Бугарски воен авион падна в море при вежба во која учествува и српска војска


 

Бугарски МиГ-29 се урна во Црното Море во текот на вежбата „Шабла 2021“, во која учествуваат и ловси на српското воено воздухопловство, објави РТС, повикувајќи се на официјални извори во Софија.

Сите три српски авиони од истиот тип кои полетале во текот на вежбата безбедно се вратиле во базата „Граф Игњатиево“, соопшти бугарското министерство за одбрана.

Вежбата „Шабла 2021“ по оваа несреќа е прекината, потврди бугарскиот министер за одбрана Георги Панајотов.

Причината не е позната

Бугарскиот ловец, кој од радарот исчезнал 45 минути по полноќ, уште не е пронајден, а во тек е и потрага во која учествува морнарицата, специјални сили и граничната полиција.

Според извештајот на бугарскиот сервис Радио Слободна Европа, бугарскиот премиер Стефан Јанев, рече дека билотот не пријавил ниту еден проблем пред да исчезне од радарот.

Причините за инцидентот не се познати.