(ВИДЕО) Срби во САД го слават Божик со пушки и пиштоли, им се придружи и Владе Дивац


Србите од американскиот град Џексон во Калифорнија стекнаа светска слава кога нивниот начин на прославување на Божиќ одекна во медиумите буквално како куршум.

Оваа година, судејќи по фотографиите и видеата објавени на социјалните мрежи на Србите во Џексон, се приклучи и познатиот српски кошаркар Владе Дивац.

Имено, по службата во црква, жителите од српска националност почнуваат да пукаат од огнено оружје во воздух во центарот на калифорнискиот град Џексон. Станува збор за повеќегодишна традиција, која пред осум години беше во фокусот на светските медиуми, кои објавија снимки од центарот на Џексон, каде што може да се видат голем број мажи облечени во костуми кои пукаат во воздух со пушки и пиштоли, и на тој начин го слават Божик.