Во Грција потврдени првите случаи на варијантата делта плус


Од 384 потврдени случаи на делта сојот во Грција за периодот од 29 септември до 18 октомври, два се однесуваат на варијантата делта плус, што воедно се и првите потврдени случаи на оваа мутација во земјата, јави дописничката на МИА од Атина. Од Националната организација за јавно здравје на Грција во седмичниот извештај за мутациите […]

Сеизмолошка опсерваторија: Три земјотреси забележани во Албанија


Серија земјотреси регистрирани се утрово по осум часот со епицентри кои се наоѓаат на 100 километри југозападно од Скопје во Република Албанија и потекнуваат од епицентралното подрачје Дебар. Како што потврди Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, од оваа серија земјотреси во западните и северозападните делови на земјава почуствувани беа пет со магнитуда до […]

(Видео) Сите нагрнаа да се вакцинираат во Хрватска, бројките загрижувачки


Утрово, пред загрепскиот велесаем има метеж од луѓе, кои чекаат да се вакцинираат со прва, втора или трета доза вакцина против Ковид-19. По застојот во вакцинацијата летоска, кога во ек беше туристичката сезона, па вакцинацијата падна на нула, хрватите деновиве се повеќе искажуваат волја за вакцинација. Тоа е очекувано, со оглед на тоа дека бројките […]

Два земјотреса утрово почувствувани во Македонија


Два земјотреса од 3,3 степени во 8 часот и 5 минути, и 4,5 степени според рихтер во 8 часот и 10 минути беа регистрирани на самата граница со Албанија, на 17 км североисточно од македонската општина Центар Жупа. Земјотресите ги разбудија граѓаните. – Силен потрес, за среќа кратко траеше, пишува граѓанин од Центар Жупа – […]

За САД, Западен Балкан е геостратешки регион


Претседавачот со Поткомитетот за Европа на Комисијата за надворешна политика во Претставничкиот дом на САД, Бил Китинг, денеска го поддржа американскиот ангажман на Западен Балкан, како геостратешки регион од витално значење за мирот и стабилноста во Европа. – Верувам дека нашето позитивно учество во регионот дополнително ќе го поттикне развојот на Западен Балкан, во однос на демократијата, […]

Чавушоглу: САД треба да ги испорачаат борбените авиони Ф-35 на Анкара или да ги вратат парите


Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, порача дека Соединетите Американски Држави (САД) треба или да ги испорачаат борбените авиони Ф-35 кои Турција ги има платено или да ги вратат парите, или наместо тоа да дадат друг производ, јави агенцијата Анадолија. – Доколку САД не сакаат да го решат проблемот со Ф-35 или ако Конгресот […]

Хрватите никако да се попишат – два пати се продолжува рокот


  Пописот на населението, домаќинствата и становите во хрватска продолжен е до 14 ноември, одлучи денеска владата, наводно поради отежнатите околности за спроведување на оваа статистичка операција поради пандемијата од Ковид-19. Пописот требаше да се спроведува до1 7 октомври, потоа Државниот завод за статистика го продолжи до 29 октомври, за денеска владата да одлучи тој […]

Сите болници во Загреб стануваат ковид-центри, состојбата катастрофална


На вчерашниот состанок на групата експерти при Министерството за здравство во Хрватска освен зголемувањето на капацитетите за тестирање договорен е сосема нов режим во болниците. Ова е последица на растот на бројот на заразени со кроона вирус. Вчера беа забележани 4.571 новозаразени, со 1.207 хоспитализирани и 153 пациенти на респиратор. Денеска има 4.154 новозаразени, пренесува […]

Трагедија во Босна: Два автoмобила удрија во дете, возачите избегаа


Босна- Во босанскиот град Бијељина синоќа се случи страотна сообраќајна несреќа каде 14-годишно дете загинало откако прво го удрил еден, а потоа врз него налетал уште еден автомобил, во моментите кога мајката и таткото на детето се обидувале да му помогнат. И двајцата возачи избегале од местото на несреќата, а детето кога го однеле во […]

Во Словенија епидемиолошката слика „најлоша досега“


Поради наглото влошување на епидемиолошката состојба, словенечката Влада одлучи да воведе построги рестриктивни мерки кои ќе стапат во сила од понеделник, а не се исклучени и нови доколку продолжат негативните трендови. Од понеделник сите ученици и студенти кои се „самотестираат“ за да можат да посетуваат настава, тоа во иднина наместо еднаш ќе треба да го прават два […]

