Деветмина загинати при потонување на чамец со мигранти во близина на Измир


Најмалку девет лица го загубија животот, а околу 25 се водат за исчезнати, отакако, од за сега непознати причини потона чамец со бегалци и мигранти во близина на турското крајбрежје, објавија грчките медиуми, повикувајќи се на информации од турската крајбрежна служба.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, според истите информации, во чамецот имало околу 35 лица, а веројатно од турскиот град Измир тргнале кон некој од грчките острови.