Вучиќ: Ќе ги решиме несогласувањата со САД поради руското оружје


  Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа од Женева порача дека граѓаните на Србија не треба да бидат загрижени поради можните санкции од САД, за кои се зборува во јавноста поради купувањето руско оружје. Вучиќ истакна дека ќе ги реши евентуалните несогласувања со американските партнери. – Кога САД носат одлука за санкции, а не ги донесуваат …

Вучиќ: Ќе ги решиме несогласувањата со САД поради руското оружје Read More »

Директорот на косовското разузнавање поднесе оставка, Харадинај го одликува


Косово– Директорот на Агенцијата за разузнавање на Косово (АКИ) Шпенд Маџуни му поднесе денеска оставка на вршителот на должност премиер на Косово, Рамуш Харадинај, од функцијата која ја вршеше од април 2018 година. Веста ја објави Харадинај преку својата страница на Фејсбук, информирајќи дека ја прифатил оставката и воедно го одликувал Маџуни со Орденот Скендербег, за, како што наведе, неговиот …

Директорот на косовското разузнавање поднесе оставка, Харадинај го одликува Read More »

„Новости“: Во Србија во криминал се над 7.000 тинејџери


Србија – Бројот на малолетни лица кои биле во судир со законите во Србија во изминатите пет години се мери со илјадници, а речиси 10.000 од нив, според Заводот за статистика, добиле воспитни мерки или затвор за малолетници, објавија „Новости“. Дури 40 завршиле зад решетки поради тешки кривични дела, од кои 10 минатата година. Според податоците …

„Новости“: Во Србија во криминал се над 7.000 тинејџери Read More »

Покрај предупредувањата од САД, „Панцир С“ пристигнува во Србија


Русија во следните неколку месеци ќе го испорача на Србија ракетниот систем „Панцир С“, согласно потпишаниот договор, изјави денеска директорот на руската Агенција за увоз и извоз на одбранбени производи „Рособоронекспорт“ Александар Михејев. Тој потенцираше дека сè се одвива според планот и нема да има одложувања. – Ракетните системи се составуваат, а српски специјалци се …

Покрај предупредувањата од САД, „Панцир С“ пристигнува во Србија Read More »

Во Парламентот на БиХ стигнал куршум од Белград


  Денесак во зградата на Парламентот на Босна и Херцеговина по пошта стигнало плико во кое имало куршум, дознава Klix.ba. Пликото, според првите информации, стигнало од главниот град на Србија, а куршумот бил спакуван во тупфер. Пратката е примена на пријавница на Заедничката служба на институциите на БиХ. Како адреса на примач наведен е парламентот …

Во Парламентот на БиХ стигнал куршум од Белград Read More »

Турција ја уапси сопругата на Ал Багдади


Претседателот на Турција Реџеп тајип Ердоган соопшти денеска дека припадници на турските безбедносни сили ја уапсиле сопругата на покојниот лидер на терористичката Исламска држава Абу Бакр ал Багдади. – Америка објави дека Ал Багдади се убил во тунел и веднаш почна медиумска кампања, а јас сега првпат кажувам дека ние ја заробивме неговата сопруга и …

Турција ја уапси сопругата на Ал Багдади Read More »

Ирачанка која нелегално влегла во Хрватска, се породила во шума


  Ирачанка во поодмината бременост, за која се сомневаат дека нелегално влегла во Хрватска, во вотрникот попладне се породила во шума. Според хрватските медиуми, припадниците на полицијата вчера во попладневните часови затекнале двајца странски државјани на глинското подрачје, за кои се посомневале дека нелегално влегле во хрватска. Полицијата соопшти дека жената била во поодмината бременост …

Ирачанка која нелегално влегла во Хрватска, се породила во шума Read More »

Власта и опозицијата во Србија со обвинувања за синоќешните настани


Членови и функционери на Српската напредна странка (СНС) најостро го осудија синоќешното однесување на еден од лидерите на Сојузот за Србија (СзС) и преседател на Двери, Бошко Обрадовиќ, пред РТС, додека српскиот претседател Александар Вучиќ гостуваше на државниот јавен сервис. Oд СНС изјавија дека Обрадовиќ повикувал на линч на српскиот претседател, а неговото однесување било …

Власта и опозицијата во Србија со обвинувања за синоќешните настани Read More »

Косово: Доколку нема поплаки, ЦИК утре ќе ги соопшти конечните изборни резултати


Централната изборна комисија на Косово (ЦИК), по пребројувањето на сите гласови од вонредните парламентарни избори одржани на 6 октомври, објави дека доколку нема поплаки до надлежните институции, конечните резултати ќе ги објави во текот на утрешниот ден. Портпаролот на ЦИК Ваљмир Елези за порталот „Газета експрес“ изјави дека, откако синоќа околу полноќ заврши броењето и …

Косово: Доколку нема поплаки, ЦИК утре ќе ги соопшти конечните изборни резултати Read More »

Хаос во Црна Гора: Се излеаја реки, поплавени се куќи


Новите врнежи во Црна Гора донесоа нови проблеми ширум земјата – реките се излеаја, поплавени се куќи и кафулиња, сообраќајот е отежнат, а спасувачите се на терен. Поради лошите метеоролошки ситуации во Никшиќ повторно е затворен сообраќајот преку Мокра нива, а најкритично е во Горно поле, пренесе ЦдМ. Од Службата за заштита и спасување соопштено …

