Каменос до Ципрас: Распишете веднаш референдум за Договорот од Преспа


Овој предлог за доверба е поврзан со тоа дали се согласуваме или не со Договорот од Преспа, затоа сме принудени да не дадеме глас за доверба, рече лидерот на Независни Грци и до неодамна коалициски партнер во грчката Влада, Панос Каменос. Во неговиот говор од грчкиот Парламент за време на расправата за гласање доверба, Каменос […]

Баша:Парлментот е уништен,ќе се мобилизираме за да го тргнеме Рама од власт


По напуштањето на собранската сала каде владејачкото мнозинство гласаше за новите министри, лидерот на опозициската демократска партја,Љуљзим Баша со остар тон изјави дека „со денешниот чин уништен е парламентот“. -Ова е последователен акт на зграпчување на извршниот систем од страна на Еди Рама. Сега опозицијата ќе изврши целосна мобилизација на опозициските ресурси за соборување на […]

Албанскиот Парламент ги изгласа новите министри,опозицијата ја напушти салата


На вонредната седница албанскиот Парламент со гласовите на владејачкото мнозинство избра нови министри во Владата на премиерот Еди Рама. Пред гласањето седницата ја напуштија пратениците од опозицијата,откако не им беше прифатено барањето да дебатираат околу предлозите. Од денеска Ерјон Браче е нов  вицепремиер, Косовката Беса Шахини, министерка за образование, Анила Денај министер за финансии и […]

Беџет Пацоли бара укинување на таксата од 100 отсто за увозот од Србија


Косовскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Беџет Пацоли смета дека Владата, на чие чело е Рамуш Харадинај, не смее да го одбие барањето на Соединетите Американски Држави и треба да ја укине таксата од 100 отсто на увозот на производи од Србија и Босна и Херцеговина. Во интервју за косовската јавна радио-телевизија, РТК, Пацоли […]

Бугарскиот Парламент одобри купување осум борбени авиони „Ф-16“ од САД


Бугарскиот Парламент одобри план на Владата за купување осум нови борбени авиони Ф-16 од САД што треба да ги заменат старите руски авиони МИГ-29. Зделката е повеќе од милијарда долари, а според министерот за одбрана Красимир Каракачанов преговорите ќе траат четири месеци. Првиот состанок со американски партнери ќе се одржи во февруари во Брисел.

„Блиц“: Вучиќ ќе му подари на Путин шарпланинец


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ ќе му подари оригинален подарок на рускиот претседател Владимир Путин – куче шарпланинец, пишува „Блиц“. Станува збор за тримесечен мажјак од оваа раса. – Кучето е со сериозно педигре седум генерации наназад од нашата најстара автохтона раса, а се знае дека претседателот Путин токму такви сака, наведува „Блиц“ од извори […]

Дачиќ: Малку требаше да се степаме со Кучи за време на дијалогот во Брисел


Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ, изјави дека за време на состанок на делегациите на Србија и на Косово во Брисел, малку требало за да дојде до тепачка меѓу него и тогашниот косовски министер за правда, Хајредин Кучи. Дачиќ ова го рече по повод изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека поранешниот косовски […]

Албанската опозиција бара преодна влада без Рама премиер, за да оди на избори


Најголемата албанска опозициска сила,Демократската партија, го условува учеството на локалните избори на 30 јуни, со формирање  преодна влада на чие чело нема да биде актуелнот  премиер Еди Рама. -Преодна влада значи влада која ќе создаде услови за избори кои нема да бидат заложници на криминалот и парите од дрога, каде граѓаните ќе го создадат тој […]

Брнабиќ: ЕУ не е загрижена од посетата на Путин, Србија нема да биде погодена од квотите за увоз на челик


Европската унија нема стравувања за посетата на рускиот претседател Владимир Путин во Белград, рече премиерката Ана Брнабиќ, која порача дека е важно Србија да има добри односи со сите. Брнабиќ на новинарите им изјави дека во вторник во Стразбур се состанала со претставници на ЕУ, меѓу кои и со известителот на ЕУ за Србија Дејвид […]

Ѕанакопулос: Владата има цел Договорот од Преспа да добие над 151 глас


Целта на Владата е Договорот од Преспа да помине со најмалку 151 глас, технички ова не е потребно, но мојата проценка е дека додека да дојде договорот, во следниот период ќе имаме време јавно да дискутираме за позицијата на секој поединечно, рече портпаролот на грчката Влада и министер без ресор на Грција, Димитрис Ѕанакопулос, во […]

