(ВИДЕО) Снегот веќе прави проблеми низ Балканот, во Сараево повеќе верижни судири


Снегот што од утрото паѓа во поголемиот дел од Босна и Херцеговина предизвика проблем, а најголем кај возачите кои се судираа заради неисчистените сообраќајници. Така, во Источно Сараево забележан се забележани повеќе верижни судири.

Весели: Никогаш не сум бил во Белград, ниту имам желба да одам


Претседателот на косовското Собрание, Кадри Весели изјави дека Косово ќе влезе во дијалог со Србија заедно со меѓународните партнери, а самиот тој нагласува дека воопшто нема желба да има врска со Белград. Весели во денешното интервју за приштинскиот портал „Индексонлајн“ истакна дека некогаш не бил во, како што го нарекува, „Белиград“ и дека на секому […]

Заслуга за помошта при пожарите: Двајца Египѓани и еден Албанец добија грчко државјанство


За нивната пожртвуваност и за спасените животи во катастрофалните пожари во јули минатата година, тројца рибари, двајца од Египет и еден од Албанија, денесka добија грчко државјанство, јави дописничката на МИА од Атина. Државјанствата свечено им беа врачени од претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос, а на манифестацијата во претседателската палата во Атина присуствуваше и министерот […]

Филмско бегство од затворот во Атина


Со кука и импровизирано јаже, двајца затвореници вчера побегнале од атинскиот затвор „Коридалос“. Претходно ги пресекле решетките од ќелијата, стигнале до мал надворешен дел од затворот каде што немало чувари и со помош на кука и импровизирано јаже го прерипале надворешниот ѕид во височина од околу шест метри и излегле од затворот, јави дописничката на […]

Ѕанакопулос: Ципрас во јануари ќе одлучи кога Договорот ќе влезе во Парламент


Грчкиот премиер Алексис Ципрас по 18 јануари ќе донесе одлука кога Преспанскиот договор ќе биде поднесен за ратификација во грчкиот Парламент, „до кога се очекува тој да ја мине соодветната процедура во Скопје“, изјави портпаролот на грчката Влада Димитрис Ѕанакопулос, цитиран од електронското издание „Катимерини“. -Во моментов се прават потребните „парламентарни комбинации за ратификација на […]

Харадинај: Косово веднаш ќе ја укине таксата кон Србија ако таа почне да се однесува европски


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави денеска дека Белград е продолжена рака на Москва на Балканот и дека Приштина веднаш ќе ја укине таксата од 100 отсто на увозот од Србија доколку таа почне да се однесува европски. – Со тоа што и го отворивме нашиот внатрешен пазар, ние на Србија ѝ дадовме стотици милиони за […]

Повторно апсења во Бања Лука на протестите за Давид


Припадници на полицијата на Република Српска во Бања Лука приведоа неколку лица поради кршење на законот за јавен ред и мир за време на протестот „Правда за Давид“. Според локалните медиуми, таткото на настраданиот Давид, Давор Драгичевиќ е во бегство и полицијата трага по него. – Организаторот на собирот не ги испочитува обврските предвидени со […]

Протестите во Србија стануваат сè помасовни


За време на протестот „Еден од пет милиони“, кој во саботата се одржа во центарот на Белград, граѓаните го исполнија Студентскиот плоштад и улицата „Васина“, од каде што одеа на протестна прошетка во центарот на градот. Организаторите на протестот на барањата додадоа уште едно – разрешување на министерот за полиција Небојша Стефановиќ. Следниот протест е […]

Вучиќ: Ако сакате избори, ќе имате избори


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ по синоќешните масовни граѓански протести во Белград, денеска изјави дека на опозицијата и нуди избори, сметајќи дека на нив ќе може да покаже колку е „моќна и силна“. – Јас им нудам избори. Сметам дека, кога се толку моќни и силни, сакаат избори. Тоа веројатно е природно барање на опозицијата […]

Во Албанија уловена ајкула тешка 340 килограми


Во мрежите на албанските рибари од пристанишниот град Драч, уловена е ајкула тешка 340 килограми. Пленот е уловен на длабочина од околу 100 метри, и претставува една од поголемите ајкули што албанските рибари ги имаат уловено во водите на Јадранско Море во близина на Драч. Рибарите од истиот град, во средината на минатиот месец на […]

