Во Хрватска девет лица починаа од грип


Од грип во Хрватска до сега починаа девет лица, а се уште се чекаат официјални резултати за два смртни случаи во Сплит, изјави директорот на Хрватскиот завод за јавно здравство Крунослав Цапак. Тој додаде дека Хрватска по епидемијата на  грип е трета во Европа со оклу 8.500 заразени лица, додека на прво место е Велика […]

Двоглавиот орел – потекло и значење


Реакции во јавноста деновиве предизвикуваат фотографии и јавни истапувања на политичари Албанци кои  со рацете го покажуваат знакот на двоглав орел. Тие што го покажуваат тврдат дека е без негативна конотација и оти е само знак на идентификација со нивната национална припадност. За оние што им пречи, пак, тоа е јавно и провокативно искажување на […]

Проди: Да се забрза процесот на присоединување на балканските држави во ЕУ


Неизоставно мора да биде забрзан процесот на присоединување на државите од Балканот кон Европската унија. Нема да има целосен и траен мир во Европа се додека сите, повторувам, сите земји од континентот не станат дел од големото европско семејство. Тоа вечерва за МИА го изјави поранешниот претседател на Европската комисија Романо Проди во Охрид, каде […]

Гласањето за Преспанскиот договор во грчкиот парламент кон крајот на следната недела


Претседателот на грчкиот парламент, Никос Вуцис, рече дека гласањето за Преспанскиот договор во парламентот ќе се случи кон крајот на следната недела. По состанокот со претставници од владејачката СИРИЗА, Вуцис рече дека процесот ќе почне во следните неколку денови, најпрвин на комисиско ниво, а потоа ќе се најде на пленарна седница. „Секој ќе има можност […]

Сопругата на Мета призна дека има закани од криминални групи


Сопругата на албанскиот претседател Илир Мета,Моника Круемади, која е лидерка на опозициското Социјалистичко движење за интеграција,призна дека имала закани преку социјалните мрежи „од лица кои се идентификувани како членови на криминалн групи поврзани со политиката“. Круемади низ солзи додаде дека за да ја заштити помала ќерка,Ера ја сместиле во изолиран интернат надвор од земјата. -Помалата […]

Вучиќ: Ако не се продолжи дијалогот, тогаш можеме да одиме на избори


Српскиот претседател Александар Вучиќ оцени денес дека е важно меѓународната заедница и Европа да соопштат дали наскоро ќе бидат укинати косовските такси на стоки од Србија, односно дали дијалогот ќе продолжи, за да знае дали да се организираат вонредни избори или не. “Ако нема дијалог, нема пречки да се оди на избори.Затоа е важно да […]

Харадинај побарал да му се намали платата


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај, по повод актуелните штрајкови на вработените во здравството и образованието, кои бараат да им се зголемат платите, изјави дека од изготвувачите на Законот за плати во јавната администрација побарал да ја намалат единствено неговата плата. За ова негово барање Харадинај информира на денешната средба со структурите на неговата партија, Алијансата за […]

Блок од Тирана: Во ЕУ кога ќе имате конкретни резултати против криминалот и корупцијата


Холандија е посветена на европската перспектива но врз основа на видлив и конкретен напредок. Во ЕУ кога ќе имате конкретни резултати во борбата против криминалот и корупцјата. Оваа порака неколкупати ја повтори шефот на холандската дипломатија, Стеф Блок, по средбата во Тирана со министерот за Европа и надворешни работи Дитмир Бушти -Ние сме посветени на […]

Харадинај по средбата со Хан: Косово е непоколебливо на патот кон ЕУ


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај, по денешната средба со комесарот за проширување и добрососедска политика на Европската унија, Јоханес Хан, објави дека и во оваа прилика ги нагласил непоколебливите позиции на Косово во однос на патот на интеграција во ЕУ. – На состанокот со кoмесарот на ЕУ за проширување, Јоханес Хан, повторно нагласив дека позицијата на […]

Грчката Влада ќе испечати копии од Договорот од Преспа за да ги информира Грците


Грчката Влада ќе испечати десетици илјади копии од договорот за нормализација на односите со Македонија со цел граѓаните да се информираат пред парламентарната дебата за ратификација. Канцеларијата на грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска соопшти дека тој документ ќе биде објавен во неделното издание на весниците во Грција. Грчката Влада истакна дека „има намера да го […]