Косово доби пристаниште


Албанскиот премиер Еди Рама и косовскиот вицепремиер Фатмир Лимај присуствуваа на денешното отворање на царинската испостава под контрола на приштинските власти во албанското пристаниште Драч. Лимај меѓу другото рече дека „царинската интеграција” е најважен проект по изградбата на автопатот Тирана-Морина-Приштина, а Рама дека ова е првиот чекор кон „царинската унија на Косово и Албанија”. Косовската […]

Уапсени четири лица за плакати против пратениците што го поддржуваат Договорот од Преспа


Плакати со фотографии на пратениците кои го поддржуваат и ќе гласаат за ратификација на Договорот од Преспа беа залепени во Солун и низ други градови во Северна Грција. На плакатите со фотографијата и името на пратеникот стои и пораката: „…ти ќе ја предадеш нашата Македонија?“, јави дописничката на МИА од Атина. Според медиумите во Грција, […]

Репортажа: Зошто бугарските зимски центри Банско и Боровец се топ-дестинации?


Двоецот ББ (Банско и Боровец) и оваа зимска сезона ги шармираше Македонците и Европејците како филмската ѕвезда Б.Б. (Брижит Бардо) и ги покани во своите ски и спа-центри, ментално и физички да се подготват за новата 2019 година. Банско и Боровец се разликуваат како небо и земја, како тивок натпревар меѓу дама од прва класа […]

Путин во четврток во Белград


Во Белград в четврток пристигнува рускиот претседател Владимир Путин, кој со српскиот претседател Александар Вучиќ ќе ја оствари 14-та средба, од кои во Белград ова ќе биде нивна втора меѓусебна средба. Белград се подготвува за оваа, како што е најавена „историска посета“, со досега невидени мерки на безбедност, со околу 7000 припадници на сите безбедоносни […]

Во Италија уапсен Албанец со 830 кг мархуана и хашиш


Италијанската полиција уапсила албански државјанин во чија гаража пронашла 830 клограми дрога. Акцијата следувала по анонимна дојава до полицијата. Кога полицијата стигнала уапсениот Л.О.(35) бил во автомобил пред гаражата. При контрола кај него бил пронајден пиштол играчка а во магацинот  564 клограми мархуана и 266 клограми хашиш. Дрогата,според првичната истрага била прошверцува од Албанија. Ова […]

Косовската Влада ги ослободи од таксата од 100 отсто стоките увезени од Србија


Владата на Косово на денешната седница одлучи сите стоки увезени од Србија во Косово пред 21 ноември 2018, кога се воведе такста од 100 отсто за српските производи, да се ослободат од таа такса. Во владиното соопштение се вели дека е усвоена одлука за измена и дополнување на одлуката на Владата од 21 ноември 2018 […]

Теодоракис: Нема да гласаме за доверба на Владата


Лидерот на грчката партија Река, Ставрос Теодоракис за време на обраќањето во грчкиот Парламент порача дека тој и неговите пратеници ќе гласаат против доверба на Владата, бидејќи во поголемиот дел од најважните или како што рече, СОС поглавја за земјата, Владата не постигнала успех. -Нашата црвена линија беше само една. Не даваме глас за доверба […]

Харадинај: Ако нема договор до 2022 година со Србија, таксите остануваат


Премиерот на Косово, Рамуш Харадинај потврди денеска дека САД официјлано побарале Приштина да ги укине таксите од 100 отсто за производи од Србија. Тој додаде дека тоа нема да се случи ако не се постигне договор со кој Србија ќе ја признае независноста на Косово. Харадинај на прес конференција рече дека американскиот став му бил […]

САД одбија да му дадат виза на Харадинај


Премиерот на Косово, Рамуш Харадинај потврди денеска дека САД одбиле да му одобрат виза на неговото барање. На прес конференција тој рече дека иако добил покана, нема да оди на Молитвениот појадок во Вашингтон. – Во атмосфера создадена по зголемувањето на таксите за стоки од Србија, овојпат нема да одам, изјави Харадинај.

Хан со понуда за решавање на трговскиот спор меѓу Белград и Приштина


Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, им понудил на Белград и на Приштина да го посредува трговскиот спор помеѓу овие две држави со цел одблокирање на Дијалогот за нормализација на односите. Во интервјуто за МИА, Хан вели дека „за жал“ дијалогот меѓу Белград и Приштина „е сопрен поради прашањето со царините“. Приштина пред неколку месеци реши […]