Вучиќ пристигна во Косово
Српскиот претседател Александар Вучиќ попладнево пристигна преку преминот Брњак во општината Зубин Поток што е негова прва дестинација од дводневната посета на Косово, јави Танјуг. Вучиќ ќе го посети Зубин Поток и потоа и хидроелектраната Газивода. Подоцна ќе замине во посета на Лешк, Лепосавиќ и разговори со политички претставници на Србите во Косово во Звечан. …