Македонски државјанин ја ограбил пицеријата на најбогатиот сараевчанец


Македонски државјанин е осомничен за грабеж на пекарата „Златно зрно“ во Сараево. Началникот на Полициската управа на Источно Сараево, Бранимир Шеховац рече дека станува збор за Фикрет Сабати, по кого интензивно се трага.

Претходно, полицијата објави фотографија од осомничениот како краде пари од пицеријата и од пекарата и побара помош од граѓаните да се јават доколку имаат информации за него.

Медиумите во БиХ пишуваат дека грабежот е извршен во моментите кога „Златно зрно“ не работело поради убиството на Милош Остоиќ, син на сопственикот на компанијата.

Остоиќ (30) беше убиен за Нова година пред клубот „Спарта“ во Сараево. Според сараевските медиуми, неговиот татко е е најбогатиот тамошен бизнисмен.