Дачиќ: Србија нема да дозволи БиХ да го признае Косово


Претседателот на српскиот Парламент, Ивица Дачиќ изјави дека Србија нема да дозволи БиХ да ја признае независноста на Косово. – Нема да дозволиме никому да ја оспорува Република Српска, да бара нејзино укинување или да бара БиХ да ја признае независноста на Косово. Досега не сме толерирале и нема да го направиме ниту во иднина, […]

Грција во 2020 година: Десет месеци против Ковид-19, тензии со Турција, мигрантска криза…


Пандемијата, тензиите во односите со Турција, мигрантското прашање, прва жена претседател на државата, туризмот во „новата нормалност“, осудените членови на Златна зора за формирање криминална организација, беа главните теми што ја одбележаа 2020 година во Грција. Грција преку два карантина стигна до вакцината и веќе десет месеци е во „војна со невидливиот непријател“, паралелно во […]

Рама: Најлошото со пандемијата е зад нас


Албанскиот премиер Еди Рама е убеден дека најлошото со пандемијата на коронавирусот веќе поминало. Објавувајќи видео од неколку инвестиции во болници кои ги посетил заедно со министерката за здравство, Огерта Манастирлиу, Рама е голем оптимист за оваа година. – Верувајте ми, го оставивме најлошото зад нас, го имаме најдоброто пред нас. Албанија се насмевнува, истакна […]

Неверојатна моќ на природата: Видео покажува колку земјотреси ја погодиле областа околу Петриња


Областа околу Петриња во Хрватска изминатите денови беше погодена од стотици земјотреси. Покрај двата најсилни, оној на 28 декември 2020 година во 6 часот и 28 минути со магнитуда М = 5,0 со епицентар кај Петриња и разорниот земјотрес на 29 декември 2020 година во 12 часот и 19 минути со јачина М = 6,2 […]

Шефот на делегацијата на ЕУ: Состојбата во мигрантскиот камп во БиХ е неприфатлива


  Шефот на Делегацијата на ЕУ и специјален претставник на ЕУ и БиХ амбасадор Јохан Сатлер вели дека ситуацијата во мигрантскиот камп „Липа“ кај БИхаќ е потполно неприфатлива. Предупреди дека сериозно се загрозени животите и основните човекови права на неколку стотини луѓе. „Босна и Херцеговина е потпсничка на меѓународниот инструмент за човекови права и мора […]

Борисов му ветил на Вучиќ целосен автопат од Софија до Белград до идната нова година


Бугарскиот премиер  Бојко Борисов му ветил на српскиот претседател Александар Вучиќ дека до крајот на оваа година автопатот меѓу Софија и Белград ќе биде целосно изграден. Двајцата лидери се слушнале телефонски за да си ја честитаат новата година и разговарале за инфраструктурното и енергетското поврзување. Тие заклучиле дека добрососедските односи се одлични и пријателски во […]

Нов земјотрес во Петриња од 3,5 степени по Рихтер


  Прилично силен земјотрес со епицентар на шест километри од Петриња забележан е вечерва со магнитуда од 3,5 според Ритер. Сеизмографите од хрватската Сеизмолошка служба го забележаа земјотресот во 19 часот. ИНтензитот во спицентарот би V степени според ЕМС скалата. Ова епицентрално подрачје во послендите неколку дена го погодија 374 земјотреси, а дури 109 во […]

Со новиот сој Британија бележи дневни рекорди


  Велика Британија денеска забележа најголем број новозаразени во еден ден од корона вирус, дури 57.000, а многумина тоа го припишуваат на заразата со новиот сој, кој посебно ровари низ Лондон. Во истиот период регистрирани се 445 смртни случаи. До денеска во Велика Британија починаа повеќе од 82.600 лица, кои беа заразени со корона вирусот. […]

Абазовиќ: Ако Ѓукановиќ го прекрши Уставот, ќе биде сменет


Потпретседателот на црногорската Влада Дритан Абазовиќ го предупреди денеска шефот на државата Мило Ѓукановиќ дека, доколку го прекрши Уставот, ќе биде сменет. Абазовиќ, по повод враќањето на пакетот закони на повторно изјаснување во Парламентот, меѓу кои е и изменетиот Закон за слобода на вероисповед, истакна дека Ѓукановиќ „си дал себеси жолт картон“. – Со враќањето […]

Мигранти почнаа штрајк со глад во близина на босанско-хрватската граница


Стотици илегални мигранти, блокирани на отворено во близина на босанскиот град Бихаќ, започнаа денеска штрајк со глад и одбија да се сместат во шатори, објавија локалните босански медиуми. Припадници на босанската војска вчера поставија десет големи шатори, како времено засолниште за околу 900 илегални мигранти. Сепак, мигрантите организираа протест барајќи подобро сместување. Тие одбија да […]

