Македонија и нуди два авиони на Грција за пожарите


Директорот за заштита и спасување, Аднан Џаферовски истакна дека Македонија е подготвена да помогне во справување со пожарите кои беснеат во Грција. „Од синоќа сме во постојан контакт со центрите во Грција. Од утрово сме на координативна седница, се организираме за пожарите и понудивме помош за гасење пожар. Чекаме повратен сигнал. Од утрово се спремни […]

Грција бара меѓународна помош за пожарите, 6 лица со изгореници пренесени во болница


Грција доставила барање за меѓународна помош во гаснењето на пожарите, соопштија од грчката противпожарна служба. – Поради големиот обем и интензитет на пожарите и опасноста, нашата земја поднесе барање, преку Европскиот механизам за цивилна заштита, за меѓународна помош по воздух и земја, рече Ставрула Малири портпаролка на грчката противпожарна служба и објасни дека 6 лица […]

Ципрас итно се враќа од Мостар, во областа Атика прогласена вонредна состојба


Грчкиот премиер Алексис Ципрас ја прекина посетата на Босна и Херцеговина и нема да присуствува на свеченоста во Мостар, каде што требаше да биде награден од Центарот за мир и мултиетничка соработка, поради сериозната ситуација со пожарите во областа Атика, и итно се враќа во Атина. Претходно, Ципрас од Босна и Херцеговина рече дека е во континуиран […]

Службеното возило на Хашим Тачи учесник во сообраќајка


Сообраќајна несреќа, во која беше вклучена и придружбата од протоколот на косовскиот претседател Хашим Тачи, се случи попладнево на магистралниот пат Приштина-Пеќ. Веднаш по сообраќајката се огласи кабинетот на Тачи, кој сопшти дека ниеден инволвиран во синџирестиот судир не е повреден. – Придружабата на претседателот на Република Косово. Хашим Тачи, денеска беше вклучена во синџирест […]

Уапсен уште еден активист на Самоопределување на границата со Албанија


Косовската опозициска партија Движење Самоопределување (ВВ) соопшти дека денеска, при излегување од Косово за Албанија, на граничниот премин меѓу двете земји, е упасен нејзиниот активист Шкелќим Морина. Според објавата на офицјалната страница на Фејсбук на ВВ, Морина е упасен на косовско-албанската граница додека заедно со сопругата патувал на одмор во Албанија. – Државата сака да […]

(Видео) Горат куќи и автомобили во пожарот во близина на Атина


И покрај напорите на грчките пожарникари, силниот ветер со голема брзина го прошири огнот и голем број куќи и автомобили изгореа, дел целосно, дел претрпеа материјална штета. Сепак, официјално, се уште нема информации за големината на материјалната штета. Генералниот секретар за цивилна заштита, за грчката новинска агенција АНА-МПА изјави дека денешниот пожар ги има карактеристиките […]

Србија ќе му смислува ново име на „Коридорот 11“


Српската министерка за градежништво, сообраќај и инфраструктура Зорана Михајловиќ најави дека Србија планира да го преименува „Коридорот 11“ и за таа цел на есен најверојатно ќе ги замоли граѓаните и институциите во земјата да осмислат ново име за овој патен правец. – Штета е „Коридорот 11“ да се вика така. Некако е без врска. Барем […]

Албанските актери го спасуваат од уривање Националниот театар во Тирана


Група албански актери денеска писмено побараа од претседателот на Албанија, Илир Мета да не го потпишува законот за уривање на Националиот театар, откако неодамна имаа и средба со него. Во писмото се наведува дека „судбината на тетарот е во негови раце“ и оти треба да го врати законот назад на повторно разгледување. – Одговорноста паѓа […]

(ВИДЕО) Евакуирани населби поради големиот пожар кај Атина


Жителите на најмалку три мали населби се евакуирани по наредба на грчката противпожарна служба, а со одлука на полицијата затворени се и новиот и стариот автопат Атина -Коринт и во двата правци, поради големиот пожар што се уште не е ставен под контрола, јави дописничката на МИА од Атина. Поради неповолните услови за возење и […]

Голем пожар во близина на Атина, граѓани ги напуштаат домовите


Голем пожар беснее во западниот дел на областа Атика во поширокиот регион на Атина. Огнената стихија се уште не е ставена под контрола, а граѓани од околината, превентивно, ги напуштаат нивните домови. Чадот ја покри речиси целата грчка престолнина, јави дописничката на МИА од Атина. Станува збор за шумски пожар кој се проширил кон населеното […]