Путин: Русија како и Србија заинтересирана за безбеден Балкан


Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави во Белград дека Русија е заинтересирана Балканот да остане стабилен и безбеден. Тој нагласи дека Русија поддржува   прифатливо решение за Косово врз основа на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН. – Русија како и Србија е заинтересирана Балканот да остане стабилен и безбеден. Рускиот став за Косово […]

Од Приштина, Хан во Тирана на средба со Рама


Европскиот комесар за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан, по престојот во Приштина ќе допатува во Тирана,каде ќе се сретне со премиерот Еди Рама. Информацијата на Твитер ја објави амбасадорот на мисијата на ЕУ во Албанија, Луиџи Сореца. Според Сореца средбата меѓу Рама и Хан ќе биде посветена на оценувањето на реформите кои се во […]

Кабинет на Ципрас: Сите Грци треба да ја дознаат вистината за Договорот од Преспа


Нема да одбереме брзи процедури за Договорот од Преспа; имаме намера да биде информиран и последниот грчки граѓанин за аспектите на договорот; сметаме дека е важно да се одржи ТВ дуел со лидерот на опозицијата; неделните изданија на весниците ќе го објават целиот текст од договорот, се дел од следните чекори на грчката Влада во […]

(ВО ЖИВО) Путин пристигна во Белград


Претседателот на Русија, Владимир Путин, пристигна на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград. Тој беше пречекан од српскиот претседател Александар Вучиќ со почесната воена гарда. Путин слета во 13.06 часот, а еден час пред рускиот претседател на белградскиот аеродром слета авионот со руската делегација. Поворката со претседателите на Србија и Русија, Александар Вучиќ и Владимир Путин, […]

Чавушоглу: Со нетрпение ја очекуваме Македонија во НАТО


Турција со нетрпение очекува да и посака добредојде на Република Македонија во семејството на НАТО, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на заедничката прес-конференција во Анкара по средбата со неговиот македонски колега Никола Димитров. Чавушоглу нагласи дека стабилноста на Македонија е клучна за стабилноста на Балканот, на што Турција придава големо значење и […]

Штрајк на вработените во јавниот сектор во Грција


Членовите на Синдикатот на вработените во јавниот сектор во Грција (АДЕДИ) утрово започна 24-часовен штрајк со барање за итно повлекување на законот за системот за вработување во образовниот сектор. Како што јави дописничката на МИА од Атина, по демонстрациите и штрајковите на вработените во образовниот сектор на 11 и 14 јануари, синдикатот денеска го парализира […]

Македонски државјанин ја ограбил пицеријата на најбогатиот сараевчанец


Македонски државјанин е осомничен за грабеж на пекарата „Златно зрно“ во Сараево. Началникот на Полициската управа на Источно Сараево, Бранимир Шеховац рече дека станува збор за Фикрет Сабати, по кого интензивно се трага. Претходно, полицијата објави фотографија од осомничениот како краде пари од пицеријата и од пекарата и побара помош од граѓаните да се јават […]

Ципрас гo повика Мицотакис на ТВ дуел за Договорот од Преспа


Грчкиот премиер Алексис Ципрас, говорејќи на расправата во грчкиот Парламент, кусо пред гласањето доверба на владата, ги извести пратениците дека Грција ја примила Вербалната нота од македонското МНР  во која се соопштува дека се исполнети обврските согласно Договорот од Преспа. Ципрас рече дека во добиениот текст, “соседите освен што известуваат, имаат и  толкувачка изјава, односно […]

Мицотакис: Оној што гласа „за“ го отвора патот за наводните македонски идентитет и јазик


Тој што денес ќе гласа „за” го отвора патот за наводниот македонски идентитет и јазик за соседите, рече претседателот на најголемата грчка опозициска партија Нова демократија, Кирјакос Мицотакис во неговиот говор кусо пред гласањето доверба на Владата, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис, кој во поголемиот дел од говорот се задржа на економијата и на […]

Масовен граѓански протест во Белград на годишнината од убиството на Оливер Ивановиќ


Во Белград организаторите на протестите „Еден од петте милиони-почнато е“ одржаа вечерва нов голем масовен протест, овојпат по повод годишнината од убиството на лидерот на Граѓанската иницијатива на Косово-„Србија,демократија, правда“-Оливер Ивановиќ. Колоната од повеќе десетици илјади граѓани беше повторно долга речиси еден километар и се движеше по веќе познатата маршута низ централните белградски улици  до […]