Албанија: Од први јануари обложувачниците ќе се третираат како парцели со марихуана


Албанскиот министер за внатрешни работи Сандер Леши ги предупреди сопствениците на спортски обложувачници, кои нема да се придржуваат на одлуката на владата за нивно затворање, дека од први јануари секоја од нив ќе се третира како парцела со марихуана. Тој ова го порача од средбата со првите луѓе на полициските комесаријати, на која, побара максимално […]

Во Елбасан убиени три лица во автомобил во движење


Во албанскиот град Елбасан, во вооружен напад врз возило во движење убиени се три лица, меѓу нив еден странец. Инцидентот се случил синоќа во 21:15 часот, кога три лица со „калашникови“ пукале во возилото,со италијански регистарски таблички, во кое се наоѓале жртвите. Се верува дека се било организирано бидејќи убијците го следеле возилото во кое […]

Коѕијас: Иднината му припаѓа на нашето пријателство


За пријателството меѓу двата народи, за позитивните ефекти во двете земји што Договорот од Преспа ќе ги донесе, откако ќе стане секојдневие за граѓаните и од двете страни на границата, во екслузивно интервју за МИА говори поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас. Иднината му припаѓа на нашето пријателство“, е пораката што Коѕијас […]

Четври голем граѓански протест во Белград


Во Белград и оваа сабота е одржан нов голем масовен протест од повеќе илјади граѓани, без партијски обележја, против насилието под слоганот „Еден од петте милиони“. Колоната на граѓани кои протестираа, која беше повторно долга речиси еден километар се движеше низ белградските улици, по познатата маршута од Студенсткиот плоштад до Плоштадот Славија. Пред зградата на […]

Харадинај: Од денеска границата меѓу Косово и Албанија не постои


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај на Фејсбук објави дека „од денес, Косовската граница со Албанија не постои”. „Денес, ми беше чест да учествувам во потпишување на договор за воспоставување на заеднички гранични точки меѓу Косово и Албанија, „Од денес границата меѓу Косово и Албанија не постои. Ќе имаме само една заедничка станица. Работата ќе продолжи и […]

Приштинските такси ја оштетија БИХ за 4,5 млн. долари


Бoсна и Херцеговина е оштетена за 4,5 милиони долари откако Приштина наметна даноци за производи за нашата земја, потврди министерот за надворешна трговија и економски односи на БиХ, Мирко Шаровиќ. Во ноември властите во Приштина воведоа даноци за 100 отсто од стоките од централна Србија и БиХ. „За еден месец од примената на даноците за […]

Француските „Жолти елеци“ во помал број продолжуваат со протестите


Седми протест по ред почнаа денеска во Франција „Жолтите елеци“ кои се незадоволни со  социјалната и фискална политика на претседателот Емануел Макрон, но на улици излегоа мал број луѓе Протестното движење што почна пред 1,5 месец значително ослабна – на 22 ноември имаше 38.600 демонстранти, една недела претходно 66.000, а на првите протести – 282.000, […]

Затворен патот Приштина-Скопје, долги колони и до четири часа чекање за да се стаса до граница


Патот од Приштина до границата со Македонија, на делницата Качаник-Генерал Јанковиќ, денеска потворно е затворен за сообраќај поради градежни работи на последната траса  од автопатот „Арбен Џафери“, што предизвика долги колони од возила на патот кој води до границата со Македонија кај Блаце, информираат косовските медиуми. Како што јави дописникот на МИА од Приштина, патот […]

„Нема да дозволам да бидам убиен како Давид“


Давор Драгичевиќ, татко на убиениот Давид Драгичевиќ, ги објави своите барања кои институциите на Република Српска треба да ги исполнат во врска со убиството на неговиот син. Тој најави дека, во спротивно, утре за кога е најавен голем протест „Правда за Давид”, луѓето ќе останат на плоштадот Краина. Тој додаде дека за сè друго што […]

Албанската економија за девет месеци забележала раст од 4,35 отсто


Во периодот јануари-септември годинава албанската економија забележала раст од 4,35 отсто,споредено со истиот период лани. -Без оглед на забележаниот раст над планираниот тој сепак зависи од енергетскиот сектор и туризмот. Без овие два сектора растот би бил 1,7 отсто, изјави Делина Ибрахимај,директорка на Институтот за статистика. Што се однесува до третиот квартал од годинава албанската […]