Италијанската полиција заплени 11 кг хероин прошверцуван преку Албанија


Италијанската полиција во селото Алгеро, на островот Сардинија заплени 11 килограми хероин, што е најголема досега заплената количина од овој вид дрога, во последните петнаесет години во овој регион. Дрогата била пакувана во пакетиња од по еден килограм, вакуумирани, залепени и скриени помеѓу камењата на стар ѕид, покрај морскиот брег. Според италјанската полиција доколку дрогата […]

Драган Марковина, историчар: Југославија беше модерна, ова е примитивизам


Зошто никој кај нас не се буни? Затоа што од политиката живеат стотици илјади луѓе, одбрани невладини организации и црквата; Поминаа 70 години од Универзалната декларација за човекови права и сè уште за многу работи од неа не успеавме да се избориме; Огромните пари што ги даваме во БиХ главно одат во црквата и фолклорот […]

Косовскиот тим за преговори отпатува за Брисел откако ја посети Тирана


Водачите на косовската државна делегација за преговори со Србија, лидерот на Социјалдемократската иницијатива (Нисма) и вицепремиер Фатмир Лимај и лидерот на Социјалдемократската партија (ПСД) и градоначалник на Приштина Шпенд Ахмети, последните консултации пред утрешната посета на Брисел ги имале во Тирана, објави „Газета Експрес“. Како што јави МИА од Приштина, веста во изјава за порталот […]

Шаља: Тачи не може да ветува укинување на таксата кон Србија


Министерот за трговија и индустрија на Косово Ендрит Шаља вели дека претседтелот Хашим Тачи не може да дава ветувања за укинување на таксата од 100 отсто на увозот од Србија и Босна и Херцеговина, затоа што одлуката за воведување на таксата ја донесе Владата на Косово. Косовските медиуми ја пренесоа изјавата на Тачи за „Вашингтон […]

Грчкото МНР го осуди нападот врз Амбасадата на САД во Атина


Нападот врз американската Амбасада не може да ги повреди силните, долгогодишни врски на пријателство меѓу наште народи и односи Грција- САД, соопштуваат од Министерството за надворешни работи на Грција во за денешниот напад со боја врз американската амбасада во Атина од членови на анархистичката група „Рубикон“. – Го осудуваме фрлањето боја од членови на анархистичка […]

„Вашингтон пост“: Под притисок на САД Тачи ветил укинување на таксите


Под притисок на американската администрација на претседателот Доналд Трамп, косовскиот претседател Хашим Тачи ветил дека ќе преземе значаен чекор кон решавање на ескалирачкото одмерување на силите со Србија, пишува „Вашингтон пост“. Во текстот се наведува дека Трамп невообичаено директно им се обратил на српскиот и косовскиот лидер со тоа што лично им испратил писма во […]

Во Атина притворени осум лица поради фрлање боја на Американската амбасада


Грчката полиција притвори осум лица поради сомневање дека ноќеска фрлиле канта со црвена боја на влезот на паркингот на Американската амбасада во Атина. Полицијата соопшти дека десетина лица на мотори, ноќеска околу 3 часот и 30 минути по локално време, фрлиле црвена боја, а за инцидентот одговорност преземала анархистичката група Рубикон. Тие изјавиле дека тоа […]

Петти голем граѓански протест во Белград, првпат и во Ниш, Крагуевац, Нови Сад…..


И покрај снегот и ниските температури, во Белград и оваа сабота се одржа нов голем масовен протест, без партиски обележја, против насилството под слоганите „Еден од петте милиони“ и „Стоп на крвавите кошули“. Колоната на граѓани кои протестираа што беше долга речиси еден километар се движеше низ белградските улици, по познатата маршрута од Студенсткиот плоштад, […]

Харадинај: Предвремени избори не се во интерес на Косово


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави дека одржување на предвремени парламентарни избори оваа година не е во интерес на Косово, иако, како нагласи неговата Алијанса за иднината на Косово (ААК) „никогаш не била поподготвена за нови избори“. Харадинај во интервју за „Епока е Ре“ наведува дека 2019 година нема да биде лесна за Косово, бидејќи, како […]

(ВИДЕО) Новинарка во БиХ „завршила“ медицинско училиште за две недели


Новинарка од босанскиот медиум „Журнал“ успеала да се стекне со диплома од средно медицинско училиште во Сански Мост за само две недели, а притоа не присуствувала на ниту еден час. Откако на 20 декември минатата година ги предала документите, новинарката Азра Омеровиќ „завршила“ училиште и добила диплома со свидетелство за сите четири години со многу […]

