Четворица скијачи настрадаа во Банско


Четворица скијачи настрадаа во скијачкиот центар Банско, пишува Пресинг ТВ повикувајќи се на нивни полициски извори.

Според нив, станува збор за грчки државјани. двајца од настраданите биле пронајдени под лавина од снег, а биле идентификувани по личните документи. По другите двајца се уште се трага.