Опасен руски криминалец се крие во Албанија


Опасниот руски криминалец Реваз Исмаилович Кахмазов, познат како Резо Лоткинскиј, се крие во Албанија под името Реваз Мендеки, објави порталот Албеу, повикувајќи се полициски извори. Руските власти против 44-годишниот Кахмазов имаат распишано меѓународна потерница под обвинение за учество во серија вооружени грабежи, трговија со дрога, измама, продажба на наркотици во затвор и членство организирана криминална […]

„Рубикон“ презеде одговорност за нападот со бои врз грчкиот Парламент


Анархистичката група „Рубикон“ презеде одговорност за упадот на група лица во дворот на грчкиот Парламент и фрлените пиротехнички материјал и бои врз ѕидовите на објектот. Групата се огласи кусо по нападот, нагласувајќи дека на тој начин му се изразува поддршка на еден од лидерите на терористичката организација „17 Ноември“, Димитрис Куфодинас, кој е осуден на […]

Со бои нападната зградата на грчкиот Парламент


Непознати лица со црвена и црна боја и пиротехнички материјал ја нападнаа зградата на грчкиот Парламент. Според првичните информации, инцидентот се случил 15-тина минути по 14 часот по локално време, кога групата лица преку скалите над споменикот на Незнајниот јунак успеале да стигнат до дворот на Парламентот и да фрлат бои врз објектот. Не е […]

Верификувана кандидатурата на Темелко за градоначалник на општина Пустец


Албанската централна изборна комисија ја верификува кандидатурата на Едмонд Темелко за градоначалник на општина Пустец, како и кандидатската листа за советници во Советот на општината, предложена од единствената македонска партија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ). Носител на кандидатската листа за Советот на општината е Јордан Ставре од селото Туминец. Советот на општината брои 15 […]

Србија воведува казна доживотен затвор за најтешки кривични дела


Српскиот Парламент денеска усвои измени и дополнувања на Кривичниот законик, со кои се укинува затворска казна од 30 до 40 години и се воведува казна доживотен затвор за најтешки кривични дела. Доживотен затвор е предвиден за тешко убиство, силување, обљуба на малолетно лице, бремена жена и немоќно лице, што е во согласност со предлог од […]

„Вечерње новости“: Србија купува 10 тони злато


Србија ќе ги зголеми своите резерви на злато од постојните 20 тони на 30 тони до крајот на 2019 година, а потоа, во следната година и половина, до дури 50 тони, објави весникот „Вечерње новости“. Весникот нагласува дека таа динамика практично е утврдена по вчерашната средба во Белград на српскиот претседател Александар Вучиќ со делегацијата […]

Рама не се откажува од датумот на избори: На 31 мај почнува изборната кампања


Албанскиот премиер Еди Рама не се повлекува пред барањето на опозицијата за одложување на локалните избори закажани за 30 јуни. Тој денеска најави дека неговата Социјалистичка партија(ПС),која ја предводи коалицијата „Алијанса за европска Албанија“,во која се 24 партии, на 31 мај ја почнува изборната кампања за избор на градоначалници и членови на Советите во 61 […]

Ципрас: Сакав да најдеме решение и со Груевски, но тој одбиваше


Грчкиот премиер Алексис Ципрас во интервју за „Фајненшел тајмс“ вели дека се обидел да иницира договор за спорот за името уште за време на владеењето на поранешниот премиер Никола Груевски, но оти тој одбивал каква било средба. За таквата намера, истакнува Ципрас, ја информирал и германската канцеларка Ангела Меркел. – Груевски беше човек кој никогаш […]

(Видео) Невреме ја погоди Србија, паѓаше град со големина на лешник


Во многу градови во Србија вчера, во попладневните часови, почна да паѓа силен дожд, а потоа и град со големина на лешник. Во Белград, бурите започнаа околу 19.40 часот со силен дожд, ветар и град. Силен дожд и град го погодија и Чачак по 19 часот. Град со големина на лешник паѓаше неколку минути, а […]

Боларис: Комитетот за учебниците е на добар пат


Водиме макотрпна работа со приговори, но во добра клима со добра волја и добри намери, се наоѓаме на добар пат, вели заменик министерот за надворешни работи на Грција, Маркос Боларис, во интервју за радиото „Практорио фм“ на грчката новинска агенција за последниот состанок на Заедничкиот мултидисциплинарен комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања […]

