„Тајмс“: Џихадистите се вратија на Косово, планиран напад на НАТО


Британски „Тајмс“ објави текст под наслов „Џихадистите на ИД се вратија во Косово и подготвени се да умрат за калифатот”, во кој се вели дека, според она што е познато на властите во Приштина, од 2012 година, 348 возрасни лица заминале во Сирија да и се приклучат на ИД.

Весникот наведува дека „многумина таму загинале, но многумина се вратиле” и дека „во отсуство на кохерентна програма за дерадикализација, (исламистичките) затвореници излегуваат од затвор и остануваат посветени на ИД.

Меѓу оние кои сега се на слобода е Фитим Љадровци, кој како 24-годишен човек  гледал некој Сириец го врзуваат за столб и го разнесуваат со ракетен фрлач.

Се наведува дека „убиецот бил Љвдрим Мухаџери, озлогласен косовски Албанец, кој бил обележан како меѓународна терористичка закана пред да биде убиен со дрон”.

„Калифатот не е завршен. Неговата приказна само што започна. Сакам да создадам исламска држава во Косово и јас ќе бидам среќен што ќе умрам за да го поддржам тоа “, рече Љадровци минатата недела, четири месеци откако беше ослободен од затвор.

Тајмс наведува дека косовските Албанци учествувале во неколку неодамнешни терористички напади и дека „шест косовски Албанци, мажи и жени, биле уапсени во јуни минатата година во Косово и во Германија за учество во два заговора кои за цел имале единици на НАТО во Косово и цивили во Белгија и Франција”.