Македонец протеран од БиХ: Бил закана за безбедноста


Службата за односи со странци на Босна и Херцеговина во соработка со Разузнавачко-безбедносна агенција лоцирала и протерала македонски државјанин, кој се поврзува со криминални активности и претставувал закана за безбедноста на земјата.

Сараевските медиуми пишуваат дека станува збор за Ј.Ѓ., кој е лоциран во близина на Зеница. Нему му е изречена мерка протерување и забрана за влез во БиХ во траење од четири години.

„Службите, и натаму во соработка со партнерските агенции, одлучно ќе се спротистават на безбедносните предизвици и закани, односно со своето делување ќе дадат полн придонес во безбедноста на БиХ“, стои во соопштението на босанските власти.