Тешка сообраќајка во Србија, четири жртви


Четири лица загинаа, а две се тешко повредени во судир на два камиона и две патнички возила на излезот на Свилајнац кон Деспотовац, вечерва околу 19 часот.

Повредените се хоспитализирани во болница во Ќуприја.

На местото на несреќата присутни се припадници на сообраќајната полиција и пожарникари. Сообраќајот е целосно во прекин. Истрагата е во тек.