Во експлозија во Урошевац повредени најмалку 30 лица


Најмалку 31 лице е повредено во експлозија во кафуле во Урошевац (Феризај), потврди локалниот обвинител Шукри Јашари. Причината за експлозијата е непозната. Меѓу повредените има и две деца. Четири лица се во тешка здравствена состојба. Приштинските медиуми наведуваат дека експлозија на бомба во еден бар во Урошевац повреди 31 лице, од кои две потешко. Според […]

Ѓукановиќ: Објавата на Абазовиќ дека сум даночен должник е најобична лага и измама


 Претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ денеска ги негираше обвинувањата од страна на вицепремиерот Дритан Абазовиќ дека и должи на државата 12,4 милиони евра данок и порача дека тоа е „најобична лага и измама“, и „срам за Владата и за Црна Гора“. „Објавата на Дритан Абазовиќ дека сум даночен должник е најобична лага и измама. Како […]

Новите членови на грчката Влада положија свечена заклетва


Поделени во три групи, со претходно направен рапид тест за Ковид-19 и под зголемени мерки за заштита од коронавирусот, новите членови на грчката Влада денеска во претседателската палата положија свечена заклетва, јави дописничката на МИА од Атина. Свечената заклетва на 20 министри, заменици и алтернативни министри, од кои некои се нови, а други со нова […]

Во Хрватска нови 1.071 заразени, а починаа 53


Во последните 24 часа во Хрватска забележани се 1.071 новозаразени, а бројот активни случаи е 5.908. Меѓу нив 2.390 се на болница, а 200 на респиратор. Починаа уште 53 пациенти од последиците од корона вирусот. До денеска забележани се 214.390 заразени со корона вирусот, а починаа 4.179. Оздравеа 204.303 лица. До денеска вкупно се тестирани […]

„Малчанскиот берберин“ осуден на доживотна казна затвор


Нинослав Јовановиќ, попознат како Малчански берберин, осуден е денес во Високиот суд во Ниш на првостепена казна доживотен затвор заради злоставување на малолетно девојче од Брзи Брод, јави допсиникот на МИА од Белград. Постапката беше затворена за јавноста поради заштита на интересите на малолетничката. Јовановиќ го доби прекарот Малчански берберин според неговата потреба да им […]

Абазовиќ: Ѓукановиќ има даночен долг од 12,4 милиони евра


Потпретсeдателот на Владата на Црна Гора, Дритан Абазовиќ тврди дека претседателот Мило Ѓукановиќ на државата му должи 12,4 милиони евра на име данок. – Додека зборува за наводно почитување на Уставот и законите, Мило Ѓукановиќ должи 12,4 милиони евра данок на државата напиша Абазовиќ на Твитер. Тој додаде дека „сега е јасно што се крие […]

Вучиќ прислушкуван година и половина, јавуваат српските медиуми


Дел од полицијата го прислушкувале претседателот на Србија, Александар Вучиќ, околу година и половина, а покрај шефот на државата, како што дознава српскиот Курир, имало и цел список на лица кои биле ставени на незаконски мерки за прислушкување. Прислушкувани се и разговорите на дел од семејството на претседателот на Србија – неговиот брат Андреј Вучиќ […]

Новости: Вучиќ за Бадник и Божик на Хиландар


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, Бадник и Божиќ ќе ги помине во Хиландар, пренесуваат „Новости“ и наведуваат дека ова ќе биде прва официјална посета на еден претседател на Србија на овој српскиот манастир на Света Гора во последните две децении. Според информациите на „Новости“, Вучиќ ќе присуствува на Бадниковата вечера и на свечената богослужба во […]

Вселенски Патријарх Вартоломеј: Немам право да направам ниту чекор назад


Пандемијата, младите, внатрешната состојба на Православните цркви, украинскиот „трн“, врските со Московската патријаршија и триесетгодишнината од денот на неговото искачување на престолот на Архиепископот на Константинопол, Нов Рим и Вселенски Патријарх, која се навршува во 2021. Ова се главните теми на специјалното интервју од историски размери, кое за неделното издание на „То Вима“ го даде […]

Земјотресот во Хрватска откри голема афера, отворена истрага за обновата на куќите по војната


Разорниот земјотрес кој ја погоди Петриња и Глина покажа една од најголемите афери во Хрватска – сомнителна државна обнова на куќите по војната. Сега Бирото за сузбување корупција и организиран криминал (УСКОК) покрена истрага. Во земјотресот се срушија многу стари објекти, но и оние куќи кои државата ги обнови по војната, односно по 1995 година. […]

