(ВИДЕО) Бомба на Техничкиот факултет во Керч на Крим, десетина загинати


Експлозијата на Техничкиот факултет во Керч на Крим е предизвикана од рачно изработена експлозивна направа, изјави првиот заменик на шефот на Националната гарда на Русија, Сергеј Меликов. Тој нагласи дека се работи за терористички напад. – Причина за експлозијата е рачно направена експлозивна направа, изјави Меликов. Деканката на факултетот, Олга Гребењикова изјави дека непознат напаѓач […]

Неформална средба Коѕијас – Павлопулос


За прашањата и последните случувања во надворешната политика вчера во премиерската палата разговарале шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас и шефот на државата Прокопис Павлопулос. Тие имале средба која имала неофицијален и неформален карактер, според информациите на дописничката на МИА од Атина. Според истите информации, шефот на грчката дипломатија често го информира грчкиот претседател за […]

Опаѓа бројот на браковите во Албанија


Податоците објавени од Државниот институт за статистика на Албанија,ИНСТАТ потврдуваат дека во земјата опаѓа бројот на браковите евидентирани во матичната книга на венчани. – Албанските граѓани се поретко се одлучуваат на брак,што се гледа и од податоците објавени од ИНСТАТ. Тоа се гледа од објавените податоци за 2017 година при што најголем пад на бројот […]

Србија губи милијарда евра годишно поради иселување на високообразовани лица


Од Србија во текот на годината се иселуваат од 30 илјади до 60 илјади луѓе, од кои четвртина се со високо образование, пишува „Политика“. Весникот додава дека се проценува дека завршен дипломец Србија ја чини околу 100 илјади евра. „Политика“ истакнува дека во Србија уште никој прецизно не направил проценка колку се издвојува во Србија […]

Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање


Владата се наоѓа во распаѓање и нејзините членови не можат да го скријат тоа дури и зад затворени врати, коментираат од опозициската Нова демократија за вчерашната владина седница. – Не се има случено премиер да ги моли министрите да не го турнат, а потоа рамнодушно да ги гледа како меѓусебно се обвинуваат за да не […]

Хан: правно-обврзувачки договор меѓу Белград и Приштина е неопходен


Европскиот комесар Јоханес Хан за шпанскиот весник „Ел Паис“ изјави дека се надева оти постигнувањето правно обврзувачки договор меѓу Белград и Приштина ќе доведе до тоа петте земји-членки на ЕУ кои не го признаа Косово, да ја преразгледаат нивната одлука. – Заедничката позиција за Балканот во рамките на ЕУ е таква што ние или извезуваме […]

Обвинителството ја отфрли кривичната пријава против Рама поднесена од опозицијата


Обвинителство за тешки кривични дела  во Тирана ја запре истрагата за кривичната пријава што опозицијата ја поднесе против актуелниот премиер Еди Рама. Одлуката на Обвинителството доцна попладнево ја објави Петрит Васили, координатор на пратеничката група на Социјалистичко движење за интеграција (ЛСИ) и партиски потпретседател. – Обвинителството конечно му се предадено на криминалот и го затвори […]

Кавга меѓу Каменос и Коѕијас за време на седница на грчката Влада


Несогласувањата меѓу министрите за одбрана и за надворешни работи на Грција, Панос Каменос и Никос Коѕијас, за време на денешната владина седница се претвориле во расправија, тврдат грчките медиуми. Причината за несогласувањата биле изјавите на Каменос во САД, за кои реагирал Коѕијас. Според дел од грчките медиуми, на министерскиот состанокот, што се одржуваше зад затворени врати, шефот […]

(ВИДЕО) Експлодира автомобилот на водителката на ТВ „Пинк“, Маријана Мичиќ


Во белградската населба Вождовац се случи експлозија на автомобили во која едно лице е полесно повредено, пишува „Блиц“. Според првичните информации, автомобилот „голф 4“, во сопственост на водителката на телевизија „Пинк“, Маријана Мичиќ, експлодирал, а во тој момент во него се наоѓал нејзиниот татко, кој поминал со полесни повреди. Како што известува „Блиц“ од местото […]

Додик ќе го назначи Кустурица за советник


Актуелниот претседател на Република Српска и новоизбраниот српски член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик изјави дека неговиот прв потег во Сараево ќе биде назначувањето на режисерот Емир Кустурица како советник. Во интервју за денешното издание на весникот „Вечерње новости“, тој рече и дека меѓу првите чекори ќе биде измена на Деловникот за работа на […]

