При пад на мал авион кај Зрењанин, загина 47-годишен пилот


Претседателот на Аероклубот во Зрењанин, Владимир Булат (47) загина во авионската несреќа што изутринава се случи во соседна Србија, во близина на градот Зрењанин.

Локалните медиуми пренесоа дека несреќата се случила за време на изведување акробации со спортски авион од типот „злин 526-Ф“. Како што се наведува, авионот одненадеж се втурнал кон земјата и се забил со предниот дел во тлото.

Четириесет и седумгодишниот Владимир Булат од Белград загина во падот на авионот од засега непознати причини, близу аеродромот Ечка.

– Пилотот очигледно изгубил контрола за време на летот над аеродромот и дошло до пад – вели директорот на Центарот за истражување несреќи во сообраќајот, Небојша Петровиќ.

Булат бил искусен пилот на акробатски летови.

Завршил Воздухопловна академија во Белград, каде и живеел, а бил претседател на Аероклубот „Зрењанин“.