Грција пак се врати кон целосниот карантин


Целосното заклучување ќе почне од недела, а траеба да трае една седмица, со главна цел учениците да се вратат во училиштата на 11 јануари   Грчката влада најави еднонеделно строго заклучување, почнувајќи од недела, во обид да се намали притисокот врз здравствениот систем. Одлуката е донесена од „причини на претпазливост“ за училиштата да можат повторно […]

Штетата по земјотресот во Хрватска е поголема од 400 милиони евра


Хрватска– Според последните податоци, причинетата штета по земјотресот во Хрватска изнесува над 400 милиони евра, а оштетени се речиси девет илјади објекти. Продолжуваат санациите и им се помага на загрозените. Пожарникарите дневно вршат санации на околу 200 куќи. Голем број граѓани денови и ноќи и понатаму минуваат на отворено на ниските температури. Црвениот крст соопшти […]

Во Србија помалку од 2.000 новозаразени


  СПоред последните информации во последните 24 часа во Србија забележани се 1.907 нови случаи со корона вирус, а починаа 38 пациенти. Тестирани се 7.276. Вкупниот број регистрирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата изнесува 341.904. Тестирани се 2.312.861, додека вкупниот број на починати е 3.288. Државниот секретар на Министерството за здравство Мирсад Џерлек […]

Во Хрватска 255 новозаразени, но починаа 55 пациенти од Ковид-19


  Во последните 24 часа забележани се вкупно 255 нови случаи на зараза со корона вирусот, а со нив во Хрватска активни се 6.946 случаи. Меѓу нив 2.437 пациенти се на болничко лекување, од кои 219 на респиратор. Починаа 55 пациенти или вкупни 4.016. Од првиот случај досега во Хрватска од корона вирус заболеа 212.262 […]

Од денеска петардите се забранети во Хрватска со закон


Хрватска – Од денеска петардите се забранети во Хрватска, откако стапи на сила законската забрана. Здружението „Пријатели на животни“ ги повика граѓаните да ги предадат преостанатите количини петарди на полицијата или да ги вратат во продавниците каде што ги купиле, објави Индекс. Здружението наведува дека слабиот одговор на апелите да не се фрлаат петарди, особено […]

Повторно сѐ се затвора во Грција, за да се отворат училиштата на 11 јануари


Од утре, недела 3 јануари во 6 часот наутро, до 6 часот наутро во понеделник на 11 декември, повторно остануваме дома, бидејќи се одложува работата на сите активности и услуги што постепено беа дозволени пред Божиќ, соопшти претпладнево портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас и истакна дека целата на превентивните мерки е подобрување на епидемиолошката […]

Градоначалникот на Петриња ќе ги враќа парите на државата, се делат политички


Градоначалникот на Петриња, хрватскиот град неодамна разурнат од земјотрес, Даринко Думбовиќ смета дека при распределба на парите за помош не се гледало нивото на штета од земјотресот бројот луѓе кои треба да се згрижат, туку политичката припадност. „Преспав и прекршив. Нема да ги земам 30-те милиони куни кои жупанот Иво Жиниќ, од вкупно 100 милиони […]

Тестирање за Ковид-19 во Словенија за сите патници на пет гранични премини и на аеродромот во Љубљана


Словенија од денеска активираше станици за брзо тестирање на коронавирус на пет гранични премини со Хрватска, како и на аеродромот во Љубљана. Воведено е правило за обврзно тестирање на сите патници кои пристигнуваат од земји од т.н. црвена листа кои немаат негативен резултат на PCR тест не постар од 48 часа. Сите оние кои одбиваат […]

Во Хрватска денеска е Ден на жалост за жртвите од земјотресот


 Од полноќ, во Хрватска е Ден на жалост во спомен на жртвите од земјотресот што неодамна ја погоди таа држава. На седницата во средата, хрватската Влада го прогласи 2 јануари за Ден на жалост во Хрватска и отвори сметка за помош на жртвите. Досега се собрани околу 4.7 милиони евра, потврдија до Црвениот крст. Во […]

Момче ја избегна трагедијата во Посушје, заминало порано за да оди на работа


Во викендичката во босанско Посушје, имало уште едно момче, кое по игра на случајот ја избегна трагедијата што ги снајде неговите другари. Како што дознава „Слободна Далмација“ од локалното население момчето на иста возраст како и другите, ја напуштило новогодишната прослава неколку часа по полноќ, бидејќи рано наутро морало да оди на работа во скијачкиот […]