Косовските студенти протестираа за визна либерализација


Студенти на приштинскиот Државен универзитет „Хасан Приштина“ денеска излегоа на протестен марш и собир пред Владата и Собранието на Косово со барање до Европската Унија да ги укине визите за патување на косовските граѓани во земјите на ЕУ. Ова е втор протест на косовските студенти со истото барање, по оној од 24 декември, но овој […]

Еден загинат и двајца исчезнати при експлозија во хидроцентрала во Хрватска


Еден работник загина, а двајца други се водат како исчезнати, при експлозија во хидроцентралата „Дубровник“ во близина на хрватското место Плат. При експлозијата, по која во хидроцентралата избувнал и пожар, се повредени шестмина работници. Причината за експлозијата засега не е позната. Акцијата за потрага по исчезнатите работници, во која се вклучени и нуркачи, продолжува.

Рама: Одлуката на Мета да не го именува новиот шеф на дипломатијата е неуставна и срамна


Албанскиот премер Еди Рама експресно реагираше на непотпишувањето на уредбата за именување нов министер за Европа и надворешни работи од страна на претседателот на Албанија, Илир Мета, нареквајќи ја таквата постапка неуставна и срамна. – Отфрлањето на уредбата за новиот министер за Европа и надворешни работи од страна на претседателот не е само неуставено, туку […]

„Коха“: Трамп подготвува церемонија за потпишување на договор меѓу Србија и Косово


Американскиот претседател Доналд Трамп подготвува церемонија за потпишување на договор меѓу претседателот на Косово и Србија, Хашим Тачи и Александар Вучиќ за нормализација на односите меѓу Приштина и Белград, тврди во денешното издание приштинскиот весник „Коха Диторе“. Како што пренесуваат српските медиуми, „Коха“ наведува дека на ова му претходел состанок на Тачи со американскиот амбасадор […]

Приведен советник во косовската Влада од српската гранична полиција, реагира Харадинај


Небојша Јаковљевиќ, советник во Министерството за труд и социјала во Владата на Косово е запрен од српската полиција на граничниот премин Мердаре, меѓу Косово и Србија, недела дена откако истото се случи и со заменикот министер за култура Бобан Станковиќ, јави дописникот на МИА од Приштина. Како и во претходниот случај, и овој пат веста […]

КФОР ја одложи вежбата поради лошото време


Воената вежба на КФОР, која денеска требаше да почне и да трае до 11 јануари одложена е поради лошото време. – КФОР планираше вежби на разни места во Косово, но се одложи поради временските прилики, изјави портпаролот на КФОР; Винченцо Грасо. Претходно, неименуван извор за „Косова прес“ изјави дека „КФОР ќе има вежба и ќе […]

Снегот и студот ја прекинаа наставата во 280 училишта воАлбанија


Облните снежн врнежи и ниските температури условија прекин на наставата во повеќе области во Албанија. Министерството за образование, млад и спорт соопшти дека во вкупно 280 училишта во земјата денеска немало настава, а така ќе биде во следните денови. – Настава од денеска нема во околиите Скадар, Кукс, Корча, Елбасан, Ѓирокастро, Пешкопеја, додека во планинските […]

Мицотакис: Каменос e соучесник на Ципрас по Преспа


Панос Каменос требаше пред неколку месеци да си замине од Владата, доколку навистина сакаше да го спречи Договорот од Преспа. Со тоа што остана во Владата, му го даде пенкалото на Алексис Ципрас да потпише, а според тоа е целосно одговорен и самиот тој, рече претседателот на Нова демократија, говорејќи на политичкиот комитет на партијата, […]

Авион кој сообраќал од Келн за Солун погоден од гром


Авион од авиокомпанијата „Јуровингс“ (Eurowings) по полетувањето од Келн со крајна дестинација Солун, бил погоден од гром, објави третиот канал на грчката државна телевизија ЕРТ. Според истите информации, пилотот решил да се врати назад, авионот успешно слетал на аеродромот во Келн, а ниту еден од патниците не е повреден. На солунскиот аеродром пак, од попладневно […]

Албанија главен канал за шверц кон Италија


Албанија во 2018 година беше една од главните земји за потекло на нелегалната трговија на секаков вид стоки во Италија, се наведува во извештај за националната безбедност во италијанските пристаништа во текот на минатата година. Во извештајот стои дека наркотични средства, оружје и цигари илегално се внесуваат преку царинските испостави на пристаништата во Италија, при […]