Масовно труење во Албанија: Измет од добиток завршил во резервоарот за вода


Повеќе од 500 граѓани побарале медицинска помош во градот Кроја во Албанија, поради бактерии кои завршиле во водата за пиење. Ова го покажаа резултаттие од анализата на водата во овој град. Бактериите, кои предизвикале повраќање и дијареа, во водата стигнале откако измет од добиток бил најден во резервоарот за питка вода, јави албанската телевизија „Топ […]

Во Србија речиси 7.000 новозаболени, починаа 64 пациенти


Во Србија до последниот пресек потврдени се 6.948 новозаболени со Ковид-19, додека од последиците од оваа болест починаа 64 лица. На респиратор се 277 пациенти, а на болничко лекување 6.791. Направени се анализи на 24.490 примероци. Од почетокот на епидемијата во Србија тестирани се 6.230.395‬ примероци, а вирусот е потврден кај 1.118.905 луѓе. Процентот на […]

Хрватска денеска регистрира 4.571 новозаразен, починаа 26 лица


Денеска во Хрватска регистрирани се 4.571 нов случај со корона вирус, а биле тестирани 13.083 примероци. Уделот на новозаразените меѓу тестираните е 34,93 отсто. Бројот на активни случаи изнесува 20.645. Меѓу нив 1.207 пациенти се на болничко лекување, а 153 се на респиратор. Починаа уште 26 пациенти. Вчера имаше 3.360 новозаразени, а починаа 30 пациенти, […]

Албанија не сака да ги пронајде 6.000 жртви на комунизмот


И покрај барањата на семејствата на убиените, и покрај повиците на ЕУ и ОБСЕ, ниедна албанска влада не сакаше да се впушти во потрага по жртвите на комунизмот. Тоа не го ветува ни владата на Еди Рама   Потомците на Назми Уручи ги бараат неговите останки речиси 80 години. Роден во северна Албанија во 1904 […]

Радев го прекршил Уставот зошто именувал министер со двојно државјанство


    Бугарскиот претседател Румен Радев го прекршил Уставот на земјата кога на 10 мај годинава го назначи Кирил Петков за министер за економија во преодната влада. Како што јави дописникот на МИА од Софија, ова денеска го одлучи Уставниот суд на Бугарија. Одлуката е донесена речиси едногласно, бидејќи само еден судија ја прифати одлуката […]

За две недели бројот на новозаразени во Хрватска се зголемил за 100 отсто


Во последните 24 часа се регистрирани 4.571 нови случаи на заразени со вирусот САРС-КоВ-2 во Хрватска, а бројот на активни случаи е 20.645, информира Националниот штаб за цивилна заштита. Повеќе нови инфекции имало само на 10 декември, кога биле пријавени 4.620 случаи. Во моментов 1.207 пациенти се во болница, од кои 153 се на респиратор. […]

Загрижувачка е состојбата во Хрватска со корона вирусот, денеска неофицијално 4.000 новозаразени


Нови податоци во врска со пандемијата се објавуваат во Хрватска, а бројките се драматични. Имено, како што неофицијално објавуваат хрватските медиуми, денеска имаат повеќе од 4.400 нови случаи со корона вирус. По 10 часот се очекува Националниот кризен штаб да излезе со официјалната статистика. Вчера во оваа змеја имаше 3.360 нови случаи, а починаа 30 […]

Нов рекорд на новозаболени во Бугарија за еден ден – близу 7.000


Бугарија забележа уште еден мрачен рекорд од 6.816 заразени за 24 часа од направени 50.356 тестови. Рекордот на пролетниот бран на пандемијата беше соборен во вторникот, но загрижувачки е што зголемувањето за само еден ден е нови 1.000 случаи. Вкупно 87,54% од новозаболените се невакцинирани. Во последните 24 часа починале 124 лица заразени со коронавирус. […]

Во Словенија 38 отсто позитивни од тестираните


Во Словенија во последните 24 часа, со 37,8 отсто позитивни тестови, потврдени се 2.292 заразени со корона вирус, а починаа девет пациети, што ја загрижува владата и епидемиолозите. Се плашиме дека се остварува „црното сценарио“, вели за Словенечката телевизија, Леон Цизељ од научниот институт „Јозеф Штефан“, институција која за владата изработува проекции за развојот на […]

Во Хрватска за еден ден починаа 30 лица од Ковид-19


Во последните 24 часа во хрватска се регистрирани 3.360 новозаразени со корона вирус, а бројот на активни изнесува 17.944, објави националниот кризен штаб. Се работи за голем пораст, од речиси 100 отсто во опднос на вторникот пред седум дена, кога имаше 1.741 новозаразен. Пред 14 дена апк, беа регистрирани 1.007. Меѓу новозаразените 1.170 пациенти се […]