Хаос во Црна Гора: Се излеаја реки, поплавени се куќи Read More »

Самоопределување и Демократскиот сојуз на Косово заедно ќе имаат 61 пратеник


Централната изборна комисија на Косово (ЦИК) се очекува денеска, еден месец по гласањето на вонредните парламентарни избори, да ги објави конечните резултати, според кои се очекува досега опозициските Движење Самоопределување (ВВ) и Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) заедно да имаат мнозинство од 61 пратеник во 120-членото Собрание на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. …

Самоопределување и Демократскиот сојуз на Косово заедно ќе имаат 61 пратеник Read More »

Михалољакос: Невин сум


Лидерот на Златна зора, Никос Михалољакос, на почетокот од неговиот исказ на денешното рочиште од судскиот процес против партијата, изјави дека е невин и оти станува збор за политички монтиран случај, јави дописничката на МИА од Атина. Во преполната сала за свечености во атинскиот суд, каде што е присутна и мајката на убиениот музичар Павлос …

Михалољакос: Невин сум Read More »

Хрватска ги укинува квотите, ширум отворени вратите за странските работници


  Годишните квоти за увоз на странски работниви кои до сега ги одредуваше Владата на Хрватска заминуваат во историјата. Работодавците од Хррватска во иднина ќе вработуваат странски работници врз темел на пазарот на труд кој го спроведува Хрватските завод за вработување. Како што пишува „Вечерњи лист“, ова произлегува од Законот за странци, кој е во …

Хрватска ги укинува квотите, ширум отворени вратите за странските работници Read More »

Палмер во Белград на средби и со српската опозиција


Американскиот заменик помошник државен секретар и специјален претставник на Стејт департментот за Западен Балкан, Метју Палмер, како што соопшти американската Амбасада во Белград, денес имаше разговори со „лидерите на широк спектар политички партии во Србија“, потенцирајќи ја важноста за учество во демократски дебати. Како што јави дописникот на МИА, претседателот на Партијата за слобода и …

Палмер во Белград на средби и со српската опозиција Read More »

Бегалскиот и мигранстскиот проблем за Грција е прашање од национално значење


Бегалското/ мигрантското прашање е од национално значењ,е, а владата со план, одлучност и сериозност ќе се справи со проблемот, со солидарност во внатрешноста и одлучност во чувањето на границите, рече заменикот министер под премиерот и портпарол на грчката влада, Стелиос Пецас за време на денешниот редовен брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина. …

Бегалскиот и мигранстскиот проблем за Грција е прашање од национално значење Read More »

Вучиќ:Во Охрид ќе се дефинирааат приоритетите на соработката за „мал Шенген“


Српскиот претседател Александар Вучиќ на денешната средба со шефот на делегацијата на ЕУ во Белград, амбасадорот Сем Фабрици, имаше разговори за европските интеграции на Србија и за дијалогот со Приштина. Како што јави дописникот на МИА од Белград, на состанокот Вучиќ истакнал дека Србија е посветена на регионалната соработка, додавајќи дека во таа насока, состанокот …

Вучиќ:Во Охрид ќе се дефинирааат приоритетите на соработката за „мал Шенген“ Read More »

Аеродромот во Истанбул прогласен за „Аеродром на годината”


Читателите на британското списание „International Airport Review“ го прогласија аеродромот во Истанбул за „Аеродром на годината”, соопшти воздухопловниот оператор IGA, цитиран од агенцијата Анадолија. Аеродромот во Истанбул освои мнозинство гласови од читателите, победувајќи неколку познати меѓународни аеродорми, како Хитроу (Велика Британија), Сиднеј (Австралија) и Чанги (Сингапур), се наведува во соопштението на IGA. Аеродромот во Истанбул …

Аеродромот во Истанбул прогласен за „Аеродром на годината” Read More »

По 2.500 евра платиле мигрантите кои беа пронајдени во камион во Грција


По 2.500 евра им платиле на кримучарите секој од мигрантите кои вчера беа пронајдени во камион на автопат во близина на градот Ксанти, во североисточниот дел на Грција, објави грчкиот весник „Катимерини”, повикувајќи се на нивните искази дадени пред полицијата. Мигрантите, вкупно 41, кажале дека тргнале од Турција, а крајната дестинација им бил Солун. Според …

По 2.500 евра платиле мигрантите кои беа пронајдени во камион во Грција Read More »

Мирен протест во Сараево поради лауреатот на Нобеловата награда за литература


БиХ – Претставници на „Здружението на жртви и сведоци на геноцидот во БиХ“ организираа денеска мирен собир пред зградата на Амбасадата на Шведска во Сараево, поради одлуката Нобеловата награда за литература да се додели на австрискиот книжевник Петер Хандке. Демонстрантите оценија дека со врачувањето на наградата на Хандке е исто како таа да била доделена на …

Мирен протест во Сараево поради лауреатот на Нобеловата награда за литература Read More »

Мицотакис: Кризата за Грција беше трагедија, но на крајот доаѓа катарза


За Грција кризата беше трагедија, но како и во секоја трагедија, на крајот доаѓа катарзата. Од мрачните години излегуваме посилни, помудри и попрагматични, изјави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на неговото обраќање на Вториот меѓународен трговски саем ЕКСПО во Шангај и додаде дека по 10 многу тешки години грчката економија динамично закрепнува, јави дописничката …

Мицотакис: Кризата за Грција беше трагедија, но на крајот доаѓа катарза Read More »