Белград одлучи: Милан Младеновиќ ќе добие споменик


Фронтменот на култната музичка југословенска рок група „Екатерина Велика“, Милан Младеновиќ ќе добие спомен обележје на платото пред „Дом Омладине“ во Белград, кој веќе го носи неговото име.

Одлуката за споменикот денеска ја усвои одборот на градскиот парламент, а иницијативата беше поднесена од „Дом Омладине“.

Младеновиќ е роден во Загреб 1958 година, а почина во Белград во 1994 година.

Кон крајот на 1981 година тој ја формираше „Катерина II“, која подоцна го промени името во „Екатерина Велика“.

Младеновиќ беше автор на повеќето текстови од тој состав.

Во бендот, запаметени како „црна тројка“ која од самиот почеток до самиот крај беа постојани членови се и Бојан Печар и Маргита Стефановиќ – Маги.