Загрепчанец убил германски турист зашто му рекол дека не му се допаѓа фризурата


Загрепчанецот Е.С. (32) му зари нож во срцето на младиот Германец Патрик Бешингер од Баварија само затоа што му рекол дека не му се допаѓа неговата фризура.

Убиството се случи во средата во близина на Пула, пред очите на многубројни туристи. Е. С. Како што објавија хрватските медиуми, загрепчанецот ѝ е добро познат на полицијата поради насилство и употреба на дрога.

Сè почнало по кавга во еден од бар на блиската плажа „Хидробаза“, а потоа и загрепчанецот го следел германскиот турист до блиската пекарница, каде што му зарил нож во срцето.

На Германецот веднаш му била укажана лекарска помош, но починал околу два часот по полноќ.

Загрепчанецот избегал од местото на настанот, но бил брзо лоциран од полицијата во блискиот автокамп „Бриони“. Потоа бил однесен во канцеларијата на државниот обвинител во Пула, каде што треба да се испитаат сите околности под кои се случило убиството.