Хоџај: Ја замолувам „Српска листа“ да гласа за демаркација на границата


Косовскиот вицепремиер, Енвер Хоџај, од собраниската говорница, призна дека владата го нема потребното мнозинство за ратификација на договорот за демаркација на границата со Црна Гора и додаде дека „ќе ја замоли Српска листа да гласа за договорот“. Посочи дека Договорот треба да се изгласа во парламентот и оцени дека договорот е технички,но оти се претворил …

Хоџај: Ја замолувам „Српска листа“ да гласа за демаркација на границата Read More »

Единаесетта жртва на морбили во Србија


На Клиниката за инфективни болести во Ниш, поради тешко белодробно воспаление предизвикано од морбили, почина 32-годишна жена, со што смртниот биланс од ситните сипаници во Србија се искачи на 11 лица. Директорот на клиниката Миоград Врбиќ изјави дека заболената жена имала натежок облик на компликации – акутен респираторен дистрес синдром. Тој појасни дека пациентката била …

Единаесетта жртва на морбили во Србија Read More »

Протести на младите во САД: 17 минути за 17 убиени на Флорида


Десетици илјади ученици, студенти и просветни работници во САД денеска излегоа од училиштата во знак на протест, поради, како што велат, неуспехот на Конгресот да се справи со насилството со оружје во училиштата. Протестот е осмислен на тој начин што тие ќе ги напуштат училниците на 17 минути, по една минута за секој убиен при …

Протести на младите во САД: 17 минути за 17 убиени на Флорида Read More »

Францускиот министер за финансии најави тужба против Гугл и Епл за злоупотреба


Францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер најави тужба против Гугл и Епл поради злоупотреба на деловните практики, што може да резултира со казна од повеќе милиони евра. Ле Мер ги обвини двете технолошки компании за „искористување“ на програмерите, бидејќи, според договорот, наплаќаат провизија на продажбата на нивните апликации преку продавниците на Епл, „iTunes App …

Францускиот министер за финансии најави тужба против Гугл и Епл за злоупотреба Read More »

Вучиќ: Треба да го сочуваме мирот со Албанците


Подршката на европскиот пат на Србија, регионалната безбедност и односите со Косово беа главна тема на разговорие во Белград на американскиот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Вес Мичел со српскиот претседател Александар Вучиќ. – Постои голема подршка од САД, како и одговорност за лидерите во регионот, за стабилност и за евроатланските интеграции, …

Вучиќ: Треба да го сочуваме мирот со Албанците Read More »

Словенците изградија споменик посветен на биткоинот


Во словенечкиот град Крањ денеска ќе биде откриен споменик посветен на криптовалутата биткоин. Кружната метална скулптура со буквата „Б“ е тешка три тони и има пречник од седум метри. Поставена е на новиот кружен тек во Крањ. – На нашата Фејсбук страница ги замоливме граѓаните да одлучат што да поставиме на новиот кружен тек и …

Словенците изградија споменик посветен на биткоинот Read More »

Ердоган: Турската армија ќе го освои Африн до вечер


Турската армија и нејзините сојузници меѓу сириските бунтовници до вечерва ќе преземат целосна контрола врз градот Африн во северозападна Сирија, изјави денеска претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. Ердоган, во обраќање пред членовите на локалната администрација во Анкара, нагласи и дека е воспоставен специјален коридор за евакуација на цивилното население од Африн. Најавата на Ердоган …

Ердоган: Турската армија ќе го освои Африн до вечер Read More »

Македонец уапсен во Врање, шверцувал „апаурини“


Македонски државјанин е уапсен во Врање поради шверц со лекови за смирување. Според српските медиуми, возачот на автобусот од Скопје се обидел да пренесе 100 кутии „апаурин“, 257 кутии „лексилиум“ од три милиграми и 203 кутии „лексилиум“ од шест милиграми. Станува збор за лекови за смирување и несоница. Случајот е во рацете на Обвинителството во …

Македонец уапсен во Врање, шверцувал „апаурини“ Read More »

Во Албанија се зголемува бројот и на возрасни заразени од морбили


Во Албанија, епидемијата на мали спаници добива пошироки размери. Освен деца на возраст до една година,кои поради возраста не се вакцинирани, се зголемува бројот на возрасни погодени од овој вирус. Во Инфективната клиника во Тирана потврдуваат дека секојдневно, во просек, се јавуваат по седум случаи со симптоми на морбили,при што дел од нив се позитивни. …

Во Албанија се зголемува бројот и на возрасни заразени од морбили Read More »

Тилерсон: Мојата функција ќе заврши на полноќ на 31 март


Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон изјави денеска дека ќе ги пренесе своите обврски до крајот на работниот ден на својот заменик Џон Саливан. Во обраќањето пред јавноста, Тилерсон рече дека официјално ќе замине од функцијата до крајот на овој месец. – Мојата функција како државен секретар на САД ќе заврши на полноќ на 31 март. …

Тилерсон: Мојата функција ќе заврши на полноќ на 31 март Read More »

Тепачка во турскиот парламент по усвојување измени на изборникот закон (ВИДЕО)


