Италијанска туристичка агенција нуди вакцина-туризам за Србија


Туристичка агенција од Болоња нуди пакет аранжман за сите Италијанци кои сакаат да се вакцинираат против Ковид-19 во Србија, пишува весникот „Кориере дела Сера“. Сопственикот на агенцијата Умберто Салвадори сам го тестирал системот, ја одбрал вакцината и откако бил вакциниран во Белград, неговата агенција понуди пакет од четири дена. Единствениот услов за патување е лицето […]

Бугарскиот претседател најави за в понеделник консултации со политички партиии за состав на влада


Четириесет и петтото Национално собрание се свикува во тежок момент, тоа е израз на месечните протести и заедничката волја за промени. Тоа го нагласи претседателот на Бугарија, Румен Радев во обраќањето пред народот и Националното собрание од собраниската говорница, на првата седница на новоизбраниот 45-ти парламент. Парламентот е фрагментиран, рече Радев, додавајќи дека многу аналитичари […]

Борисов поднесе оставка на Кабинетот пред новоизбраните пратеници


Бугарија– Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов поднесе оставка пред новоизбраното 45-то Национално собрание на раководениот од него Совет на министри. Такво соопштение објавија медиумите во Софија од прес-центарот на Советот на министри неколку минути по официјалниот почеток на седница на новиот парламентарен состав. Писмото на премиерот Борисов, со кое тој поднесе оставка на кабинетот, денеска беше […]

Приведен член на Земунски клан и избега на бугарската полиција додека чекаше екстрадиција во САД


Бугарија – Србинот Жарко Момчиловиќ, кој се смета дека е член на земунски клан, им избегал на бугарските полициски власти додека бил во домашен притвор во Бугарија, јавија софиски медиуми. Тој беше приведен во Бугарија во јануари на барање на САД – осомничен е дека бил учесник во меѓународна трговија со дрога. Момчиловиќ беше ослободен од притвор […]

Државниот долг на Црна Гора изнесува 4,33 милијарди евра


Црна Гора – Вкупниот државен долг на Црна Гора, без депозит, изнесувал во декември минатата година 4,33 милијарди евра или 103,28 отсто од бруто домашниот производ (БДП), покажуваат податоците на Министерството за финансии и социјална заштита. Вкупниот државен долг со депозити изнесувал 3,46 милијарди евра или 82,48 проценти од БДП, пишува весникот Дан. – Надворешниот долг […]

Дендиас на средби со Ердоган и Чавушоглу во Анкара


Грција– Министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас денеска во Анкара ќе биде примен од претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган, а ќе се сретне и со шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу, јави дописничката на МИА од Атина. Средбата Чавушоглу – Дендиас беше најавена уште минатиот месец и закажана за 14 април, меѓутоа […]

Турски суд нареди ослободување на новинарот Ахмет Алтан


САД– Висок турски суд денеска нареди ослободување на познатиот новинар и писател Ахмет Алтан, чие затворање во врска со неуспешниот обид за државен удар во 2016 година редовно го критикуваат организациите за човекови права. Турскиот касационен суд ја поништи пресудата за Алтан за повеќе од 10 години затвор „поради помагање на терористичка организација“, изречена во 2019 година и нареди негово ослободување, […]

Белградски Торлак почна со производство на руската вакцина Спутник В


 Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ) на својата веб-страница објави дека Институтот Торлак почнал со производство на руската вакцина Спутник В во Србија, јави дописникот на МИА од Белград. Според рускиот фонд, Србија со ова стана првата земја во јужна Европа што произведува Спутник В. -Производството на Спутник В во Србија ги исполнува најдобрите стандарди во производството […]

СЗО: Епидемиолошката ситуација на Западен Балкан е многу сериозна


 Претставничката на Европската канцеларија на СЗО Кетрин Смолвуд денеска предупреди на ситуацијата со корона вирусот во Западен Балкан и ја оцени како крајно сериозна. – На Западен Балкан, имаме ситуација каде болниците треба да извршат пренамена, што значи дека другите видови медицински услуги се нарушени и одложени, а тоа повторно значи дека системот ќе биде […]

Логар: Не постои нон-пејпер од Јанша


Шефот на словенечката дипломатија, Анже Логар денеска ги негираше тврдењата за наводен нон-пејпер, кој, според некои медиуми во Словенија и БиХ, премиерот Јанез Јанша го доставил до Европската комисија.  Тој вели дека се работи за манипулација и обид за компромитирање на владата и претседателот. Кажа дека единствениот документ за кој можат да се однесуваат тие шпекулации е оној […]

