Четириесет и четири отсто од српските граѓани се против разграничување со Косово


Идејата за „разграничување помеѓу Србија и Косово“ како решение за косовскиот проблем, ја поддржуваат 25 проценти од граѓаните, додека 44 отсто се против, покажаа резултатите од истражувањето на Центарот за слободни избори и демократија (ЦеСид).

Како што јави дописникот на МИА од Белград, анализата на истражувањето укажува дека 21 проценти од анкетираните српски граѓани „воопшто не го подржува“ разграничувањето, а 23 отсто „не ја поддржува“ оваа можност.

Меѓу испитаниците, седум отсто „целосно го поддржуваат” разграничувањето, додека 18 отсто рекле дека „воглано го поддржуваат”.

Одговор „сеедно ми е“ дале 14 проценти од испитаниците, а 17 отсто не знаат или не можат да проценат, па затоа немаат јасен одговор.

Истото истражување покажува и дека најголема поддршка на граѓаните и натаму има владејачката Српска напредна партија (СНС) со 53,3 отсто, додека опозицискиот Сојуз за Србија може да смета на поддршка на 15,3 проценти од граѓаните.

Цензусот од 5 отсто неопходен за освојување на места во Собранието, би го надминала и Социјалистичката партија на Србија (СПС) со 8,8 отсто поддршка.

Според анкетата, следни според подршка на граѓаните, но под потребниот цензус се опозициското Дижење на слободните граѓани на Саша Јанковиќ и Александар Шапиќ со 4,9 отсто и Српската радикална партија (СРС) на Воислав Шешељ со 4,2 проценти поддршка.