(ФОТО/ВИДЕО) Цел Балкан под снег: Побеле црногорското крајбрежје, затворени училишта во Далмација


Утрово Скопје, како и речиси цела Македонија, се разбуди со снежна покривка, но снег падна и во другите градови низ Балканот. Според Хидрометеоролошкиот институт на Црна Гора, во главниот град Подгорица наврнале 7 см снег. Поради врнежите, од аеродромот во Подгорица беа пренасочени некои летови кон Тиват. Снег имаше и во најјужниот црногорски град Улцињ, […]

Средба Ципрас-Каменос за иднината на грчката Влада


Коалициските партнери во грчката Влада, Алексис Ципрас и Панос Каменос веројатно в петок ќе одржат средба за иднината на нивната соработка, на која, како што се приближува моментот кога Договорот од Преспа ќе стигне на грчки терен, се чини дека и се гледа крајот, јави дописничката на МИА од Атина. Иако се споменуваше дека средбата […]

Рама ја поздрави идејата на Тачи, 2019 да биде прогласена за година на НАТО


Премиерот на Албанија, Еди Рама на Твитер ја поздрави идејата на косовскиот претседател Хашим Тачи, кој изјави дека е време 2019 да биде прогласена за година на НАТО. Предлогот уследи по 20-годишнината од интервенциите на силите на Северноатлантската алијанса за ослободување на Косово од српскиот режим на Слободан Милошевиќ. – Ја поздравувам идејата на Хашим […]

Глигоров: Србија меѓу земјите со најспор стопански раст на Балканот


Србија, по Хрватска и Грција во последните десет години, е земја со најмал економски раст на Балканот, а најверојатно и во Европа, оцени соработникот на Виенскиот институт за меѓународни економски студии, Владимир Глигоров. Тој за српските медиуми изјави дека оваа позиција на Србија „делумно е последица на корекцијата на девизниот курс и реалните приходи по […]

Харадинај: Ние го сакаме многу Тачи, но таксата кон Србија нема да се укине


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај одби да ги коментира најавите на пртетседателот на државата Хашим Тачи за можноста да се укине таксата од 100 отсто на увозот од Србија и од Босна и Херцеговина, но нагласи дека одлуката за воведување на таа мерка ја донесе неговата Влада. Харадинај избегна да одговори на новинарското прашање за заложбите […]

Река го поддржува Дoговорот од Преспа, но не и владата


Грчката политичка партија Река преку соопштение одговара на сценаријата во Грција, како во однос на ратификацијата на Договорот од Преспа, така и во однос на евентуалното гласање доверба на грчката влада. Велат дека го поддржуваат Договорот од Преспа, но не и актуелната грчка влада, јави дописничката на МИА од Атина. -Река уште од формирањето во […]

Косовското МВР: Наше возило имало сообраќајка, но министерот не беше во него


Министерството за внатрешни работи на Косово соопшти дека негово службенон возило претпладнево имало сообраќајна несреќа во Приштина, но ги демантираше информациите на некои медиуми дека во возилото бил ресорниот министер Екрем Мустафа. Според соопштението, утрово во приштинската населба Арберија се судриле две возила, од кои едно полициско, во кое биле четири службени лица од кабинетот […]

Ѓуриќ: Албанците не сакаат дијалог и постигнување компромис


Директорот на српската владина Канцеларија за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ изјави дека Србија сака да постигне компромис со Приштина, но дека е сосем сигурно оти Албанците „не сакаат дијалог и постигнување компромис“. – Тие одат по патот на конфликти и наметнување на решение. Мислам дека мирот не може да се постигне на таков начин […]

Албанските студенти продолжија со протестите


Иако во помал број поради многу студеното време во Албанија, група студенти денеска одново се собра пред албанската Влада за да протестиратаат, затоа што,како што порачаа, не веруваат на ветувањата на премиерот Еди Рама. – Пред Нова година премиерот вети дека ќе бидат исполнети сите наши барања, но тоа е само делумно бидејќи на унверзитетите […]

(ВИДЕО) Срби во САД го слават Божик со пушки и пиштоли, им се придружи и Владе Дивац


Србите од американскиот град Џексон во Калифорнија стекнаа светска слава кога нивниот начин на прославување на Божиќ одекна во медиумите буквално како куршум. Оваа година, судејќи по фотографиите и видеата објавени на социјалните мрежи на Србите во Џексон, се приклучи и познатиот српски кошаркар Владе Дивац. Имено, по службата во црква, жителите од српска националност […]