Бранови од седум метри го погодија хрватското крајбрежје


Силен ветер, што предизвика бранови на отворено море високи и до седум метри, денеска го погоди јадранскиот брег на Хрватска. Поради невремето во прекин се траект линиите од копното кон островите Вис, Хвар, Шолта, Брач, Корчула и Ластово. Како што јави ХИНА, ветерот дувал со брзина од 50 до 60 километри на час. Метеоролозите највуваат […]

Судири меѓу средношколци и полицијата во Атина


Група средношколци денеска се судрија со грчката полиција во центарот на Атина, за време на средношколските протести против најавените реформи во образованието со кои се менуваат условите за упис на факултетите. Судирите започнаа кога демонстрантите дојдоа пред зградата на грчкиот Парламент и дел од нив почнаа да фрлаат со камења, факли и гасни бомби кон […]

Грчкото МНР достави демарш до албанската амбасадорка во Атина за убиениот Грк


Министерството за надворешни работи на Грција ја повика амбасадорката на Албанија во Атина, во попладневните часови, за да и достави демарш за вчерашното убиство на етнички Грк во Албанија, објавија денеска грчките медиуми. Триесет и петгодишниот Константинос Кацифас беше убиен во престрелка со албанската полиција.

(ФОТО) Апокалиптични сцени на Дунав: Бродовите останаа на суво поради екстремно нискиот водостој


Поради екстремно нискиот водостој на втората по големина река во Европа, Дунав, речиси целосно е прекинат сообраќајот на товарни бродови низ унгарскиот дел на реката, објави радио „Кошут“. Нивото на Дунав започнало да опаѓа уште во јули, а сега водостојот е толку низок што по Дунав можат да пловат само помалку чамци и бродови, со […]

Ципрас: Грција столб на стабилност во поширокиот регион


За економското закрепнување и надградувањето на геополитичката улога на Грција, говореше грчкиот премиер Алексис Ципрас во неговото обраќање на почетокот на Евроарапскиот самит што од денес се одржува во Атина. -Грција ја надградува нејзината геополитичка улога како столб на мирот и стабилноста во клучен регион, на точката што ги спојува трите континенти, рече Ципрас, споменувајќи […]

„Зери“: Повеќе од десет членки на ЕУ се против визна либерализација за Косово


Косово добива силни удари од голем број држави од Европската унија (ЕУ) во последната фаза од процесот на визната либерализација, пишува во денешното издание весникот „Зери“. Според весникот, како што јави дописникот на МИА од Приштина, против укинувањето на визите за косовските граѓани во моментов се над десет од 25-те членки на ЕУ. Повикувајќи се […]

Српска актерка пронајдена мртва


Младата српска актерка Ивана Млаѓовиќ (30), која толкуваше епизодна улога во серијата „Село гори, а баба се чешла“ е пронајдена мртва во стан на свој пријател во Крагуевац. Српските медиуми пишуваат дека Млаѓовиќ, која е поранешна „Плејбој девојка“, починала поради предозираност со психоактивни супстанции, а ја пронашле пријателите во чиј што стан била. Покрај неа, […]

Во престрелка со албанската полиција, убиен Грк


Во престрелка со албанската полиција, во селото Буларат во Албанија денеска беше убиен 35-годишен Етнички Грк. Како што јави дописничката на МИА од Атина, инцидентот и убиството на Константинос Кацифас го потврдија и од Министерството за надворешни работи на Грција, од каде што велат дека наводно со калашников, тој отворил оган кон возило на албанската […]

(ФОТО/ВИДЕО) Капиталец од длабочините на Јадранот: Хрват улови туна тешка 317 килограми


Хрватскиот рибар Зоран Срдарев уловил туна тешка 317 килограми во подрачјето на Кварнерскиот Залив. Срдарев се занимава со спортски риболов 25 години, а при овој улов имал помош од соработници. Тој наведе дека туна со оваа големина на европскиот пазар достигнува цена и од 4.700 евра.