Тепачка во турскиот парламент се случи денеска меѓу пратеници од власта и опозицијата, веднаш по изгласувањето на измените во Изборниот закон, за кои опозицијата тврди дека ќе доведат до изборни измами. По усвојувањето на измените во Изборниот закон, почна расправија меѓу националистичките пратеници и опозицијата. Неколкумина пратеници се степаа, јавуваат турски медиуми. Инаку, турскиот парламент …

Тепачка во турскиот парламент по усвојување измени на изборникот закон (ВИДЕО) Read More »

Драматично во Хрватска Костајница, урнати десетина куќи поради лизгање земјиште и поплави


Водостојот на карловачкото подрачје и во Хрватска Костајница и понатаму расте, јавуваат хрватски медиуми. Во Хрватска Костајница и во Јасеновац е прогласена вонредна состојба. – Ситуацијата во Хрватска Костајница е драматична. Подземните води пробиле во зградата на судот од каде се испумпува вода, а лоша вест е и што во еден момент почнало да врне …

Драматично во Хрватска Костајница, урнати десетина куќи поради лизгање земјиште и поплави Read More »

Клинтон: САД не заслужуваат претседател како Доналд Трамп


Хилари Клинтон изјави дека САД не заслужуваат претседател како Доналд Трамп и го нарече неговиот мандат „опасни времиња“. Клинтон, која беше кандидат на демократите за претседател на САД во 2016 година, го изјави тоа на конференција во индискиот град Мумбај. Таа рече дека претседателот републиканец има „голем афинитет кон диктаторите“. Според неа, Трамп „навистина ги …

Клинтон: САД не заслужуваат претседател како Доналд Трамп Read More »

Трамп: Звучи како Русите да се виновни за труењето на агентот


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека „звучи“ како Русија да е одговорна за труењето на поранешниот шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка во Британија додавајќи дека за тоа ќе разговара со британската премиерка Тереза Меј. – Звучи како да веруваат оти Русија е одговорна и секако тие наводи ќе ги сфатам како факт. САД …

Трамп: Звучи како Русите да се виновни за труењето на агентот Read More »

Кој беше државниот секретар Тилерсон


Рекс Тилерсон, сега веќе поранешен американски државен секретар, член на Републиканската партија, инженер, чие богатство се проценува на 245 милиони долари, на тоа место дојде 1 февруари 2017 од позицијата извршен директор на американската нафтена компанија Ексон мобил, како еден од најдобро платените директори во светот. Се наоѓа на 25. место на листата на Форбс, …

Кој беше државниот секретар Тилерсон Read More »

Британската амбасадорка во Москва повикана на разговор


Амбасадорката на Велика Британија во Москва денеска е повикана на разговор во руското Министерство за надворешни работи, соопшти руското МНР. Вчера, пак, рускиот амбасадор во Велика Британија беше повикан на разговор. Во исто време, шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска изјави дека Русија ќе соработува со Велика Британија само доколку добие примероци од нервниот …

Британската амбасадорка во Москва повикана на разговор Read More »

Јункер: ЕУ и Западен Балкан имаат заедничка иднина


Нема точни датуми кога земјите од Западен Балкан ќе се приклучат кон ЕУ, изјави претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер пред Европскиот парламент во Стразбур. – Пред две недели го посетив регионот. Бев погоден од страста за ЕУ. Тоа ми донесе нова верба дека ако овој драматичен регион е толку решен да се промени фундаментално, …

Јункер: ЕУ и Западен Балкан имаат заедничка иднина Read More »

Еврогрупата дозволи транша од 5,7 милијарди евра за Грција


Нова транша од 5,7 милијарди евра ќе добие Грција во втората половина од март, беше одлучено на синоќешната средба на Еврогрупата. Претседателот на Еврогрупата Марио Сентено пред новинарите изјави дека во април на дневен ред ќе биде и прашањето за олеснување на грчкиот долг. Еврокомесарот за економски и финансиски прашања Пјер Московиси изрази задоволство од …

Еврогрупата дозволи транша од 5,7 милијарди евра за Грција Read More »

Тесла Модел 3 ќе користи магнетен мотор со редок ресурс од Кина


Автомобилската компанија Тесла предизвика скок на побарувачката за неодимиум, откако најави дека магнетните мотори што ги користи за својот Модел 3 ќе го користат овој редок метал. Кина е главен производител на неодимиум, поради што Тесла досега одбегнуваше да го користи во своите мотори, стравувајќи дека ќе се изложи на опасноста да остане без доволно …

Тесла Модел 3 ќе користи магнетен мотор со редок ресурс од Кина Read More »

Вашингтон ја осуди „деструктивната политика“ на Русија на Балканот


Американскиот помошник државен секретар за Европа и Азија Вес Мичел предупреди денеска од Приштина за „деструктивната улога“ на Русија на Балканот и ја обвини Москва дека ги „поткопува“ демократските институции во регионот. – Гледаме дека Русија игра се подеструктивна улога во голем дел од Балканот, како дава дезинформации, поткопувајќи ги демократските институции, изјави Мичел. – …

Вашингтон ја осуди „деструктивната политика“ на Русија на Балканот Read More »