Турција го казни Гугл со 36,6 милиони долари, бил прекршен законот за државна конкуренција


Турските власти денеска го казнија Гугл со 296 милиони турски лири (36,6 милиони долари) за кршење на законот за државна конкуренција. Турската Агенција за конкуренција соопшти дека Гугл го прекршил законот со усложнување на резултатите од пребарувањето на пазарот на услуги за содржини, ставајќи текстуални реклами на врвот од своите резултати од пребарувањето, со што […]

Поради руските ограничувања во авио-сообраќајот Турција може да загуби околу половина милион туристи


Турција може да загуби околу половина милион туристи поради руските ограничувања во авио-сообраќајот, што треба да останат во сила до почетокот на јуни, изјави денеска турскиот министер за туризам, Мехмед Нури Ерсој. Русија најави дека од 15 април до 1 јуни ќе го ограничи воздушниот сообраќај со Турција поради рекордниот број нови инфекции во оваа […]

Бугарското обвинителство соопшти дека откриле група за купување гласови за изборите финансирана од земја надвор од ЕУ


Канцеларијата на бугарскиот јавен обвинител соопшти дека е откриена група од земја надвор од Европската унија која финансирала група за купување гласови за време на парламентарните избори во Бугарија на 4 април. Уапсен е кандидат за пратеник на сега вонпарламентарна бугарска партија, водач на ромско маало од Пловдив и општински советник. Како што јави дописникот […]

Во Хрватска 3.099 новозаразени, починаа 41 пациент


  Во последните 24 часа во Хрватска забележани се 3.099 нови случаи на зараза со вирусот корона, а активни се 13.880. Од нив 1.955 се на болничко лекување, а 185 на респиратор. Починаа уште 41 пациент, а вкупно досега 6.399. Од почетокот на епидемијата во Хрватска од Ковид-19 заболеа 297.973 лица, а оздравеа 277.694 лица. […]

ГЕРБ ќе го предложи Даниел Митов за премиер


ГЕРБ ќе го предложи Даниел Митов за нов премиер, потврдиле партиски извори за софиски „24 часа“. Претходно премиерот Бојко Борисов изјави дека тој нема да биде повторно кандидат за премиер и оти ќе предложат човек со јасна проевропска и про-НАТО-вска ориентација. Токму Митов, кој во Министерството за надворешни работи влезе како човек на Реформаторскиот блок, […]

Словенечката опозиција бара во парламентот да се испрашаат Јанша и Пахор за новодниот нон-пејпер


Словенечките опозициски Социјалдемократи (СД) побараа седница на парламентарниот комитет за надворешна политика на која ќе бидат испрашани премиерот Јанез Јанша и претседателот Борут Пахор во врска со извештаите на медиумите во врска со наводен нон-пејпер за потенцијално прекројување на границите на Западен Балкан. Пратеникот на СД, Матјаж Немец, објасни дека тие бараат итна седница поради […]

Домбровски за БНР: Бугарија може да го воведе еврото во 2024 година


 Бугарија се уште работи на Планот за обновување пред да го претстави во Брисел. Ова за Бугарското национално радио го изјави потпретседателот на Европската комисија Валдис Домбровскис. Тој посочи дека земјите што ќе го испратат својот план по крајот на април ќе добијат пари најрано наесен. Според него, процесот е веќе во тек. Сепак, бугарските […]

Претседателот на Либија во посета на Атина, Дендиас утре на средба со Чавушоглу во Анкара


Грција– Претседателот на преодниот претседателски совет на Либија Мохамед Јунус ал-Менфи денеска е во посета на Атина и ќе оствари средби со грчката претседателка Катерина Сакеларопулу и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина. Ова е втора средба на ал-Менфи и Мицотакис во период од една седмица, по посета на грчкиот премиер […]

Земјотрес со јачина од 5,2 степени во близина на грчкиот остров Кос


Силен земјотрес со јачина од 5,2 степени вечерва беше регистриран во близина на грчките острови Нисирос и Кос, според податоците од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија, јави дописничката на МИА од Атина. Епицентарот бил во морскиот дел меѓу островите што се во близина на турското крајбрежје. Засега, нема информации за повредени или причинета материјална штета. 

Во Шведска неделната стапка на новозаразени е втора највисока во Европа


  Стапката на новозаразени со корона вирус во Шведска минатата недела, нараснала до втора највисока во Европа, по Сан Марино, покажуваат денешните податоци. Бројот на пациенти на интензивна нега во Шведска го надмина врвот на вториот бран од пандемијата од крајот на минатата година. Скандинавската држава од петокот има 19.105 нови случаи, покажуваат податоците на […]