Земјите од поранешна Југославија ја продаваат Амбасадата во Бон за 3,75 милиони евра


Откако Советот на министри на БиХ неодамна ја одобри заедничката продажба на зградата на Амбасадата на поранешна СФР Југославија во некогашниот главен град на Западна Германија, Бон за 3,75 милиони евра, се очекува оваа репрезентативна вила наскоро да биде продадена, а земјите сукцесори меѓу кои и Северна Македонија, да ги поделат парите според процентите кои […]

Ќерката на Грабар-Китаровиќ се запиша на Харвард


Катерина Китаровиќ, ќерката на хрватската претседателка Колинда Грабар -Китаровиќ, од есенва ќе студира на престижниот американски универзитет Харвард, дознава „Јутарњи лист“. Катерина, која учи гимназија во Загреб и е четврта година, примена е на четири најпрестижни универзитети, меѓу кои и Стенфорд и Колумбија, но избрала да студира на Харвард  каде ќе има стипендија повисока од […]

Пониски цени за производите и услугите во Грција поради намалениот ДДВ


Од денеска во Грција стапува во сила новиот Закон за намалување на ДДВ за низа производи и угостителски услуги од 24 на 13 отсто, што носи и пониски цени. Околу 5.000 прехранбени продукти во супермаркетите, како што се тестенини, шеќер, масло за домаќинство, какао, кафе, чај и сокови, од денеска се очекува да бидат со […]

Солун и Атина се поврзуваат со експресен воз


Од денеска Солун и Атина се поврзуваат со експресен воз, кој времето на патување од над пет часа ќе го намали на четири, јави дописничката на МИА од Атина. Патувањето од Солун до Атина ќе трае 3 часа и 57 минути, а од Атина до Солун, 4 часа и 10 минути. И во двата правци, […]

Невреме во Србија, испукани 829 градобијни ракети


Србија синоќа беше зафатена со силно невреме со дожд, град и грмотевици. Регистрирани се повеќе од 15.000 удари од гром и молњи. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за Танјуг потврди дека во целата држава  ноќеска се испукани 829 ракети од осум радарски центри. За три часа употребени се 10 отсто од целокупните ракети на […]

Албанија на италијански бизнисмен треба да му исплати 110 милиони евра отштета


Арбитражниот суд во Вашингтон донесе пресуда по поднесената тужба против албанската Влада од страна италијанскиот бизнисмен Франческо Бекети, поранешен сопственик на телевизијата „Агон Чанел“ и неколку компании затворени под обвинение за перење пари, со која Албанија треба да му плати отштета од 110 милиони евра. Во пресудата стои дека албанскиот премиер Еди Рама е одговорен […]

Воени бродови на НАТО впловија во Драч


Два борбени брода дел од мисијата за брза реакција на НАТО во Средоземјето, впловија во најголемото албанско прстаниште Драч. Нивниот престој на албанското крајбрежје се поврзува со десетгодишнината од членството на земјата во Североатлантската алијанса, како и спроведување воена вежба со албанската морнарица. Бродовите се дел од холандската и канадската морнарица и нивното пристигнување, според […]

Ангела Меркел пристигна во Загреб


Германската канцеларка Ангела Меркел пристигна во Загреб каде на плоштадот Свети Марко ја пречека хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ. Меркел престојува во Загреб за да присуствува на централниот предизборен собир на ХДЗ пред изборите за Европскиот парламент, во загрепската хала Дражен Петровиќ. Меркел и Пленковиќ ќе имаат тет-а-тет разговор по што ќе одржат заедничка прес-конференција. Според […]

Никогаш заборавени: На денешен ден убиени Бошко и Адмира, сараевските Ромео и Јулија


Пред точно 26 години, младиот пар од Сараево, Бошко Бркиќ и Адмира Исмиќ, беа убиени при обидот да го напуштат опколениот град. Овој млад пар во обид да избега од злото и лудилото што ѝ се случувало на нивната земја се убиени на мостот „Врањ“. Млади и заљубени, иако од различна вера и националност, во […]

Во Косово уапсени четири лица поради трговија со органи


Полицијата на Косово соопшти дека уапсила четири лица осомничени за незаконска трансплантација и трговија со органи и соучество во извршување казнено дело, јави ФЕНА. – При контрола на една приватна клиника во регионот на Приштина уапсени се четири лица, две жени и двајца мажи. Акцијата е спроведена во соработка со други институции, се наведува во […]