Во Србија 1.928 новозаразени, починаа 16 пациенти
Во соседна Србија во последните 24 часа со корона вирус се заразиле уште 1.928 лица, а починаа 16 пациенти.
Во болниците ширум Србија се наоѓаат 3.832 пациенти заболени од Ковид-19, од кои 129 на респиратори.
Тестирани се 11.699 лица.
Вкупно, од почетокот на пандемијата се регистрирани 417.871 заболени со корона вирус.
Тестиран се 2.753.786, а починаа 4.199.
Бројот на вакцинирани во Србија стигна до 710.138, додека 126.149 ги примија двете дози.