Шест жени загинаа при пожар во центар за бездомници во Багдад


Шест жени загинаа денеска при пожар во центар за бездомници во ирачкиот главен град Багдад, соопшти полицијата. Како што јави ДПА, пожарот избувнал за време на немири во државниот центар за згрижување на бездомни жени во северната багдадска населба Адхамија. Причините за пожарот, кој набрзо бил совладан, засега не се познати. – Започната е истрага […]

Меркел следната недела во посета на Атина


Германската канцеларка Ангела Меркел на 10 и 11 јануари ќе престојува во посета на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Предвидено е Меркел да се сретне со грчкиот премиер Алексис Ципрас, а ќе биде примена и од претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос. Меркел ќе оствари средба и со лидерот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис. […]

Црна Гора бара над 20.000 работници од странство


Квотата за привремен престој и работа на странци во Црна Гора за 2019 година, со одлука на црногорската Влада, е утврдена на 20.454 дозволи, што е за 2.371 помалку од минатата година. Како што е предвидено, 5.000 дозволи се во резерва кај Министерството за труд за дополнително распоредување, во текот на годината, во согласност со […]

(ВИДЕО) Ветрот буквално си поигрува со авион при слетување во Тиват


Видеото од авион во близина на аеродромот во Тиват, Црна Гора, се појави на социјални мрежи на кое се гледа како ветрот буквално си поигрува со малиот авионот. „Го снимив ова во Радановиќи во близина на Тиват. Ризичен обид за слетување на ATR. Летот е пренасочен кон Подгорица“, се вели во описот на видеоснимката. Од […]

Тачи: Конфликтот не смееме да им го оставиме на идните генерации


Косовскиот претседател Хашим Тачи денеска оцени дека е неприфатливо идните генерации да бидат заложници на недостигот на храбост на актуелните политичари на Косово за решавање на „вековниот конфликт со Србија“. – Мораме да размислиме за своите достигнување, предизвици и наследството што им го оставаме на нашите деца. Би било непростливо на идните генерации да им […]

Во првите три години по приемот во ЕУ од Хрватска се иселиле најмалку 102.000 лица


Во првите три години од членството на Хрватска во ЕУ, од 2013 до 2016 година, според официјалните статистички податоци, земјата ја напуштиле околу 102.000 лица. Меѓутоа, како што наведува Ал Џазира Балкан, проценките на експертите се дека таа бројка е можеби и двојно поголема, бидејќи многу Хрвати заминуваат во другите членики на ЕУ „на црно“ […]

Проблеми со слетувањата на аеродромот во Солун


Поради ниска облачност утрово имаше проблеми со летовите на аеродромот „Македониа“ во Солун. Авионите кои требаше да слетаат на солунскиот аеродром беа пренасочени, два лета беа откажани, додека пак полетувањата се одвиваат без проблеми. Четири летови беа пренасочени кон Кавала и еден кон Атина, додека пак летовите од Доха и Баден Баден до Солун беа […]

Пронајден мртов грчкиот конзул во Венецуела


Во хотелска соба во Каракас вчера бил пронајден мртов конзулот на Грција во Венецуела, објавија грчките медиуми. Венецуелските медиуми пишуваат дека 55-годишниот Ангелос Харитос, веројатно починал од мозочен удар, јави дописничката на МИА од Атина. Грчката новинска АНА-МПА објави дека Министерството за надворешни работи на Грција очекува од венецуелските власти да ги соопштат причините за […]

Анкета: Вучиќ најпопуларен политичар во Србија


Претседателот на Србија Александар Вучиќ е најпопуларен политичар во 2018 година, покажуваат резултатите од новогодишното истражување на „Политика“ и агенцијата „Фактор Плус“. Претседателот на Србија, во изборот на оценки од 1 до 5, за својата работа доби оценка 4,2, многу повеќе од кој било друг политичар. Српската напредна партија (СНС) и натаму е водечка, бидејќи […]

Косовски заменик-министер запрен од српската полиција на границата со Косово


Потпретседателот на Либералната партија на косовските Срби и заменик министер за култура, млади и спорт во Владата на Косово, Бобан Станковиќ е задржан денеска од страна на српската полиција на преминот Мердаре на границата меѓу двете земји. Веста на Фесјбук ја објави премиерот Рамуш Харадинај, нагласувајќи дека „продолжуваат провокациите и неконструктивниот однос на српската држава […]