Тони Блер за советување добива 12 милиони долари


Поранешниот британски премиер Тони Блер ја советува владата на Саудиска Арабија за договор вреден 11,8 милиони долари, објави „Сандеј телеграф“. Претходно оваа година беше постигнат договор меѓу Саудиска Арабија и неговиот „Институт за глобални промени”, со цел поддршка на програмата за модернизација, предложена од принцот Мохамед бин Салман. Тоа е прв голем договор на Институтот […]

Момчињата спасени од пештера во Тајланд се повлекуваат во будистички храм


Повеќето момчиња, спасени од пештера во Тајланд, заминуваат на неколкудневно повлекување во будистички храм пред да се вратат на секојдневниот живот, соопштија денеска тајландските власти. – Ќе заминат на деветодневно повлекување, соопштија локалните власти и дополнија дека за момчињата тоа ќе биде прво будистичко повлекување. Праксата со заминување во будистички храмови е вообичаена во земјите […]

Руските дипломати протерани од Грција се обиделе да се инфилтрираат во разузнавањето


Додека грчката Влада очекува реакција на Москва по протерувањето на двајца руски дипломати и забраната за влез во земјата на други двајца поради мешање во внатрешните работи, се појавија нови детали околу обидите на руски дипломати да го наметнат влијанието на Москва во северна Грција, објави весникот „Катимерини“. Во написот се наведува дека тие руски […]

Пронајдени човечки коски во дворот на Црква во Грачаница


Косовската полиција соопшти утрово дека во дворот на православна црква во селото Сушица, општина Грачаница, се пронајдени коски, за кои се претпоставува дека се човечки, јави дописникот на МИА од Приштина. – На 21 јули, околу 14 часот и 10 минути, во село Сушица, општина Грачаница, при изведување работи во дворот на црквата, пронајдени се […]

Кочијанчич: Дијалогот Белград – Приштина продолжува во септември


Портпаролката на Европската унија, Маја Коцијанчич изјави дека дијалогот помеѓу претседателот на Србија и на Косово, Александар Вучиќ и Хашим Тачи ќе продолжи на почетокот од септември. „На последниот состанок на дијалогот на 18 јули, чиј домаќин беше високата претставничка, двајцата претседатели го разгледуваа постигнатиот напредок и се договорија повторно да се сретнат на почетокот […]

Мицотакис: Референдумот ќе успее


Лидерот на грчката опозициска Нова Демократија, Кирјакос Мицотакис смета дека референдумот во северниот сосед ќе успее, но нагласува дека признавањето на македонската нација и македонскиот јазик во Договорот од Преспа е нешто неприфатливо. Мицотакис во интервју за „Зидојче цајтунг“ уште еднаш го иразува своето незадоволство од постигнатиот Договор, но додава дека доколку тој биде ратификуван […]

ЕК: Косовските царини имаат негативен ефект врз регионалната трговија


Европската Комисија бара итни појаснувања од косовската влада за воведувањето царини врз овошјето и зеленчукот. Испратено е писмо до косовските власти во кое се предупредува за негативните ефекти на таа одлука. -Европската Комисија побара итни појаснувања од властите во Косово по одлуката на владата донесена на 17 јули, која има негативни ефекти врз регионалната трговија. […]

Грчкиот амбасадор во Москва повикан на разговор поради антируски изјави


Руската влада го повика на разговор грчкиот амбасадор во знак на протест поради протерувањето на двајца руски дипломати, како дел од несогласување околу плановите на Македонија за членство во НАТО. Руското Министерство за надворешни работи во денешното соопштение информира дека грчкиот амбасадор Андреас Фриганас бил повикан денеска за да му се изрази „одлучен протест против […]

Вучиќ: Се надевам нема да има војна, туку решение на косовското прашање


Српскиот претседател Александар Вучиќ, по повод изјавата на косовскиот премиер Рамуш Харадинај дека во случај на поселба на Косово ќе избие нова војна, нагласи дека се надева дека нема да дојде до војна, туку до решение. – Но, не е решение ако ни кажете – се е наше, а вие само признајте не. Потребен е […]

Дури 65 отсто од албанските граѓани немаат пари за одмор


Истражување спроведено од невладиниот сектор, финасиски поддржано од Европската комисија, покажува дека дури 65 насто од граѓаните на Албанија не може да издвојат средства и да одат на годишен одмор. – Туристичката сезона е во полн ек. Илјадници туристи се одмараат на албанското крајбрежје, а токму граѓаните за чие богатство се смета морето не може […]