Повеќе од 1.900 новозаболени во Србија, починаа 13 пациенти


 

Според последните податоци, во Србија регистрирани се 1.960 новозаразени од Ковид-19, а починаа 13 заболени.

Во последните 24 часа тестирани се 10.458 примероци, а вкупно 2.703.723 ‬од почетокот на пандемијата.

На болничко лекување се 3.818 лица, а на респиратори се 128 пациенти

Досега во Србија од последиците од корона вирус починаа 4.139‬ лица, а стапката на смртност изнесува 1,01 отсто.