(ВИДЕО) Ветрот буквално си поигрува со авион при слетување во Тиват


Видеото од авион во близина на аеродромот во Тиват, Црна Гора, се појави на социјални мрежи на кое се гледа како ветрот буквално си поигрува со малиот авионот.

„Го снимив ова во Радановиќи во близина на Тиват. Ризичен обид за слетување на ATR. Летот е пренасочен кон Подгорица“, се вели во описот на видеоснимката.

Од јавното претпријатие „Аеродроми на Црна Гора“ изјавија за медиумите дека вчера дури четири авиони биле пренасочени од Тиват кон Подгорица, што е редовна постапка кога дува силен ветер.