По повеќе од еден месец, ослободени Балканците што беа заробени од нигериски пирати


Морнарите што беа заробени од пирати, меѓу кои има и жители од Балканот, се ослободени, дознава „Аваз“. Тие беа заробени во нигериските води на 23 септември. Седуммина од заробените морнари се Филипинци, а другите петмина се од Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Украина и Романија. Тие сега во Нигерија чекаат лет за Швајцарија. Како што […]

Сараево: Убиството на полицајците – терористички акт


Општинските советници на Нови Град го окарактеризираа вчерашното убиство на сараевските полицајци како терористички акт, изјави денеска претседавачот со Советот, Русмир Баљиќ. Тој појасни дека советниците се раководеле од тоа дека слични случувања во БиХ и регионот биле третирани како терористички акт. „Сметаме дека ова е нешто што треба сериозно да не загрижи, особено кантонот […]

Случај Тодориќ: Ќе му судат судија и двајца граѓани поротници


Судот во Загреб се подготвува за доаѓањето на оснoвачот на концернот Агрогор, Ивица Тодориќ, кој со одлука на судските власти во Лондон треба да биде испорачан на хрватското правосудство. Доколку случајот Агрокор е во надлежност на УСКОК би суделе тројца судии професионалци, пишува „Јутарњи лист“. Но, како што додава весникот, обвинителството не смета дека 1,6 […]

Албанскиот министер за внатрешни работи поднесе оставка


Албанскиот премиер Еди Рама денеска соопшти дека министерот за внатрешни работи Фатмир Џафај поднесе оставка. Рама на Твитер напиша дека ја прифатил оставката на Џафај, но не наведе други детали. На местото на Џафај именуван е поранешниот воен претставник Сандера Леши. Неговиот избор треба да биде одобрен од претседателот на Албанија и од Парламентот. Рама истакна […]

Бусек: Сите во ЕУ и решен е проблемот Балкан


Поранешниот координатор на Пактот за стабилност на Југоисточна Европа, Ерхард Бусек изјави дека Европска унија мора што побрзо да ги прими преостанатите земји од Балканот, за да бидат решени проблемите на регионот. Според него тоа би ја поттикнало регионалната соработка. Бусек на Меѓународната конференција во Белград „Европски центар за мир и развој“ посветен на новите […]

Вучиќ: Решението на проблемот меѓу Србите и Албанците ќе го измени регионот


Српскиот претседател Александар Вучиќ е решен да остане запишан во историјата како човек кој ги помири етничките и територијалните разлики во регионот кој е синоним за војна, се наведува во денешното интервју на Блумберг, кое го пренесува Танјуг. Нарекувајќи го Вучиќ  „најголем руски сојузник на Балканот”; Блумберг пишува дека Србија својата иднина ја врзува со […]

Урнат кран на патот Качаник-македонска граница, тројца работници повредени


На автопатот во изградба „Арбен Џафери“, кој го поврзува косовскиот главен град со Македонија, вечерва се урна дел од градежната машинерија, при што полесно се повредени тројца работници, а привремено е затворен и патот од границата меѓу Македонија и Косово, поточно од Генерал Јанковиќ до Качаник. Според соопштението на Министерството за инфраструктура на Косово, денеска […]

Почина и вториот полицаец по пукотница во Сараево


Двајца полицајци починаа откако утрово беше пукано на полициска патрола во Сараево. Едниот полицаец почина на самото место на инцидентот, а вториот по повеќечасовна борба за живот им подлегна на повредите. Сараевските медиуми наведоа наведоа дека „автомобилската мафија“ стрелала со автоматско оружје, веројатно „калашников“ кон полициската патрола која ги затекнала при кражба на „Голф 6“ […]

Поради апарат за мерење крвен притисок евакуирано грчкото МНР


Пакет со електронски апарат за мерење крвен притисок, адресиран до потпретседателот на грчката влада, Јанис Драгасакис, беше причината за денешната евакуација на централната зграда на Министерството за надворешни работи на Грција, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, повикувајќи се на извори од полицијата. Канцеларијата на Драгасакис се наоѓа во непосредна близина на зградата на грчкото МНР, […]

Дачиќ: Не го даваме образот, Уставот и Косово за европски морков


Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ, денеска изјави дека Србија нема да го наруши својот Устав и да се соочи со признавањето на „лажната држава Косово за некаков европски морков“. Неговата изјава уследи откако пратеникот на Бундестагот, Петер Бајер од партијата ЦДУ на Ангела Меркел, испрати порака до Белград дека „Србија не може да […]

Гаши: Тачи се согласи да нема преговори со Србија за границата


Косовскиот вицепремиер Дардан Гаши изјави вечерва дека Владата и претседaтелот на Косово Хашим Тачи се договориле на преговорите во Брисел за изнаоѓање конечно решение за споровите со Србија, да не се разговара за границата меѓу двете земји, јави дописникот на МИА од Приштина. Гаши во емисијата „Фронтал“ на телевизијата Т7 изјави дека договорот бил постигнат […]