, еден на Србија и еден Косовец. Двајцата Срби се осомничени за убиства и киднапирање на луѓе во последните години во Србија. При акцијата пронајдено […]

Грчкото до руското МНР: Треба да запре непочитувањето кон Грција


Денешните изјави на портпаролката на руското Министерство за надворешни работи се карактеристичен пример на непочитување на трета земја, како и недостатокот на разбирање на современиот свет во кој државите, независно од големината, имаат автономија да водат независна, демократска и повеќе димензионална надворешната политика, соопштуваат од Министерството за надворешни работи на Грција, во одговорот на изјавите […]

Руско МНР: Протерувањето руски дипломати од Грција ќе има последици


Руското Министерство за надворешни работи соопшти денеска дека протерувањето двајца руски дипломати од Грција ќе предизвика последици. Атина во минатата недела соошти дека протерала двајца руски дипломати и им забранила на други двајца влез во државата обвинувајќи ги за мешање во внатрешните работи со поттикнување демонстрации против договорот за името меѓу Атина и Скопје. Дипломатите […]

Харадинај: Позитивен извештај од ЕП до крајот на август, на крајот на годината се укинуваат визите


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај, по објавувањето на позитивниот извештај од Европската комисија (ЕК) и препораката за визна либерализација, порача дека Косово конечно ја прими долгоочекуваната вест и дека кон крајот на годината косовските граѓани ќе патуваат во Европа без визи. Во објава на Фејсбук, Харадинај ги припиша заслугите за позитивниот извештај на Владата која тој […]

ЕК потврди дека Косово исполнува услови за безвизен режим со ЕУ


Европската комисија потврди денеска дека Косово ги исполнило и последните две барања за укинување на визите за Европската унија. Еврокомесарот за внатрешни работи Димитрис Аврамопулос го повика Европскиот парламент и Советот на ЕУ да донесат одлука за укинување на европските визи за косовските граѓани. Според него, ќе биде неопходно пред укинувањето на визите граѓаните на […]

(ВИДЕО) Јункер: Не бев пијан на Самитот на НАТО, имам ишијас и грчеви во нозете


Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер побара „почитување“ откако новинар го праша дали бил пијан кога се тетеравел и барал помош за време на минатонеделниот самит на НАТО. На денешната прес-конференција, Јункер рече дека минатата среда имал проблем со ишијасот и со грчеви во нозете, како што претходно соопштија и неговите помошници. – Изненаден сум […]

Трамп: Црногорците може да станат агресивни и ќе бидеме во Трета светска војна


Американскиот претседател Доналд Трамп оцени дека е „многу нефер САД да ги штити членките од НАТО кои не плаќаат“, повторувајќи дека државите треба да ги плаќаат трошоците за нивната заштита. – Членството во НАТО ги обврзува членките да бранат која било друга членка во случај на напад. Да претпоставиме некој да ја нападне Црна Гора. […]

Речиси 4.000 грчки компании во опасност да го загубат терминот Македонија од своето име или производ


Претседателот на Федерацијата на индустрии од северна Грција, Атанасиос Савакис, апелира грчките компании во чие име или производи е вклучен терминот Македонија или изведените зборови законски да го обезбедат името пред да почне со работа комисијата за трговски ознаки, согласно Договорот од Преспа, за да не се соочат со проблеми на меѓународниот пазар, но и […]

Дигиталните часовници во Европа повторно доцнат


Дигиталните часовиници во Европа кои се синхронизираат преку фреквенцијата на електроенергетската мрежа повторно доцнат, јави Дојче веле. Часовниците во Европа доцнеа и на почеткот на годинава, а и тогаш, како и сега, причина за ваквата појава е спорот меѓу Србија и Косово околу електродистрибутивните системи. Поради овој проблем европските оператори во март активираа специјална програма […]

Косово чека укинување на визите


Косовските граѓани денеска очекуваат Европската комисија да објави дека Косово ги исполнило сите услови од процесот на дијалогот за либерализација на визниот режим, јави дописникот на МИА од Приштина. Ваквиот потег на Еврокомиисјата, како што пишува денешен „Коха Диторе“, се очекуваше многу порано, посебно откако косовското Собрание го ратификува Договорот за демаркација на границата со […]

Харадинај за малку ќе завршеше во Србија


Косовската делегација која вчера отпатува за Брисел со приватниот авион на министерот за надворешени работи Беџет Пацоли, а во чиј состав беа и претседателот на Собранието, Кадри Весели, премиерот Рамуш Харадинај и вицепремиерот Фатмир Лимај, за малку ќе завршеше во Србија, каде што за последниве тројца поранешни челници на Ослободителната војска на Косово (ОВК) е […]

Црногорски криминалци планирале ликвидација на специјалниот обвинител


Црногорската полиција уапси припадници на криминална група, кои се осомничени за планирање на убиства на повеќе лица, вклучително и на специјалниот обвинител за организран криминал на Црна Гора, Миливој Катниќ. Како што објави подгоричкиот весник „Побједа“ повикувајќи се на извори од истрагата, припадниците на групата извесен период го следеле Катниќ и имале сознанија за неговите […]