Во Србија се вакцинира на 110 пункта и на повеќе од 30 локации


Вакцинацијата против Ковид-19 денеска почнува во Србија и ќе се одвива на повеќе од 30 локации, и околу 110 пунктови за вакцинација, јави Радио Телевизија Србија. Во Србија вчера пристигнаа 19.500 вакцини на Фајзер и БиоНтек против новиот коронавирус, што е втор контингент откако на 22 декември минатата година беа набавени 4.875 дози од вакцината. […]

Ковид-19 му нанесе силен удар на туризмот во Грција


Пандемијата, тензиите во односите со Турција, мигрантското прашање, прва жена претседател на државата, туризмот во „новата нормалност“, осудените членови на Златна зора за формирање криминална организација, беа главните теми што ја одбележаа 2020 година во Грција. Грција преку два карантини стигна до вакцината и веќе десет месеци е во „војна со невидливиот непријател“,  паралелно во […]

Анализа: Во Сараево 19,1 отсто имале коронавирус


БиХ –  Сероепидемиолошкото тестирање спроведено од Институтот за јавно здравје на ФБиХ и Институтот за трансфузиона медицина на ФБиХ откри дека 19,1 процент од возрасните во Сараевскиот кантон биле заразени со коронавирусот. Врз основа на резултатите од тестот на 1.015 лица на возраст од 18 до 65 години, кои дарувале крв во периодот од 2 ноември […]

Синот на Фрањо Туѓман на респиратор


  МИрослав Туѓман, пратеник на ХДЗ во хрватскиот Сабор и син на првиот хрнатски претседател Фрањо Туѓман, примен е во болница во Клиниката за заразни болести во Загреб поради компликации со корона вирусот. Од неселата се наоѓа на респиратор, пренесе „Вечерњи лист“, а со денови се борел со Ковид-19. Имал добри и лоши денови, но […]

Ѓукановиќ одби да потпише указ за отповикување амбасадори


 Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ одби да го потпише указот за отповикување седум амбасадори и побара објаснување за тврдењата „дека тие работеле против интересите на државата“. „Таквата проценка заслужува објаснување. Најпрво заради луѓето за кои станува збор. Не помалку важно, заради земјите каде што ја извршуваат должноста амбасадор. А не е неважно, и заради претседателот на […]

Во Словенија пристигнаа вакцините за медицинските лица


Словенечкото Министерство за здравство денеска соопшти дека во земјата пристигна контингент од 16.575 вакцини против коронавирусот за вакцинирање на здравствени работници. За една недела се очекува нова испорака на вакцини со која се планира вакцинација на постарите граѓани и хронично болните пациенти. Агенцијата СТА наведува дека секретарот на Владата на Словенија, Марија Магајне, изјавил дека […]

Грчката црква контра одлуката на Владата, најави отворање на црквите за празниците


Светиот Синод на Грчката православна црква, денеска одржа вонреден состанок за владините мерки за Водици и соопшти дека „не се согласуваат со мерките и инсистираат на она што беше првично договорено, а паралелно наредуваат Светите храмови да останат отворени за учество на верниците на литургија и осветувањето на водите во црквите“, јави дописничката на МИА […]

Хрватската влада прогласи катастрофа на подрачјата погодени од земјотресот


Хрватската влада денеска прогласи состојба на катастрофа во две жупании кои се најтешко погодени во земјотресот. „Ние прогласуваме катастрофа денеска. Добивме информации од терен и низ системот за цивилна заштита за размерите на штетите и последиците на нормалното функционирање во животот. Уверени сме дека новата структура ќе помогне и на претставниците на подрачната и локалната […]

Се намалува бројот на заразени во Србија, денеска 2.715, а починаа 39 пациенти


  Во Србија во последните 24 часа забележани се нови 2.715 нови случаи со корона вирус, а починаа 39 лица. Во Србија од првиот регистриран случај на 6 март, досега забележани се 346.585 заразени. Од последиците од Ковид-19 починаа 3.364, а во последното деноноќие 39. Епидемиологот Предраг Кон утрово рече дека вакцината треба да се […]

Србија денес ќе добие уште 19.500 вакцини


Во Србија денеска се очекува да пристигнат уште 19.500 дози вакцини од „Фајзер/Бионтек“, изјави државниот секретар на Министерството за здравство Мирсад Ѓерлек по средба на членовите на Националниот тим за координација за имунизација со министерот за здравство Златибор Лончар. – До крајот на неделава планираме да вакцинираме околу 11.000 лица, со тоа што половина од […]