Косовската Влада ги ослободи од таксата од 100 отсто стоките увезени од Србија


Владата на Косово на денешната седница одлучи сите стоки увезени од Србија во Косово пред 21 ноември 2018, кога се воведе такста од 100 отсто за српските производи, да се ослободат од таа такса.

Во владиното соопштение се вели дека е усвоена одлука за измена и дополнување на одлуката на Владата од 21 ноември 2018 година, со што „се исклучуваат од таксата стоките со потекло од Србија и Босна и Херцеговина кои се увезени пред тој датум и кои се нашле во царински процедури под одложен режим (царински депоа, привремен увоз, обработка во царинска контрола и внатрешна контрола) при нивното пуштање во слободен промет“.

Премиерот на Косово, Рамуш Харадинај потврди денеска дека САД официјлано побарале Приштина да ги укине таксите од 100 отсто за производи од Србија. Тој додаде дека тоа нема да се случи ако не се постигне договор со кој Србија ќе ја признае независноста на Косово.