Ципрас побарал од министрите да се обврзат дека владата нема да падне поради прашањето за името


Грчкиот премиер Алексис Ципрас на денешната владина седница побарал од министрите да се обврзат дека нема да ја поддржат евентуалната иницијатива на Нова демократија за гласање недоверба на Владата и дека нема да ја турнат владата по повод прашањето за името. Oбраќањето на грчкиот премиер на денешниот министерски состанок беше зад затворени врати, а според […]

„Та неа“: Тајна средба Ципрас – Каменос


Тајна средба, според грчкиот весник „Та неа“, имале вчера грчкиот премиер Алексис Ципрас и неговиот коалициски партнер и министер за одбрана Панос Каменос. Средбата не била во премиерската палата, туку во Клубот на воени лица, каде што кусо по 15 часот имале работен ручек. Според „Та неа“, двајцата коалициски партнери, го потврдиле нивниот договор да […]

Шакира ќе пее во Митровица?


Градоначалникот на Митровица Агим Бахтири вети дека на отворањето на мостот кој го дели градот на албански и српски дел ќе донесе една од ѕвездите на светската забавна музика, а денеска обелодени дека планира тоа да биде пејачката Шакира, јави дописникот на МИА од Приштина. Бахтири во изјава за „Газета Експрес“ вели дека гостувањето на […]

Нападната полициска станица во Атина – повредени четворица полицајци


Група од околу 50 маскирани лица, синоќа со молотови коктели, камења и разни предмети ја нападна полициската станица Омонија во центарот на Атина, а полесно беа повредени четворица полицајци. Според грчките медиуми, групата, прво фрлила молотов на паркирано полициско комбе, а потоа и на полициската станица, по што исчезнале во непознат правец. Двајца полицајци имале […]

Во Албанија пред затворање 44 портали


По одлуката на албанскиот премиер Еди Рама да стави крај на нелегалните портали, Агенцијата за електронски комуникации на Албанија (АКЕП) објави список на порталите кои постои опасност да бидат затворени доколку не се регистрираат во Централниот регистер. – На списокот се многу познати портали во земјата и повеќето од нив однесувањето на премиерот Рама го […]

Бугарската опозиција бара гласање недоверба за Владата


Главната опозициска бугарска Социјалистичка партија поднесе барање за гласање недоверба на Владата на премиерот Бојко Борисов. Социјалистите како причина го наведуваат фактот дека Владата не успеала да го реформира здравствениот сектор, кој е оптеретен со многу проблеми. Ова е трето барање на социјалистите за гласање недоверба на Владата, а светските меидуми коментираат дека веројатно и […]

Разрешен министерот за внатрешни работи на Косово


Министерот за внатрешни работи на Косово, Бејтуш Гаши е разрешен од функцијата на барање на неговата партија, Алијансата за ново Косово (АКР) на вицепремиерот и шеф на косовската дипломатија Беџет Пацоли, јави дописникот на МИА од Приштина. Веста во изјава за косовските медиуми ја потврди извршниот секретар на АКР, Рахим Пацоли, кој нагласи дека партијата […]

Рама до полицијата: Политиката оставете ми ја мене, вие бидете ефикасни


Албанскиот премиер Еди Рама денеска упати апел до припадниците на Министерството за внатрешни работи да не се демотивираат од политичките обвинувања и да продолжат со нивната ангажираност во постигнувањето на уште подобри резултати во борбата против криминалот. Припадниците на полицијата редовно се изложени на критики од страна на опозициските партии дека се поврзани со криминалот […]

За лажно боледување во Србија ќе следува отказ


Работодавачите во Србија од јануари следната година ќе можат да даваат отказ на вработени кои отвораат лажни боледувања, предвидуваат најновите измени на Законот за работни односи. Тие одредби се носат поради проценката дека во Србија од 280.000 боледувања  годишно, лажни се дури 11 отсто. Тоа значи дека повеќе од 30.000 работници секоја година не доаѓаат […]

Се намалува бројот на баратели на азил од Косово во Шенген зоната


Бројот на барања за азил во земјите на ЕУ и Шенген зоната од страна на граѓани од Косово бележи значително намалување во текот на 2018, што се смета како фаворизирачки аргумент за земјата во барањето за визна либерализација. Вкупната бројка на баратели на азил од Косово во првите шест месеци од годинава изнесува 2.865, што […]