Два земјотреса утрово почувствувани во Македонија


Два земјотреса од 3,3 степени во 8 часот и 5 минути, и 4,5 степени според рихтер во 8 часот и 10 минути беа регистрирани на самата граница со Албанија, на 17 км североисточно од македонската општина Центар Жупа.

Земјотресите ги разбудија граѓаните.

– Силен потрес, за среќа кратко траеше, пишува граѓанин од Центар Жупа – напиша жител од Маврово Росуше; Се почуствува и во Гостивар, пишува друг граѓанин.

– Спиев, и ме разбуди.

Земјотресот се почустувал дури до Тирана, но според сведоштвата на граѓани на страницата на ЕМСЦ, земјотресот се почувствувал и во Бар, Црна Гора, Тетово, Гостивар и Скопје, во Македонија, како и во повеќе албански градови.

Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар, земјотресот со јачина од 3,3 степени, бил со епицентар на 63 км од Елбасан, односно на само 12 кимолетри од Центар Жупа, но на територија на Албанија, на длабочина од само 2 километри.

Другиот, посилниот, бил на 18 км од Центар Жупа, на длабочина од 10 км.