Се запали авион кој требаше да слета во Приштина


Авион кој лета на релацијата Штутгард-Приштина бил принуден да слета на аеродромот во Љубљана, откако за време на летот внатре во леталото избил оган, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според информациите до кои дојде порталот „Газета Експрес“, авионот селтал безбедно на аеродромот во главниот град на Словенија и не настрадал ниту еден од патниците, кои се речиси сите од Косово.

Единствено пилотот на авионот се здобил со повреди, но се уште нема информации колку се тие сериозни.

Од приштинскиот аеродром „Адем Јашари“ за порталот изјавија дека не можат да се произнесат за инцидентот, бидејќи тој не се случил во Косово.

– Со оглед дека не се случи кај нас, ние не можеме да се произнесеме за некоја друга компанија, изјави портпаролот на приштинскиот аеродром, Унидон Красниќи.