Во Србија болниците повторно полни – стигнуваат се потешки случаи
Расте бројот на хоспитализирани пациенти заболени од Ковид-19 вели директорот на Клиниката за инфективни и тропски болести д-р Горан Стевановиќ, по состанокот со министерот за здравство.
„Многу сме загрижени за ситуацијата. Имавме тренд на опаѓање, паѓаше бројот на луѓе на болничко лекување, а благодарение на тоа, еден дел од здравствениот систем особено вон Белград, полека се враќаше кон нормално функционирање, надвор од ковид системот“, рече тој.
Сега тој процес е сопрен, а болниците ќе останат во ковид системот затоа што бројот на пациенти кои бараат сместување расте.
Според докторот загрижува што пациентите се со потешка слика, бараат повеќе и подолго лечење а исходот е неизвесен.
Според сознанијата, дел од новите пациенти имаат конекција со слободни активности, аскијање, спортски манифестации и заминување на планина.
Стевановиќ вели дека на сите ни е смачено затоа што ковид кризата трае една година, но не е време за опуштање.